Дали знаеш што би сакал да учиш во средно. Дали имаш некои желби од типот сакам да имам повеќе женски у клас и сл. Дали сакаш да ти биде блиску до дома.
Јас кога бев како тебе, бев сигурен за првото и за третото. И не се покаав никогаш за изборот. Завршив електроничар 2001 година.
За 2та бода мање више, мислам дека ќе зависи и од бројот на пријавените кандидати. Не знам како е сега, но јас кога се запишував највеќе гужва имаше на смерот електроника, и тие што не успеаја да се запишат на тој смер учеа 1 година на други смерови, па потоа се префрлаа на посакуваниот (електроника или автоматика и сметачка техника).