"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Не можеш да докажеш. Ние сме мизерните, жители на град што по грешка е главен...Тие како дојдени имаат секакво право да се вработат и да окупираат територија, а ние да си ќутиме. Не им било развиено, немало факултети, не знам што. Не е тоа проблемот. Пред некое време имаше дебата за изгледот на ГТЦ. Е, замисли сега, од сите што си кажуваа мислење ЗА или ПРОТИВ, најгласни беа тие од Охрид, од Штип, од Свирипичино... Проблемот е пикање нос во туѓи работи. Генетика е во прашање.

Имам јас пример за тоа како се однесуваат други градови кон скопјани. Имаше оглас за мрежен инжињер во Струмица (фирмата не ја памтам, кого не го мрзи нека побара неколку месеци наназад) Се јавувам, ме испрашуваат по тел што знам и типот вика:
Одлично, таков ни треба. Кога можеш да почнеш и дали сакаш нешто да прашаш плус?
Можам да почнам од утре, ама прво да прашам нешто. Колку ми е плата?
За тоа ќе зборуваме при потпишување на договор.
Аха, само јас мора да знам веднаш, зашто сум од Скопје.
Имаш драмска пауза и после ми вика:
Чекај да го прашам претпоставениот.
За 10 секунди, на телефон го добивам него и одговор:
Дечко, огласот важи само за жители на Струмица.

Мене ми се случило неколку пати да ме одбијат, другото се супер, само поради тоа што не сум од нивниот град!!! А некој лингур ( ДА навреда е и ич не ми чуе, затоа што се изначитав се и сешто против скопјани) од некаде, ќе дојде во Скопје, ќе добие работа и уште ќе плука по градов. Зошто скопјани се одбиваат при аплицирање за работни места во друг град, по основ на жителство? И мене ми е преку к*р од секакви џукели низ град, па кога веќе истите се тука, би сакал јас да одам кај нив. Ама, не! Дома не даваме да дојде скопјанец, а таму ќе плукаме по што стигнеме.


Муабетите за театар, култура... Кого лажете? Знаете колку однадвор дојдени ќе видите во театар? Само оние на ФДУ и плус минус уште некој. Пораснав во Драмски и Театар Центар. Од мои 14 години 3 пати неделно одев. Сега 1-2 на две недели, поради Х причини. Ниеднаш не видов не знам колкав број на луѓе кои не се скопјани. Затоа не кажувајте приказни за мали деца.
Потполно си во право мајсторе...Јас наидов на ситуација кога професорката по македонски ме убедуваше дека нема прави Скопјани и дека сите сме дојдени од село. Кога и кажав дека со векови моите живееле во Крњево одговорот беше : "Ете гледаш ти реков дека си од село"
Не го оспорувам фактот дека има дискриминација и тоа обострана, мене најмногу ме иритира тоа што некој ке дојде од страна и глуми поголем Скопјанец од Скопјаните, или другата крајност кога за се му е Скопје криво!
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.752
Поени од реакции
25.176
Едноставно е бе луѓе секој што е роден во Скопје е скопјанец, тоа со „вистински“ е уште една глупост измислена од провинцијалците да си го оправдаат своето присуство во градот иако никој не им бара тоа.
Потекло е сосема друга работа, ако се вратиме 3000 генерации назад сите сме африканци :pos:. Ким Кардашијан е 14ти братучед со Дејвид Камрон на пример....
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Нема работа по внатрешноста. Да не спомнувам имиња на компании и моја професија, прво нешто што ме прашаа кога отидов на интервју кај газдата кој го чекав саат и пол на +40 степени пред главнот влез како некое куче и на крај чуварот ми рече оди кај секретарката која запиша број што струка сум и на крај ми вика имаш ли книшка? Каква книшка викам? И тука завршува муабетот. Сега ќе примат некој подобен од дисперзирани со несоодветна струка или веќе имаат примено. Многу се разочарав.

Поминаа 2-3 месеци излезе нов оглас, ај викам ќе ја пратам стрина ми која лично се познаваше со него. И се јавувам и на неа и таа прво што ме праша е дали имам книшка? Сепак се нафати да отиде да се види со него, не знам дали се видоа, ми кажа не бивало.

Излезе трет оглас, пријател на татко ми се знае со главниот помошник на газдата, има ли шанси за овој оглас, му дал број од правникот и да сум кажел кој ми го дал бројот. Нормално муабетот заврши со тоа да сум оставел СV на мејлот.

Друга фирма нема, ако останев, требаше да работам во инвестициите за 9000. Шо да барам повеќе таму? Да развивам нешто:pos:, без денар во џеб?
Moже требаше кредит за самовработување да земам, да заглавам до крај :pos:
A demek vo Skopje rabota ima kolku sakas ili kako, rabotnicite po 500 evra minimum zemaat ili kako. Ovde demek nikoj ne ti bara partiska kniska,hihihihi..... vreme e da se razbudis. Bas me interesira so i kade rabotis, najverojatno nisto i seuste baras rabota (ama da ne ja najdes) a domasnite prakjaat li prakjaat kutii po avtobusot....
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.238
Поени од реакции
1.297
Значи вие скопјаните кои што коментирате погоре сте пример врз кој се градат стереотипите за скопјани. Па уште кога ќе рече некој, дошол Скопје, а останал сеЉак. Па сељаци се раѓаат бе човек, сељаци имаш и во Скопје што се родиле, и во Њу јорк и во (инсерт рандом град/село).
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.164
Поени од реакции
6.046
Јасно е сега како намалуваат цена на труд?
Не намалуваат они цена на труд, туку пазарот. Со 30% невработеност нормално дека луѓе ќе се нафаќаат да работат за 10-12.000, без разлика од кај се. Подобро толку отколку ич. А тоа што тука у Скопје повеќето си имаат замислено дека мора да имаат минимум 30.000 плата, а за помалку не ни помислуваат да работат и подобро им и е да седат дома, тоа е друг муабет. Нека се качи вработеноста над 90% и после ќе видиш дека никој нема "да ти руши" цена на труд. Ама каква е ситуацијата, чисто сумњам дека некад ќе биде тоа.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Скопје треба да се смета за град на цела МК. Цела МК го (из)гради. И сега нормално е и другите да сакаат дел од колачот. Убав пример даде некој со дебарчаните. И 12,000 ден. е повеќе од ИЧ.
А инаку, 90 и кусур проценти Скопје го сочинуваат жители кои или тие или нивните родители или баба и дедо дошле од некаде во Скопје. Се запрашале ли зошто дошле претците? И тоа во време кога Скопје не отскокнувал толку драстично како денес.
Некој спомна театри, имало и во други градови. Па тие други градови се: Битола, Прилеп, Велес, Струмица, Штип и Куманово. Ова се професионални, државни, друго ако има нешто е аматерски, кампањски.
Јас на пример, бев талентиран за музика, но во мојот град немаше (веројатно и денес нема) основно (а камо ли средно) училиште и јас не учев музичка школа. Се што пробував беше на аматерска основа, плус во тоа време немаше интернет и компјутери, барем на таков начин да учиш.
Е во Скопје тоа не е ни за „муабет“. Тоа се подразбира, се што сакаш (за МК услови) го има.

Затоа не се чудете што доаѓаат некои да крпат само да се во Скопје. Ниту дома не би имале поубав живот. Е знам, ќе им сугерирате земјоделие, на оние кои се од село или имаат можности за тоа. Убаво е да советувате од „метрополата“, од удобни домови со парно (другите градови немаат, уште една можност), од канцеларии на јавната администрација... а тие нека црнчат на нивите за помали примања од скопјаните.
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
173
Поени од реакции
54
клошари-лузери-скопјанишча што мислат дека за сопствената мизерија и беда се криви токму провинцијалците од една страна, а од друга страна сељачишта шо се мучат сизифосвски и сељанки шо чекаат да се мужат у скопје од друга страна...

продужете....благодарам.
 
Т

Триптико

Гостин
@Smert а што, ако фирмата нуди 12 плата, а ти за да се пикнеш САМ се нудиш за помалку? Ова е делот што смета, не нивното доаѓање.
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
1.786
Па се нуди за помалку бидејќи нема леб дома да јаде.И демек скопјаништата тоа не го прават да се нудат за помала плата само да работат.Изборот во многу градови знаете ли кој е или работи за 15 000 не пријавен или работи пријавен на минималец.Многу се преценуват скопјаните, нели држава Скопје се гради со нашите пари епа тогаш не се чудете што баш тоа ви се случува.За да се изгради вашето Скопје такво каквo што е многу мали градчиња изумреа во Македонија.
 
Т

Триптико

Гостин
@Ѓорѓи Н. Колку ти е промашен муабетов не си свесен. Еднострано гледано во право си. Од повеќе страни, не си!
1. Од кој колач е нормално да сакаат дел?
2. 12 000ден плата е повеќе од ич, точно. Само немој самиот да одиш кај газди, директори и да се нудиш за помалку од таа сума.
3. Во Скопје културата е професионална, во други градови аматерска, нели? И во Америка не работат сите во Холивуд. Прво покажи што знаеш како аматер, самите ќе те побараат да преминеш во професионалци. Тоа колку си талентиран е само на збор.
4. А што фали да си земјоделец? Или сите сакаат директори и министри да бидат? Роден во плодно место е земјоделец, не е ракетен инжињер. Ова условно гледано, не скокајте одма дека постојат и такви.

Генерално, тоа што го кажувате кој, како, зошто, од ваша страна гледано е точно. Од другата страна се гледа како обид исклучокот да го прави правилото. И дај читајте целосно. Од напишани 4-5 реда, се фаќате за еден збор и го носите цел муабет натаму.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.164
Поени од реакции
6.046
@Smert а што, ако фирмата нуди 12 плата, а ти за да се пикнеш САМ се нудиш за помалку? Ова е делот што смета, не нивното доаѓање.
Сето тоа го налага пазарот на труд. На толкава невработеност, цената на трудот паѓа. Дали работодавачот ќе ја намали цената по која бара труд или потенцијалниот работник ќе ја намали цената по која го нуди својот труд, нема никаква разлика. Слободни работни места има малку, а невработени има на претек. Конкуренцијата е голема и нормално е дека доста луѓе ќе го нудат својот труд за помала цена од останатите, за да имаат некаква предност пред нив. Тоа од каде доаѓаат тие што го прават тоа нема никаква врска.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
500
Поени од реакции
159
Прашај ги во Битола (почетоци 1897, прв професионален театар во Македонија од 1944), Прилеп (1887/1949), Велес (1864/1948).Еве за Охрид ќе ти кажам дека е редовно исполнето (од тој минимален репертоар) и тешко е да набавиш карта.

А еве какви се условите во театарот во Куманово (1926/1948)
На Светскиот ден на театар – кумановските актери играат на свеќи
Posted on март 27, 2015 by Сандра Томовска in Вести, Локално // 0 Comments


На прославата на Светскиот ден на театар, за време на претстава во кумановскиот театар снема електрична енергија.

Актерите во претставата ”Брачна игра”, продолжија да настапуваат на сцената со помош на свеќи и светилки од мобилните апарати.

Вечерашната манифестација беше отворена со читање на светската и македонска порака напишана од режисерот Нела Витошевиќ, но, откако започна претставата, кумановскиот театар снема електрична енергија.

Пораката за театарот ја прочитаа актерките Александра Михајловска и Нина Максимова.

Еве го театарот во Прилеп после реновирањето.Во 21-ви век
среда, април 01, 2015 Скопје 22:29
Аудио мени
Мултимедиа


Македонија[/paste:font]
Прокиснува покривот и паѓа малтер од ѕидовите во прилепскиот театар
Таванот во прилепскиот театар Војдан Чернодрински капе од сите страни. Актерите се греат на ќумбе во една поголема просторија, каде подготвуваат дел од претставите. Ѕидовите се испукани, а паѓа и малтерот.

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ годинава одбележува 65 години постоење и успешна работа. Но, од почетокот во далечната 1950 година работи во несоодветни услови. Објектот каде се подготвуваат и изведуваат претставите е реновиран пред четири години, ама се чини безуспешно. Таванот капе од сите страни при секој дожд. Се греат на ќумбе во една поголема просторија, каде подготвуваат дел од претставите. Ѕидовите се испукани, а паѓа и малтерот.




http://www.makdenes.org/content/article/26868012.html
Eве ти ги условите од Охрид, полуофарбан ѕид
[/quote]
Зошто не го спомнуваш новиот театар во Велес, тоа не важи!?
 
Т

Триптико

Гостин
@Smert е браво за муабетов. Разликата дали работодавач намалува цена или вработен и тоа како прави разлика. Ова нема врска со пазар на труд. Од една страна сите се жалиме на мизерни плати, од друга и тие мизерни плати самите ги намалуваме. Одлучете се што сакате. Работа по секоја цена, или подобар живот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom