Дали жителите на Северна Кореја се Северно-Корејци? Или пак граѓаните на Северна Ирска зборуваат северноисрски јазик? Секако дека не. Тие се Корејци и Ирци и зборуваат корејски и ирски јазик. Ако од една страна имаш моќни држави кои имаат сила во раце и од кои зависи иднината на малите држави, а од друга страна ја имаш Македонија, која е мала (што е факт), тогаш ќе МОРА да играш како што силните ќе ти свират. За подобра иднина, ако воопшто ти е важна. Во спротивно, верувај дека за неколку години оваа твоја и моја Македонија ќе ја видиме распарчена, иако никој не сака да е така. Да се разбереме, над 90% од Македонците САКААТ и се ЗА државата да продолжи да се вика како што се вика, ама треба да и погледнеме во очи на реалноста.. за жал..........
Пак со овие небулозни размислувања...
Дали има јужна Кореја...има
А дали има Јужна Македонија... нема.
Значи ќе има само Македонија кој ќе се наоѓа во Грција и Северна Македонија.
Тоа им е целта и на грците, но треба малку повеќе да се размисли за да свати ова.
Викаш дека сме немоќни?
Епа како ќе бидеме моќни тогаш да понатаму да издејсвуваме да не бидеме северно Мкедонци и да не зборуваме на северно Македонски јазик. Нели затоа што сме немоќни, а другите се силни понатаму ќе издејствуваат и ќе не викаат северно македонци.
Башка тоа кој ќе ни гарантира дека ако го смениме името дека ќе бидеме примени во нато и еу...никој.
Кој ќе ни гарантира дека ако го смениме името грција нема да побара и нешто друго?...никој.
Значи ако се покажеш цврст во ставот пред сите други, истите тие повеќе ќе те почитуваат.
Никој не не тера со сила да влеземе во нато и еу.
И уште нешто многу важно
Европа веќе еднаш се обиде да не распарчи и насилно да ни го смени името но не успеа во тоа, па затоа ја префрли топката спорот да се решава во оон, притоа дејствувајќи со сите силе да се распаднеме од внатре и самите да си го смениме името и идентитетот.
п.с. Абе се требало да се објснува до детаљ, се морало да биде соџвакано да се се свати, еден неќе малку повеќе да се запознае со пробломет или пак малку да размисли повеќе, само да се траскало нешто.