Сакаш да кажеш дека ние што не сме биле во градинка и сме биле изчувани од страна на бабите и дедовците дека не сме социјализирани и дека немаме разни другарста и дека сме мамини татини и разгалени??? Абееее ајјјдееееее. Детето со самото поаѓање во школо ќе стекне нови пријателста, за него во тоа време сите деца се едно, сите му се другарчиња на почетокот, со самото созревање го одбира својот пат, насока по која ке продолжи и друштвото. А и друго нешто, немора да оди во градинка за да стекне другарчиња, деца на негова возраст или година две постари или помали од него има во секој случај во околината каде што живее така да тоа не претставува никаков проблем за детето да се социјализира.
Чекај малку,не испревртувај работи. Никаде јас не спомнав дека децата што не одат или не оделе во градинка whatever не се социјализирани и дека не знаат ништо, туку дека децата што одат во градинка можат
побрзо да се социјализираат. Toa ми беше поентата. Не го зборувам ова на празно, познавам некои случаи.
Еве на пример во забаваче со мене беше едно дете шо беше толку приврзано за мајка му, шо таа јадна мораше да биде сите часови со него зошто уште првиот ден кога мајка му излезе од училницата,тој одма почна да плачи и да трча по неа.
Друг пример, една моја роднина. Има 5 години, не оди во градинка, растена е со родители и баба и дедо и мора секаде да е со нив. Значи, неможи да си замисли да оди некаде без нив, на пример јас да ја прошетам и слично.
Така да, според мене доколку детето оди во градинка, кога ќе почне на училиште ќе му е многу полесно,затоа што веќе има запознавано нови другарчиња и се има дружено и нема да му претставува проблем ако мајка му не е тука до него.
Не се градинките наменети само колку да ти го чуваат детето дури ти си на работа,туку и пополека да сознава некои работи и да сфати дека неможе да ја има на пример,играчката што ќе ја посака или да јаде што тој сака, туку она што мораат сите,мора и тој. Колку пати имам седено сама во занималната,зошто не јадев пудинг, ама после некое време видов-не видов почнав и јас да јадам.
Треба да се научи да прифаќа некои работи. Родителите колку и да се покажуваат строги,кога-тогаш ќе попуштат и пак ќе е по твое,а во градинките не е така.