S
Sagan
Гостин
Не. Само ти контрам. Со радлер.Се занервира, а? .
Не. Само ти контрам. Со радлер.Се занервира, а? .
Сите овие прашања ти се веќе одговорени на соодветната тема, а тоа е „Годината кога македонскиот јазик умре“. Е сега, таму се'уште има крупни прашања што те чекаат. Кљик тука -- пост бр. 81.Извини ако не сум ја загледал репликата на другата тема (не ми текнуе која била).
Еве тогаш, да кажам нешто колку за вовед.
Азбуката. Иако имаме ептен софистицирана азбука: исфрлањето на старомакедонската азбука користена во црковните дела. Денес пишуваме на српска караџица усвоена 1945 а за темен вокал користиме нешто слично на апостроф. Недозволиво! Каде се буквите јат и есу (Ѣ ѣ, Ѧ ѧ)? Зошто секоја буква нема име?
Какво е тоа “Благодарам“? Бугарско? Каде е нашето македонско “Сполај ти“?
Каде се феминативите во македонскиот јазик? Госпоѓо судија?! Абе ај!
Какво е тоа Добре дојде (Добредојде)? Кој Добре? Камен од Ќустендил е добре.
Какво е тоа официјално сакатење на насловот на песната на Тоше “Ледена“? Студена? Лудило човече... Водата може да е студена, ама да не е ледена.
Сатанизирање на “даска“ и замена со “штица“ (иако потекнуваат од тотално ист старословенски збор.)
Сатанизирање на “сукња“ и замена со “здолниште“, иако сукното како вид ткаенина е збор присутен кај сите словенски јазици.
Сатанизирање на суфиксот -иња за женски род (Црнкиња / Црнка, Белкиња / Белка (од јајцето на Кајгана)).
Сатанизирање на штиклите и замена со потпетици.
Сатанизирање на “шешир“ и замена со шапка. Какви ли шапки носат каубоите?
Сатанизирање на “ланец“ и замена со синџир.
Сатанизирање на “плин“ и замена со природен гас (плин кај нас си има сосема конкретно значење, иако во други јазици значи “гас“).
Замена на глумец со актер...
Листата нема крај. Толку ми текнува сега.
Ако некој има намера на македонскиот да му го направи тоа што му се случи на хрватскиот, се зафркнал јако!
Ова ме потсети на многу честата несоодветната употреба на зборот МОРАЛНО.Неколку пати деновиве забележав низ муабети, но и во постови на форумов, дека зборот завист се поистоветува со зависност. На пример, цигарите и дрогата предизвикувале завист, па дискусии од типот дали таа завист е од психолошка или физичка природа и сл. Чудно е да не се прават разлики меѓу слични зборови кои упатуваат на доста различни работи. Мислам, за мајчин јазик се работи, а притоа многу често се употребувани.
3л. Тој/таа/тоа кажААј да разрешиме една дилема околу прашање од овогодинешната матура.
На која група припаѓа глаголот кажавме?
Нели за да се определи групата на глаголот потребна е неговата основна форма т.е. 3.л. сегашно време, која гласи: (да) каже
Што значи глаголот е од Е-група, а во клучот од матурата стои дека точен одговор е А-група. По која основа дошле до таков заклучок?
Ај да разрешиме една дилема околу прашање од овогодинешната матура.
На која група припаѓа глаголот кажавме?
Нели за да се определи групата на глаголот потребна е неговата основна форма т.е. 3.л. сегашно време, која гласи: (да) каже
Што значи глаголот е од Е-група, а во клучот од матурата стои дека точен одговор е А-група. По која основа дошле до таков заклучок?
Го земаш инфинитивот т.е основата на глаголот во сегашно време, трето лице еднина. Кажа е точниот одговор.
Кажа е минато свршено време од глаголот!
Ај измени го во сите лица во сегашно време да видам како ќе го смениш?
и извинете шо морав да пишам две мислења едноподруго, ама немав опција за да го изменам претходното.
Точно, глаголот кажа е во минато свршено време (трето лице еднина), затоа што глаголот го напиша во минато време (кажавме). Меѓутоа не се менува на начинот на којшто си го направила тоа ти. На глагол во минато свршено време, си му додала наставки.
Сегашно време се образува така што на несвршен глагол редоследно се додаваат наставките: 1л. м, 2л. ш, 3л. нема наставка.
Множина: 1л. ме, 2л. те, 3л. ат.
1. Јас кажувам
2. Ти кажуваш
3. Тој/Таа/Тоа кажува
1. Ние кажуваме
2. Вие кажувате
3. Тие кажуваат
Што значи дека глаголот според неговата основна, инфинитивна форма припаѓа во а - групата.
Кажува е глагол од А-група.
Каже е глагол од Е-група.
Според твоево напишано, така е сегашно време од галголот кажува.
Сегашно време покрај од несвршени глаголи, се образува и од свршени глаголи на начин на кој шо јас го имам изменето глаголот погоре. И бидејќи во прашањето е наведен глаголот кажавме, а не кажувавме, логично следува да образуваш сегашно време од свршената форма за да ја добиеш групата на глаголот.
Ај да разрешиме една дилема околу прашање од овогодинешната матура.
На која група припаѓа глаголот кажавме?
Нели за да се определи групата на глаголот потребна е неговата основна форма т.е. 3.л. сегашно време, која гласи: (да) каже
Што значи глаголот е од Е-група, а во клучот од матурата стои дека точен одговор е А-група. По која основа дошле до таков заклучок?