Гледам голема фама се кренало во врска со Евровизија, демек кој ќе ја задржи поентата во себе ќе му паднат милијарда евра од небо. Ни Блажевски, ни водителките, ни Калиопи, а најмалку Боки 13 ќе добијат нешто од препукувањето по медиумите, посебно Боки 13 што очајно треба да врати 50 илјади евра, нема да му паднат на овој или оној начин. Јас разбирам препукување преку медиуми, ама од тоа пари да печалиш, како што е во Холивуд, каде за да некој папарацо направи интересни фотки од некоја ѕвезда најпрво треба 100.000 до 200.000 долари на искешира за да може да му се приближи, па после да направи милионски тираж, од кој ќе заработи 2-3 милиони, па да добие тужба од ѕвездата и на крај да му останат 1 милион, да јас би се препукувал преку медиуми за толкава цифра, дури би бил и поостар и посатиричен, па не само неписмениот народ да ме чита и гледа, и на интелектуалната елита ќе им бидам интересен.
Како што Ѓорѓи Колозов викаше, јас за дробни пари од кафето не станувам.
Така да овие само прозвани експерти за музика со три реда школо и тоа на сила земено ќе ни солат памет, штета што не сме Тексас, Аризона или Монтана идам директно со Винчестерката и нема да можат да ги најдат за да ги погребат.
Инаку од Евровизија го гледав Рамбо, ми е криво што не влезе, а баш сакав и Дубиоза Колектив да одеа минатата година, за Европа само такви песни треба со хумор и сатира, и онака нема да победиме барем ќеифот ќе си го истераме и разно разни економски и политички експерти ќе не анализираат во разни политички магазини. Денешниот победник, никој нема да се сеќава после 2-3 години кој и што било.