Update... оваа година Боривоје иде у пензија
Најголема почит кон професорот Боривое Миладиновиќ.
4 години ми предаваше математика. Ме мрзи да барам постови од 2005та-2006та, првата репутација ја добив за пост во кој опишав како спасував другарчиња од единици кај Боривое.
Се запишав у коце
Ај со лесно
Јас пред да се запишам во КОЦЕ еден другар од ОРЦЕ (тогаш електро и гимназија) ми зборуваше за дрим-тип од најстрогите професори во Скопје. 1998 електро насоките се префрлија од ОРЦЕ во КОЦЕ, па така дури доживеав Емилија Џундева да ми биде класна
Инаку за бараби, тепачки и слично златните времиња беа додека во КОЦЕ учеше Аце Василевски Нинџа. Уште во средно беше младо рекетариште. Му беше и телохранител на Џаро. Сега е сопственик на Аристократ кладилниците.
Интересно, но во исто време таму учеа и Марјан Челикиќ, тип кој подоцна беше еден од најдобрите студенти на ПМФ. Ковач (мислам дека беше Бојан Ковачевски) еден од првите вработени во Он.нет. Од мојата генерација излегоа неколку талентирани програмери и систем админи, да не пишувам детали за секој посебно.
Од професорите би ги издвоил Калина Чурлиновска, предаваше стручни предмети и пишуваше книги за неколку предмети. Професорка од која може многу да се научи. А за висока просечна оценка на класот потребно е да се најде муабет со неа. Во спротивно се ризикува пола клас на полагање
Ме интересира дали таму сеуште е Слободан Таневски. Предаваше пракса. Уредник е на ЕМИТЕР. Кога Циле и компанија беа за Тајван и тој беше во делегацијата. Кога се врати имаше мноогу високи критериуми кои беа тешки за стигање. Да има повеќе вакви професори има да цвета индустријата во МК.
И секако најубавото на крај. Професорката Моника по англиски. Мојот клас и беше прв на кој му беше класна. Прв пат кога влезе во КОЦЕ бев дежурен на врата и мислев дека дошла да види некој другар што учи таму. После ја видов со дневник во рака и ме прашува дали знам каде се III-12 (монтери), и јас целиот збунка.
п.с. Класен ми беше Мето Лозановски по физика