Граѓанско движење против промена на името на Република Македонија

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
До: Претседател, Влада и Собрание на РМ, партии и медиуми.

Вовед:

Почитувани,
ја потпишувам оваа петиција за да Ви дадам до знаење дека ЈАС, граѓанинот на Република МАКЕДОНИЈА сум против било каква промена на нејзиното име. Ве молам немојте да си поигрувате со моите чувства промовирајки идеи за компромиси и исфрлање на пробни балони за нови имиња.
Мојот став е дека доколку дојде до преименувањето на Македонија по автоматизам тоа ќе доведе и до исчезнување на земјата во која живеам и до промена на мојот идентитет.
Никој нема право да тргува со работи кои што не се негови. За иднината на оваа земја се бореа моите предци. ЈАС нема да дозволам за идните генерации таа да престане да постои. ЈАС нема да дозволам моите деца да бидат луѓе без идентитет и да живеат во земја со вештачко име.

Ве молам престанете да споменувате референдуми!

За името на нашата татковина ние граѓаните се изјаснивме уште во 1991. Наместо преговори, пред светот промовирајте ја вистината за Република МАКЕДОНИЈА и нашето легитимно право за самоопределување.

Ве потсетувам дека Вие ја добивте нашата доверба токму поради Вашиот став дека ќе се борите за зачувување на името и дека нема да дозволите промена.
Доколку се осмелите да промените дури и буква од името на мојата татковина, ќе го искористам моето право да Ве отстранам од власт, затоа што Вие сте таму каде што сте благодарение и на мојот глас.




МОЈОТ ПОТПИС ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Доколку се стигне до промена на името, а со самото тоа и до промена на мојот идентитет и идентитетот на сите мои сограѓани, уште сега Ви најавувам дека во тој момент ќе сторам се што е во моја моќ за да Ве спречам. Затоа што од тој момент ЈАС ќе бидам човек без идентитет и граѓанин без држава, кој во никој случај нема да припаѓа на таа нова држава со ново име. ЈАС сум и ќе останам лојален граѓанин на Република МАКЕДОНИЈА и ќе сторам се што сметам дека е неопходно за да го спречам преименувањето, а со тоа да го спречам и уништување на државата на која и припаѓам.
Оние кои ќе се осмелат да ја уништат нашата татковина Македонија и на нејзино место да наметнат некоја нова земја со ново име ќе ги сметам за окупатори. Се надевам дека ќе го слушнете гласот на народот и дека нема да одите против интересите на земјата на која и Вие и припаѓате. Да живее МАКЕДОНИЈА.



Потпишувајте на следниов линк: ПОТПИС ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО

Наскоро оваа петиција ќе се рашири и официјализира.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
А пожелно би било да се прати и протестно писмо до Владата, Министерот за надворешни работи и собранието. Еве текст

Почитувани,
го праќам ова писмо за да Ве информирам дека ЈАС, граѓанинот на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА сум против било каква промена на нејзиното име. Ве молам немојте да си поигрувате со моите чувства промовирајки идеи за компромиси и исфрлање на пробни балони за нови имиња. Мојот став е дека доколку дојде до преименувањето на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА по автоматизам тоа ќе доведе и до исчезнување на земјата во која живеам и до промена на мојот идентитет. Никој нема право да тргува со работи кои што не се негови. За иднината на оваа земја се бореа моите предци. Јас нема да дозволам за идните генерации таа да престане да постои. Јас нема да дозволам моите деца да бидат луѓе без идентитет и да живеат во земја со вештачко име. Ве молам престанете да споменувате референдуми! За името на нашата татковина ние граѓаните се изјаснивме уште во 1991. Наместо преговори, пред светот промовирајте ја вистината за РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и нашето легитимно право за самоопределување.

Ве потсетувам дека Вие ја добивте нашата доверба токму поради Вашиот став дека ќе се борите за зачувување на името и дека нема да дозволите промена. Доколку се осмелите да промените дури и буква од името на мојата татковина, ќе го искористам моето право да Ве отстранам од власт, затоа што Вие сте таму каде што сте благодарение и на мојот глас.

Доколку се стигне до промена на името, а со самото тоа и до промена на мојот идентитет и идентитетот на сите мои сограѓани, уште сега Ви најавувам дека во тој момент ќе сторам се што е во моја моќ за да Ве спречам. Затоа што од тој момент јас ќе бидам човек без идентитет и граѓанин без држава, кој во никој случај нема да припаѓа на таа нова држава со ново име. Јас сум и ќе останам лојален граѓанин на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ќе сторам се што сметам дека е неопходно за да го спречам преименувањето, а со тоа да го спречам и уништување на државата на која и припаѓам. Оние кои ќе се осмелат да ја уништат нашата држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и на нејзино место да инсталираат некоја нова земја со ново име ќе ги сметам за окупатори. Се надевам дека ќе го слушнете гласот на народот и дека нема да одите против интересите на земјата на која и Вие и припаѓате. Да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.


Адреси

Влада
http://www.vlada.mk/?q=contact

Антонио Милошоски E-MAIL
mailmnr@mfa.gov.mk

Собрание
http://www.sobranie.mk/default .asp?section=kontaktPratenik
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ја потпишав и ја проширив на други места:vozbud:
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Потпишано. Ставам на топик на месенџер и на фејсбук.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
655
Поени од реакции
557
Потпишано.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Потпишано!
Оди на топик на фб ова!
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
името ОФИЦИЈАЛНО ни е сменето од 95/96 во БЈРМ!!!!!(така сме примени во ООН,под тоа име се потпишуваат сите меѓународни договори(само не билатералните),так настапуваме скоро на сите спортски манифестации итн)оваа иницијатива е за враќање на старото РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА(без некакви си додавки,Северна,Јужна,Горна,Вардар итн) ТАКА!!!
 

spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Потпишано бр.26

Да живее Македонија
 
Член од
12 јуни 2009
Мислења
28
Поени од реакции
3
Потпишано со две раце. Број 21. И препратено до сите контакти. Браво!:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom