Иако немало во антиката (не мислам на ракијата
) грбови онакви како што се претставувани во средниот век, сепак, имало симболи кои што ги карактеризирале владетелите и државите (и одредени еснафи и занаетчии). Сето е задржано до ден-денес во многу малку видоизменета форма. Симболиката во животот е многу застапена. Некогаш, во древноста, при многу неписмени луѓе таа била уште повеќе важна (не можеле фирма да напишат и некој да прочита дека е тоа претседател или крал “тој и тој“, но можеле да го стават неговиот карактеристичен симбол.
Дури и самиот чин на прогласување на царот бил преполн со симболика. На пример, Македонските владетели биле прогласувани со подигање врз штит на кого било претставено (изгравирано) Македонското Сонце (на оние што ги читале стриповите со Астерикс, им е јасно како изгледало тоа). Тоа бил чин преполн со симболика.
Штитот се викал
Егида, а градот се викал
Еге, исто онака како што денес оној град каде што се наоѓа
престолот на владетелот се вика
престолнина.
Исто така, со Македонското завладување на скоро целиот познат свет (или барем она што вредело да се владее), лавјиот симбол добива крила од орел (некои прикази се и со орлова глава и канџи) па станува Грифон. Со тоа се сакало да се прикаже апсолутната власт на Македонскиот владетел кој бил господар и на небото и на земјата, исто како што Лавот е господар на земјата, а орелот е господар на небото. Со тоа, тој ги поседува нивната снага и остер орловски вид со кој гледа се и надвладува се... Подоцна, Грифонот станува симбол на Исус Христос со кој се покажува истото нешто : -господар и на небото и на земјата. Затоа, Грифонот го има претставено во повеќе цркви (на пр. го има претставено под потпирките за раце од Владичиниот стол во црквата Св. Кирил и Методи (Параклис) во гр. Прилеп).
Затоа, не би требало априори да се отфрлаат некои симболи, затоа што сите тие биле во одреден период или прилика важни и репрезентативни за Македонскиот народ. Најпознат и најексплоатиран е сепак жолтиот лав на црвен штит, но и покрај тоа треба добро да се осмисли и да се одбере сепак оној симбол кој најдобро ќе ја поврзе и претстави целокупноста на Македонскиот народ, историја и географска целина. Не смее да се одбере симбол кој е карактеристичен само за одреден период од нашата историја (како што е актуелниот). Како најсоодветен симбол е златножолтиот лав (дали ќе биде со крила или не - лавот си е лав, приказот не менува многу, како што не менува многу и промената на знамето од 16 на 8 краци, дури, осмокракото сонце испадна дека е уште постар симбол од 16-кракото сонце). Свесен сум дека и најмалиот знак во грбот значи нешто и распоредувањето на елементите во него си има свои правила, но сепак, главниот елемент треба да биде лавот (или грифонот - со крила или не : лавот си е лав! :wink