Граматички правила и правопис

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
550
Тачно е ептен -- ова дечурлаанава појма нема јер не идела у асално школо као тебе.

Иначе мене секундарно ми текиња и на останали примери кои се ем граматички ем правописно тачни (а неправедно жигосани као нетачни). Сите до ред се алтернативни варијанти, исправни као и глаголот „сваќа“: земња, стредина, страње, здрелос, здрачење, хуманос, релна, пархет, милицинска сестра, термокулациона печка, контекс, сектември, тргоски центар (у Мак. Брод на пример), инфрак (множина: инфраци), инсек, сенгвич, есесер (мала торбица за козметика), плевмонија, суругат, англесќи булдук (множина: англесќи булдуци).

Него, чика Загоре, ја све нешо мислам дека „сваќа“ е женска личност која е член на фамилијата на сопружникот. Шо се вика женска варијанта на „сват“. А ако ти ја сваќаш сваќата, онда ризикуеш да наебеш гадно.
--- надополнето: 9 јули 2012 во 11:21 ---

Сеа чика Загор граматичарот со секира го консултирав и он вика вака: да оштетиш некого е да му причиниш штета. А да добиеш отштета е да добиеш некаков надомест (шо би рекла баба ми Стојна: компензација),т.е., обесштетување за причинет зијан. У реду се веснициве у конкретниов случај.

Молим, изволте и друкпут

хехехе пишуени се многу смешни за читање,кога се изговараат толку и не се приметуе
Ја би додал и : Флизура,Њубов(Љубов),Проглем,Фебруар,Бејзин,Џезве,Спањак,Суќна,Чижми,
Сакција,Снек,Леп,бронкитис итн итн ..
Се се, ама на сТрам ми се крева коса највише.
btw поштуем шо е пишуено на Скопски сленг. за жал у изумирање е од поодамна.
Ендемски вид...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544

Страм те било, се подиграваш и се понашаш. Иначе бурек со спањак и јоргут у куња на сабаље у Дорјан е савршенство.

п.с. Џезве си е у реду бе. Али, вуња ми шо ноп-стоп мрчи у куња у Џорче не е.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
550
Страм те било, се подиграваш и се понашаш. Иначе бурек со спањак и јоргут у куња на сабаље у Дорјан е савршенство.
Не е лошо сегвич со вришли и кашвавал да си напраам дур седам на лав топ да манам.
па после тазе гројзе наберено од лојзе.
 
S

Sagan

Гостин
Сеа го консултирав чика Загор граматичарот со секира и он вика вака: да оштетиш некого е да му причиниш штета. А да добиеш отштета е да добиеш некаков надомест (шо би рекла баба ми Стојна: компензација), т.е., обесштетување за причинет зијан. У реду се веснициве у конкретниов случај.

Молим, изволте и друкпут
Оштета и оштетува? Па едното нели е именка, другото глагол? Оштетува има врска со штета и оштетен, а не со оштета... (?) :rolleyes:
Оштета е да обесштетува. Оштетува е да наштети.

И ова “отштета“ у последно време почна да се споменува изгледа... никогаш порано не го имав чуено.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Оштета и оштетува? Па едното нели е именка, другото глагол? Оштетува има врска со штета и оштетен, а не со оштета... (?) :rolleyes:
Оштета е да обесштетува. Оштетува е да наштети.

И ова “отштета“ у последно време почна да се споменува изгледа... никогаш порано не го имав чуено.
Ај да пробам уште еднаш. Читај внимателно.

оштетува (глагол) = нанесува штета
има и придавка: оштетен (као на пр. оштетен мозок)
Во стандарден македонски именката оштета не постои, има штета и оштетување.

отштетува (глагол, ама не ист) = да се обесштети некој, да се исплати компензација за нанесена штета
отштета (именка) = исплатена сума за нанесена штета

Оштета е НЕПРАВИЛЕН ИЗГОВОР и ГРАФИЈА на отштета. Во разговорниот јазик се употребува, арно ама не е стандардно. Разбра или уште ќе ми превртуеш со очи?

Еве ти и допунски коментар на реченицава шо ти стои на профил:
Со 250к евра (три врби, жални) ќе се обештетеа скоро сите семејства на загинатите и инвалидизирани бранители на државата во војната од 2001

Глаголот е обесштетува (така се пишуе правилно).

И пак молим лепо, изволте и друкпут
 
S

Sagan

Гостин
Во стандарден македонски именката оштета не постои...
Добро. Ако збор кој се употребува од народот, не постои во југозападните македонски дијалекти (ака стандарден македонски), тогаш нека е така. И така не прифаќам зборови за кои група лингвисти седнале и се договориле како јас ќе зборувам :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Добро. Ако збор кој се употребува од народот, не постои во југозападните македонски дијалекти (ака стандарден македонски), тогаш нека е така. И така не прифаќам зборови за кои група лингвисти седнале и се договориле како јас ќе зборувам :)
Ни ми е јасно која ти е целта со вакви постови. Постави прашање и ти беше одговорено и тоа два пати. Мислев дека те интересира нешто да научиш ама ти си сакал инат да тераш и да бладаш за лингвистика. Ако бе, може, форумов е и за тоа.

Него, дијалектите не постојат надвор од народот. Ептен ти е глупа таа реченица за дијалекти и народ. А прифаќање на одредени зборови е секако чин на избор. Зборот кој тебе не ти беше јасен е дел од стандардот. Јебем ли га, прво не го знаеш зборот, па после коа ти се објасни дека постои таков збор, не го бендисуеш. Може и така, бе, шо па да не.

Ако си ептен доследен, моеш љуто да го бојкотираш не само овој збор него целиот македонски стандарден јазик, при бидејќи и македонскиот стандард е вештачки создаден по пат на конвенција. Како и сите останати стандардни јазици во светот. Седнале група клети лингвисти и сјебале народ. Страмота.
 
S

Sagan

Гостин
... па после коа ти се објасни дека постои таков збор, не го бендисуеш. Може и така, бе, шо па да не.
Етееее... гледаш како можеме да се договориме како луѓе. :icon_lol:

Ептен ти е глупа таа реченица за дијалекти и народ.
Како што пишав, македонскиот стандарден го сметам во најголем дел за југозападен мк дијалект, така да реченицата е далеку од глупа.

Ако си ептен доследен, моеш љуто да го бојкотираш не само овој збор него целиот македонски стандарден јазик, при бидејќи и македонскиот стандард е вештачки создаден по пат на конвенција.
Да да да, ја така правам. При бидејќи од стандардниот јазик насилно се отфрлени еден куп убави зборови од истокот, северот и североистокот.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Етееее... гледаш како можеме да се договориме како луѓе. :icon_lol:

Да да да, ја така правам. При бидејќи од стандардниот јазик насилно се отфрлени еден куп убави зборови од истокот, северот и североистокот.
Види, ти моеш шо сакаш да праиш и како сакаш да збориш и пишуеш. Тоа се вика потпуна слобода. А за насилните отфрлања убави зборови (веројатно тука Конески употребуел физичка принуда и ќутек со бејзбол палици) ќе си седнеш на гајба пиво пред гранап и ќе кажуеш гачки. При бидејќи со мене тој муабет нема да ти пројде.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ја не знам зашто току се нервираш...
Остај, и ја се прашујам шо толку се испотресов...а баш фино тргна муабетов.
--- надополнето: 9 јули 2012 во 21:08 ---
Како што пишав, македонскиот стандарден го сметам во најголем дел за југозападен мк дијалект, така да реченицата е далеку од глупа.
Глупа е, при бидејќи ако знаеше малце поише на темава немаше да истрчуеш со бладања за дијалекти и народ. Стандардниот македонски е хибриден, конвенционално утврден и политички официјализиран дијалект. Тоа што ти го сметаш за југозападен е твое мислење. Приказната е подолга и покомплексна.
 
У реду е и што е хибриден, и што е конвенционално утврден. Проблемот е што 95% е југозападно наречје, со тотална дискриминација на другите. Ја знам дека е потребна кодификација и секој стандарден јазик минал низ тој процес. Ама ова со македонскиот е тотално масакрирање.

Да не забегуеме, ипак правилата и правописот се тема. Сполај ти на репликите, и ако случајно пак се занервираш, кажи да не ти реплицирам :icon_lol:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
У реду е и што е хибриден, и што е конвенционално утврден. Проблемот е што 95% е југозападно наречје, со тотална дискриминација на другите. Ја знам дека е потребна кодификација и секој стандарден јазик минал низ тој процес. Ама ова со македонскиот е тотално масакрирање.

Да не забегуеме, ипак правилата и правописот се тема. Сполај ти на репликите, и ако случајно пак се занервираш, кажи да не ти реплицирам :icon_lol:
Првиот болд: монументална глупост.

Вториот болд: на една тема на овој подфорум истрча со ваква изјава. Ти поставив едно десетина прашања и покана да елаборираш како точно бил „масакриран“ македонскиот јазик и кое чаре требало да се бара. Не гукна по ниедно од тие прашања. Лесно е да се мрчи, ама за елаборација и решенија сепак треба некакво знаење.

Уф, ептен се занервираф...идам да масакрирам едно ладно ѕидарско, исто као шо Блаже Конески го масакрирал македонскиот у 1945.
 
Извини ако не сум ја загледал репликата на другата тема (не ми текнуе која била).
Еве тогаш, да кажам нешто колку за вовед.

Азбуката. Иако имаме ептен софистицирана азбука: исфрлањето на старомакедонската азбука користена во црковните дела. Денес пишуваме на српска караџица усвоена 1945 а за темен вокал користиме нешто слично на апостроф. Недозволиво! Каде се буквите јат и есу (Ѣ ѣ, Ѧ ѧ)? Зошто секоја буква нема име?

Какво е тоа “Благодарам“? Бугарско? Каде е нашето македонско “Сполај ти“?
Каде се феминативите во македонскиот јазик? Госпоѓо судија?! Абе ај!
Какво е тоа Добре дојде (Добредојде)? Кој Добре? Камен од Ќустендил е добре.
Какво е тоа официјално сакатење на насловот на песната на Тоше “Ледена“? Студена? Лудило човече... Водата може да е студена, ама да не е ледена.
Сатанизирање на “даска“ и замена со “штица“ (иако потекнуваат од тотално ист старословенски збор.)
Сатанизирање на “сукња“ и замена со “здолниште“, иако сукното како вид ткаенина е збор присутен кај сите словенски јазици.
Сатанизирање на суфиксот -иња за женски род (Црнкиња / Црнка, Белкиња / Белка (од јајцето на Кајгана)).
Сатанизирање на штиклите и замена со потпетици.
Сатанизирање на “шешир“ и замена со шапка. Какви ли шапки носат каубоите?
Сатанизирање на “ланец“ и замена со синџир.
Сатанизирање на “плин“ и замена со природен гас (плин кај нас си има сосема конкретно значење, иако во други јазици значи “гас“).
Замена на глумец со актер...

Листата нема крај. Толку ми текнува сега.
Ако некој има намера на македонскиот да му го направи тоа што му се случи на хрватскиот, се зафркнал јако!
 
Се занервира, а? Ќе ти одговорам на сите овие прашања, едно по едно, на соодветната тема. А таа би била „Годината кога умре макдонскиот јазик“.

Во меѓувреме, бујрум одговори на прашањата на истата тема. Кљик.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom