Граматички правила и правопис

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Извини ако не сум ја загледал репликата на другата тема (не ми текнуе која била).
Еве тогаш, да кажам нешто колку за вовед.

Азбуката. Иако имаме ептен софистицирана азбука: исфрлањето на старомакедонската азбука користена во црковните дела. Денес пишуваме на српска караџица усвоена 1945 а за темен вокал користиме нешто слично на апостроф. Недозволиво! Каде се буквите јат и есу (Ѣ ѣ, Ѧ ѧ)? Зошто секоја буква нема име?

Какво е тоа “Благодарам“? Бугарско? Каде е нашето македонско “Сполај ти“?
Каде се феминативите во македонскиот јазик? Госпоѓо судија?! Абе ај!
Какво е тоа Добре дојде (Добредојде)? Кој Добре? Камен од Ќустендил е добре.
Какво е тоа официјално сакатење на насловот на песната на Тоше “Ледена“? Студена? Лудило човече... Водата може да е студена, ама да не е ледена.
Сатанизирање на “даска“ и замена со “штица“ (иако потекнуваат од тотално ист старословенски збор.)
Сатанизирање на “сукња“ и замена со “здолниште“, иако сукното како вид ткаенина е збор присутен кај сите словенски јазици.
Сатанизирање на суфиксот -иња за женски род (Црнкиња / Црнка, Белкиња / Белка (од јајцето на Кајгана)).
Сатанизирање на штиклите и замена со потпетици.
Сатанизирање на “шешир“ и замена со шапка. Какви ли шапки носат каубоите?
Сатанизирање на “ланец“ и замена со синџир.
Сатанизирање на “плин“ и замена со природен гас (плин кај нас си има сосема конкретно значење, иако во други јазици значи “гас“).
Замена на глумец со актер...

Листата нема крај. Толку ми текнува сега.
Ако некој има намера на македонскиот да му го направи тоа што му се случи на хрватскиот, се зафркнал јако!
Сите овие прашања ти се веќе одговорени на соодветната тема, а тоа е „Годината кога македонскиот јазик умре“. Е сега, таму се'уште има крупни прашања што те чекаат. Кљик тука -- пост бр. 81.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
550
Фиу фиу фиу тука се збори за граматички правила и правопис,мислам дека малце отиде офф а и џабе сте се здавиле тука кога ништо неможете да промените.
ем “сполај ти “спаѓа у турцизми.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Неколку пати деновиве забележав низ муабети, но и во постови на форумов, дека зборот завист се поистоветува со зависност. На пример, цигарите и дрогата предизвикувале завист, па дискусии од типот дали таа завист е од психолошка или физичка природа и сл. Чудно е да не се прават разлики меѓу слични зборови кои упатуваат на доста различни работи. Мислам, за мајчин јазик се работи, а притоа многу често се употребувани.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328

Ова ме потсети на многу честата несоодветната употреба на зборот МОРАЛНО.
„Извини Пиги МОРАЛНО беше“ :) е култна реплика ама многу погрешна.
Морал: морален човек, морално/неморално однесување...
Морално никако не смее да заменува ЗАДОЛЖИТЕЛНО односно НЕОПХОДНО.
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Ај да разрешиме една дилема околу прашање од овогодинешната матура.

На која група припаѓа глаголот кажавме?
Нели за да се определи групата на глаголот потребна е неговата основна форма т.е. 3.л. сегашно време, која гласи: (да) каже
Што значи глаголот е од Е-група, а во клучот од матурата стои дека точен одговор е А-група. По која основа дошле до таков заклучок?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Ај да разрешиме една дилема околу прашање од овогодинешната матура.

На која група припаѓа глаголот кажавме?
Нели за да се определи групата на глаголот потребна е неговата основна форма т.е. 3.л. сегашно време, која гласи: (да) каже
Што значи глаголот е од Е-група, а во клучот од матурата стои дека точен одговор е А-група. По која основа дошле до таков заклучок?
3л. Тој/таа/тоа кажА
Од а група е :)
 
B

babsyy

Гостин

Го земаш инфинитивот т.е основата на глаголот во сегашно време, трето лице еднина. Кажа е точниот одговор.

Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Кажавме е глагол од свршен вид. Неговите форми во сегашно време по лица се:

Еднина:
1. јас (да) кажам
2. ти (да) кажеш
3. тој/таа/тоа (да) каже
Множина:
1.ние (да) кажеме
2. вие (да) кажете
3. тие (да) кажат
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Го земаш инфинитивот т.е основата на глаголот во сегашно време, трето лице еднина. Кажа е точниот одговор.

Кажа е минато свршено време од глаголот!
Ај измени го во сите лица во сегашно време да видам како ќе го смениш?

и извинете шо морав да пишам две мислења едноподруго, ама немав опција за да го изменам претходното.
 
Точно, глаголот кажа е во минато свршено време (трето лице еднина), затоа што глаголот го напиша во минато време (кажавме). Меѓутоа не се менува на начинот на којшто си го направила тоа ти. На глагол во минато свршено време, си му додала наставки.
Сегашно време се образува така што на несвршен глагол редоследно се додаваат наставките: 1л. м, 2л. ш, 3л. нема наставка.
Множина: 1л. ме, 2л. те, 3л. ат.
1. Јас кажувам
2. Ти кажуваш
3. Тој/Таа/Тоа кажува​
1. Ние кажуваме
2. Вие кажувате
3. Тие кажуваат

Што значи дека глаголот според неговата основна, инфинитивна форма припаѓа во а - групата.​
 
Кажува е глагол од А-група.
Каже е глагол од Е-група.

Според твоево напишано, така е сегашно време од галголот кажува.

Сегашно време покрај од несвршени глаголи, се образува и од свршени глаголи на начин на кој шо јас го имам изменето глаголот погоре. И бидејќи во прашањето е наведен глаголот кажавме, а не кажувавме, логично следува да образуваш сегашно време од свршената форма за да ја добиеш групата на глаголот.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
@Simona*

Ај дај дефиниција за сегашно време, за да ја доточниме.
 
B

babsyy

Гостин
Кажува е глагол од А-група.
Каже е глагол од Е-група.

Според твоево напишано, така е сегашно време од галголот кажува.

Сегашно време покрај од несвршени глаголи, се образува и од свршени глаголи на начин на кој шо јас го имам изменето глаголот погоре. И бидејќи во прашањето е наведен глаголот кажавме, а не кажувавме, логично следува да образуваш сегашно време од свршената форма за да ја добиеш групата на глаголот.

Штом Симона (да) каже така, значи така е. Шала. :)
Глаголската група е ,,а" и јас тука немам апсолутно никаква дилема. Начинот на којшто си го изменила глаголот ти е со да- глаголската конструкција, која најчесто се користи за заповеден начин или пак неопределено глаголско дејство, а исто така се користи и за идно прекажано време заедно со л-форма на глаголот.
Можеш да пополниш формулар и да поднесеш приговор штом си толку сигурна, меѓутоа јас тврдам дека не си во право.
 
Член од
9 јули 2013
Мислења
53
Поени од реакции
93
Ај да разрешиме една дилема околу прашање од овогодинешната матура.

На која група припаѓа глаголот кажавме?
Нели за да се определи групата на глаголот потребна е неговата основна форма т.е. 3.л. сегашно време, која гласи: (да) каже
Што значи глаголот е од Е-група, а во клучот од матурата стои дека точен одговор е А-група. По која основа дошле до таков заклучок?

Симона како што веќе ти објасниле, се зема формата на глаголот во трето лице еднина, во случајов тоа е кажува со што доаѓаме до заклучок дека глаголот е од А глаголска група и тука нека потреба од мешање кое време е или не е глаголот.
Даден е како кажавме, твоја задача е да го изменуваш во трето лице еднина ( ако ти е полесно во сите лица за да стигнеш до трето) и да видиш која му е наставката.
babsyy совршено ти објаснила и е сосема во право.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom