Гоце Делчев

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Кариес :)

И домородците во Америка се нарекуваат Индијанци поради погрешното мислење на Колумбо, но не значи дека тие се истиот народ со Индијците. Исто така и вие погрешно се нарекувате Македонци, ама не значи дека сте и навистина Македонци. Кој како се декларирал, напишал нешто некаде, изјвил некаде дека е Македонец не ме интересира. Некој може да изјави и дека е Марсовец, ама тоа не ја менува фактичката состојба дека тој очигледно не е Марсовец.
Hемој да упорно да КРАДЕШ туѓи идеи и да ЛАЖЕШ како забеган турко-монголски Бугар (како на темана за Евреите).
Тоа за погрешното ословување на домородното население по Америка како "Индијанци" го кажав ЈАС на една друга тема за да му објаснам на еден друг потатарен колку е погрешно Македонците некој да ги нарекува "бугари".

Македонците си биле, се, и ќе си останат МАКЕДОНЦИ.

Ќе ми кажеш што напишал Гоце Делчев тука:

 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 април 2012
Мислења
146
Поени од реакции
20
Македонците си биле, се, и ќе си останат МАКЕДОНЦИ.

Ќе ми кажеш што напишал Гоце Делчев тука:

Дословно пишува "Надали има народ', којто толкова много да е т'рпјал' от' своите синове, изроди, колкото македонскија!...."
А ти сега го преведи на Македоснки, инак ке ме банират:)
Се пак не видов нешто против Бугариа, бугарите, Георги Николов Делчев кокото вие имате право да го славите, толку и ние. А тоа дек не го почитувате да ви го дадовме телото на Гоце си е ваш проблем.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Дословно пишува "Надали има народ', којто толкова много да е т'рпјал' от' своите синове, изроди, колкото македонскија!...."
А ти сега го преведи на Македоснки, инак ке ме банират:)
Нема никој да те банира за постирање на дијалекти на македонскиот јазик, ич не му се секирај.

Еве јас и ќе го повторам со болд напишаното од Гоце:

"Надали има народ', којто толкова много да е т'рпјал' от' своите синове, изроди, колкото македонскија!...."

Ај сега погледни се во огледало и повтори ги зборовиве што ги запишал Гоце Делчев, ама стој малку подалеку да не ти се скрши. ;)
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
СОФИЈА ЗАБРАНИЛА ВЕСНИК ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТО НЕ ПИШУВАЛ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ БУГАРИ
Блаже Миневски

Пред 74 години во Бугарија бил подготвен весник за Гоце Делчев со сведоштва и спомени на луѓе што го познавале или работеле со него во македонската револуционерна организација. Според прилозите во весникот, може да се види дека станува збор за мошне важен документ за националните позиции на македонската интелигенција меѓу двете светски војни. Весникот има десет страници голем формат (70 х 50 см), а во него се објавени важни материјали и сведоштва за Македонија и за македонскиот народ. Единствениот оригинален печатарски отпечаток од весникот за Гоце, кој требало да биде објавен во Софија, бил спасен од Митко Зафировски, еден од уредниците на весникот, кој успеал да го зачува, а потоа некако и да го донесе во Скопје.

Весникот чиј издавач е културно-добротворното братство „Гоце Делчев“ од Софија, всушност друштво на бегалците, Македонци од Кукуш и Кукушко, родниот крај на Делчев, го подготвиле Ангел Динев и уште неколку други македонски публицисти, по повод 35-годишнината од убиството во Баница. Кога бугарската цензура видела дека буквално во сите новинарски прилози се зборува за македонски народ и македонска нација, а нигде не се спомнува дека Македонците се Бугари, весникот веднаш бил забранет за печатење.

Како Левски и Мацина

На насловната страница од весникот е објавен портрет на Гоце Делчев, а потоа, на втората страница, објавени се текстовите „Гоце и народната борба“ од Божин Проданов, „Делчев апостолот“ од Стефан Аврамов, „Јаворов за Гоце Делчев“, како и белешка од редакцискиот одбор за дејноста на Гоце Делчев, но централно место зазема статијата „Гоце Делчев како националнореволуционерен стратег“. Во неа јасно и прецизно се изнесуваат погледите и стратегијата на Гоце Делчев за националното ослободување на Македонија: „Гоце Делчев не беше марксистички деец од типот на Благоев и Кирков, туку огнен националреволуционер. Кон крајот на 19 и во почетокот на 20 век во Македонија претстоеше не социјалистичка туку национална револуција. Гоце Делчев правилно го сфати тоа и бестрашно ги направи потребните чекори“. Статијата потврдува дека Гоце Делчев, како ретко кој друг македонски револуционер во тоа време, „совршено правилно сфатил дека македонското прашање како национално прашање неразделиво е сврзано со ликвидирање на остатоците на турскиот феудализам и за извојување демократија, земја за селаните и економски, политички и духовно-културни права и слобода на целиот народ“. Текстот завршува со констатацијата дека Гоце Делчев со сигурност тргнал по „единствениот можен пат“, односно по „патот на сплотување на сите македонски народни сили во општ националнореволуционерен фронт за реализирање на поставената цел и за отфрлање на сите влијанија одозгора или отстрана“.

Војводата Михаил Чаков е човекот што ги откопа моштите на Гоце од Баница, а потоа и ги зачува во Софија, за да може подоцна да бидат префрлени во Скопје, во ослободениот дел на Македонија. Во интервјуто тој се задржува на многу непознати податоци од револуционерната дејност на Гоце, а особено опширно на описот на Гоцевата смрт, со оглед на тоа што тој бил во непосредна близина кога тој бил убиен. Кукушанецот Туше Делииванов, сограѓанин на Делчев, бивш училиштен инспектор и член на Задграничното претставништво на ВМРО во 1902 година, зборува за познанството со Гоце уште од детските денови, но блиски пријатели станале во Софија за време на училишниот распуст во 1894 година.

На крајот од интервјуто, на прашањето каков бил Гоце Делчев во револуционерното македонско движење, Делииванов одговара: „Гоце беше најобичниот од сите во македонското револуционерно движење. Само оној што не го познаваше, само тој не беше готов да тргне со него“. Дополнувајќи го одговорот на Делииванов, војводата Герџиков, еден од најблиските луѓе на Делчев, вели дека „за македонското револуционерно движење Гоце Делчев беше тоа што Левски беше за бугарскиот и Мацина за италијанскиот народ. Но тој беше и нешто друго, вели Герџиков, тој беше совеста на македонскиот револуционер; единствено тој можеше да ги регулира односите меѓу одделните членови на организацијата влезени во неа во разни услови, со разни идеологии, со различно образование, со различно воспитание, излезени од најразлични социјални средини“.

На средба со Јане

Благодарение на тоа што печатарскиот отпечаток на овој специјален весник за Гоце некако бил спасен и се чува во НУБ „Св. Климент Охридски“, сега може да се прочитаат редица автентични сведоштва на луѓе што биле блиски до Гоце Делчев, го познавале лично или имале можност изворно да слушаат за него од негови пријатели и соборци. Во средината на весникот, на петтата страница, објавени е графика со ликовите на Гоце Делчев и на Јане Сандански, а заедно со неа и текстот на Иван Харизанов за неразделните врски меѓу нив двајцата. Харизанов пишува дека Гоце и Јане остро и упорно се спротивставиле на идејата за востание. Според Иван Харизанов, по средбата со Даме Груев во Солун, „Гоце се упати на пат кон пиринскиот цар Јане Сандански за да се консултира со него за ставот околу дигањето на востанието, но не успеа да стигне до Јане, зашто на патот го пронижа непријателскиот куршум“.
Во продолжение на оваа статија, напишана во 1938 година, значи само 35 години по Илинденското востание, од сведок на тие настани со право се констатира дека „историјата не може да го дознае евентуалното решение на тие два гиганта на револуцијата ако се сретнеа“ и ние сме лишени можеби од една најдраматична страница од историјата на организацијата.
Многу интересен е и третиот текст на истата страница посветен на Гоце Делчев како „совршен водач“ во кој сосема јасно се укажува на тоа дека „колку што Левски има заслуга за слободата на бугарскиот народ, толку, и повеќе, Гоце Делчев со своите далековиди револуционерни гледишта придонел за осознавањето и националната слобода на македонскиот народ“. Текстот завршува со тоа дека „Гоце Делчев немаше личен живот. Тој не припаѓаше на себеси, не само по форма, како другите, туку и по суштествување. Им припаѓаше на илјадниците што ги разбуди и што ги водеше кон ослободување. Таканаречените човечки радости беа непознати за него, зашто надвор од борбата, надвор од народот за него немаше ниту смисла ниту радост. Такво саможртвување е свето и достојно само на малкумина под сонцето“.

Борба за Македонија!

Во овој забранет весник за Гоце е публикуван и разговор со дедо Кољо Чобанинот, кој, прашан за тоа каква цел имал Делчев во борбата, одговара дека неговата главна цел била „да ја ослободи Македонија и да ја зачува нејзината независност. Ако не го направиме тоа, Македонија ќе падне под некоја од балканските држави или ќе биде разделена меѓу нив“, велеше Гоце, сведочи старецот. Што мислите, го прашуваат старецот во таа 1938 година, ќе се ослободи ли Македонија, а тој одговара: „Ако има кој да ја бара и да се бори за неа, Македонија ќе се ослободи, ако не - робија. Одамна ние ќе се ослободевме ако не се замешаа балканските држави“.
Важни текстови за македонската историја може да се прочитаат и на осмата и на деветтата страница на весникот. Станува збор за текстовите на Ѓорѓи Бакалов, Коста Веселинов, Ѓорѓи Деспотов и на Павел Шатев. Првиот пишува за грижата на Гоце Делчев за револуционерната литература, вториот за тоа како тој ја разбирал националната слобода, третиот пишува за Гоце како национална гордост, додека Павел Шатев се задржува на биографијата на Делчев со темелна анализа на неговата личност. Бакалов, на пример, пишува за печатењето на една француска книга со револуционерна содржина, за која, и покрај сите усилби, не успеал да најде средства. Пред да се откаже од намерата да ја објави „Историјата на еден селанец“ од Ерман и Шатријан, се обратил до Гоце Делчев, образложувајќи му ја содржината на книгата и нејзиното влијание што ќе го има меѓу поробениот народ ако биде објавена. На тоа свое писмо Бакалов добил одговор од Гоце: „Наскоро добив одговор во кој Делчев ја поздрави идејата да се издаде, но и да се распространи во Македонија таа книга. Одговорот на Гоце содржеше конкретен предлог; да се зафатам со преведувањето и со издавањето на книгата од која тој однапред порача 500 примероци за Македонија“
Специјалниот весник за Гоце завршува со текстот на Ангел Динев за „човекот и револуционерот Гоце Делчев“, каде што е опишан еден настан кога Гоце Делчев им простува на врховистичките агенти Ѓорѓи Китанов и Димитар Белев, кои, заедно со Дончо Арамијата, требало да го убијат Гоце негде во Серско. Откако ги фатиле, ги однеле кај него и побарале казна за нив: „Пуштете ги тие луѓе на слобода, им рекол Гоце, пишува Ангел Динев. Тие не се осознаени како Македонци. Однесете се добро со нив и ќе видите дека тие ќе бидат полезни за делото на кое му служиме“. Врховистичките агенти биле ослободени. Мошне интересно е и сведоштвото на Ангел Динев за решеноста на некои македонски револуционери да го убијат кнезот Фердинанд. И во таа пригода Гоце ги спречил луѓето на македонската револуционерна организација. Затоа Ѓорѓи Џабрилов во аголот на последната страница на весникот едноставно само ќе констатира дека „делото на тој голем Македонец создаде легенда од него и го направи наше знаме“. --- надополнето: 8 јуни 2012 во 21:40 ---
http://narodnavolja.com/articles2012/06/txt15.asp
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Од Гоце Делчев многумина од целиот свет вистина би требале и би можеле да научат. Деец од еден најврвен калибар што го родила Македонија. Не го изманипулирал никој, бидејќи не давал да биде изманипулиран(!), еден најголем карактер, најголем пример. Славата му е вечна.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
4 мај, 1903 - 4 мај, 2013

110 години од смртта на Гоце Делчев

Одбележани 110 години од смртта на Гоце Делчев

Со пригодна беседа и положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје денеска беа одбележани 110 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба.

http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=6118
 
P

PewDiePie

Гостин
Еден од најголемите Македонци.

Во меѓувреме официјална Софија и денес не пропушти прилика да апелира ваквите празници да ги празнуваме заедно. :pos:
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
И затоа демек го кажал тоа, дека демек бил "Бугарин" ли? :facepalm:
Или може затоа имал желба коските да му почиваат во "столицата на независна МАКЕДОНИЈА"

На бугарската шизофренија и нема крај.

Чествување пред гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје, "столицата на независна МАКЕДОНИЈА" на 4 мај, 1983 г. заедно со Лика Чопова внуката на Гоце.















ИЗВОР

.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.616
Поени од реакции
711
Гоце Делчев се самоидентификувал како Бугарин. Тоа е факт и не подлежи на коментар. А за зборовите кои е "изјавил" има десетици варијанти и не е сигурно воопшто што точно кажал. Едвај сепак, е токму ова што го кажува, бидејќи неговиот биограф Пејо Јаворов, кој е неотл'чно до него, нема ништо заедничко со географската област Македонија, а е стапнал таму ;)

Самиот факт дека токму комунистите ви дадоа неговите коски, а самиот Колишевски не се искажа никако ласкаво за Гоце е доволен.
 
P

PewDiePie

Гостин
Да вистина толку бил бугарин што живеел и умрел за слободна Македонија, од такви едит од мод. припази на речник како вас.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Присутните Македонци и претставници на македонските организации од соседните држави на Р.Македонија и дијаспората, на семакедонското чествување по повод 142 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, а во организација на Граѓанската иницијатива за национално, културно и духовно обединување на македонскиот народ НЕ-ИМА од Прилеп, одржано на 03.02.2014 година во Прилеп, донесоа:

Д е к л а р а ц и ј а
во врска со државното име на Република Македонија во духот на тематската расправа
ИМЕТО Е ИДЕНТИТЕТ
Со едногласен проглас дека:
Никој и под никакви услови нема право да го промени уставното име на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Затоа што:

1. Во сегашните опшествено политички состојби, Името на државата Македонија е столб на идентитетот на сите Македонци, каде и да се!

2. Македонците од сите делови на Македонија и Дијаспората отфрлаат секаква идеја за референдум во врска со промената на уставното име на Република Македонија!

3. Правото на самоопределување и на самоидентификација е суверено, неприкосновено и неотуѓиво право на секој поединец на земјината топка, па и на Македонците.

4. Ниту еден поединец, политичка партија или организација нема право да презема никакви активности за промена на државното име на Република Македонија, загрозувајќи го идентитетот на македонскиот народ. Таквата активност претставува чин на предавство кон сопствениот народ!

5. Ние Македонците не сме ни антички, ни словенски, ни бронзени, ни железни, едноставно, ние сме Македонци ,нашиот идентитет произлегува од нашите огништа во нашата татковина Македонија!

6. Секое продолжување на разговорите за промена на државното име
Македонија е ризично за опстојот на македонскиот народ.

7. Македонскиот јазик и писмо се признати во Организацијата на обединетите нации. Промената на државното име Република Македонија ќе го загрози ова веќе признато право, а ќе ги загрози и стекнатите права на Македонците во државите во кои се признати како Македонци.

http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=30498

http://www.kanalvizija.com/index.php/2011-06-30-23-44-03/1275-2014-02-04-13-16-17
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
227
Поени од реакции
203
Ах... пусто турско.
Како сакаме, така читаме.
Не, драг пријателе, не со тие камења.

1. Гоце за болест ги гледа отцепувањата и разединувањата внатре во бугарскиот народ.
2. А наш долг е да не подлегнуваме на тие разединувања / егзархисти, патријаршисти и так нататак...
3. Колку глави - толку капетани, тоа пак е грчката болест, секој војвода со својата чета се стремел да си исполни лични интереси преку Организацијата, запоставувајќи ја каузата: автономна Македонија и Одринско, како прв чекор кон спојување со останатиот дел на Бугарија.

Овој пост е пренесен од друга тема. Јас поголема глупост од тоа болдираното немам видено. Ова ти е Одринско,






а Македонија знаеш каде е. Ај те молам кажи ми со кој останат дел од Бугарија би требало да се припојат Македонија и Одринско? Дали Гоце сакал да формира држава во рамките на Бугарија? Значи факт е дека Гоце сакал да формира заедничка држава на Македонците и Одринците, но и тие биле исти како што сте Вие денес, безобразни и без осет!

ПС Ако имаш нешто да кажеш, те молам поткрепи го со факти.
 
Последно уредено:

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Овој пост е пренесен од друга тема. Јас поголема глупост од тоа болдираното немам видено. Ова ти е Одринско,






а Македонија знаеш каде е. Ај те молам кажи ми со кој останат дел од Бугарија би требало да се припојат Македонија и Одринско? Дали Гоце сакал да формира држава во рамките на Бугарија? Значи факт е дека Гоце сакал да формира заедничка држава на Македонците и Одринците, но и тие биле исти како што сте Вие денес, безобразни и без осет!

ПС Ако имаш нешто да кажеш, те молам поткрепи го со факти.
Море чоек, болдираното се зборови на Гоце Делчев. Нив ли ги најде за глупост?

Со вазалното, но де-факто независно Кнежество Бугарија формирано во 1879 со Трновскиот устав. http://en.wikipedia.org/wiki/Principality_of_Bulgaria
Capture.JPG
Картата која ти си ја презентирал е на Одринскиот вилает, кој не се совпаѓа со регионот Одринско т.е. Тракија, исто како што и Македонија била поделена на солунски, косовски и битолски вилает.

Ако одиме со романтиката дека БМОРК е создадена од Македонци, тогаш кои се тие Македонци кои живееле во Одринско? Што е тоа кое ги поврзува до толку Македонија и Одринско, да е основана заедничка револуционерна организација?

Одговорот:
Население во Одрински вилает по националност, според белгискиот Ons Volk Ontwaakt:
Праволславни и муслимани Бугари 485.000
Православни и муслимани Турци 253.000
Православни Грци 220.000...

Население во Солунски вилает по националност, ист извор:
Турци 335.000
Православни и муслимани Бугари 144.000
Православни и муслимани Власи 205.000
Православни Грци 168.000...

Население во Косовски вилает по националност, ист извор:
Муслимани Албанци 418.000
Православни и муслимани Бугари 264.000
Православни Срби 113.000...
http://en.wikipedia.org/wiki/Vilayet

Гоце и БМОРК се бореле за политичка автономија на Македонија и Одринско. Румелија веќе имала автономија и била во персонална унија со Бугарија. Природниот тек на настаните секако ќе резултирал со обединување на Бугарите во една држава.

Големосрпските претензии кон Македонија и преземањето на окупацијата од Османлиите врз вардарскиот дел на Македонија, довел до Втората балканска војна, каде Бугарија ги побарала од Грција и Србија териториите каде живеат Бугари, но сама против сите доживеала неуспех, со што почнува процесот грчка и српска асимилација. Во Грција таа била во целост спроведена, во голем дел со протерување/геноцид врз негрчкото население во Беломорска Македонија, додека Србите доживеале неуспех.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
227
Поени од реакции
203
Море чоек, болдираното се зборови на Гоце Делчев. Нив ли ги најде за глупост?
Поентата ми беше да го болдирам само твојот коментар, ама сум болдирал повеќае. Ќе напоменам, писмото е до Никола Малешевски Русински кој има напишано "Аз смјатам, че всички апостоли изпратени от С'рбија, Б'лгарија, Г'рција и другаде, са чужди агенти. Ние сме македонци; може нјакој да симпатизира на с'рбите, други на г'рците, б'лгарите и т.н., но това не ни ангажира да предаваме нашите народни интереси на тија на които симпатизираме ... Македонија не е нито ср'бска, нито гр'цка, нито б'лгарска." Русински, Никола. Принос к'м историјата на В'трешната Македоно-Одринска револјуционна организација за времето 1900-1903. Софија, 1936., с.5-6>.

Кажи ми каква ќе биде поентата на ваков човек да му пишеш дека „ние сме си Блгари“? Каква би била сврхата ти мене да ми кажеш дека „ние сме си Блгари“? Дискусија е размена на гледишта и податоци, а наметнување став е безцелна дискусија.


Картата која ти си ја презентирал е на Одринскиот вилает, кој не се совпаѓа со регионот Одринско т.е. Тракија, исто како што и Македонија била поделена на солунски, косовски и битолски вилает.
Ова е твое размислување, но дали е точно? Повели:
Одринскијат револјуционен окр'г на В'трешната македоно-одринска револјуционна организација бил част от структурите на револјуционната мрежа и обхваштал Одринскија вилает. Тази територија заемала зоната отЧерно море до река Места и от тогавашната б'лгаро-турска граница до Мраморно и Бјало море.



Гоце и БМОРК се бореле за политичка автономија на Македонија и Одринско. Румелија веќе имала автономија и била во персонална унија со Бугарија. Природниот тек на настаните секако ќе резултирал со обединување на Бугарите во една држава.
Гоце се борел за обединување на Македонија и Одринско со (Кнежевство)Бугарија??? Јас не сакам да ти го наметнувам моето мислење, затоа прочитај самиот:
когато наст'пи в'рховнијат момент да вдигнем в'стание, сами ли ште го изнесем или ште разчитаме на с'дејствието и намесата на Б'лгарија, и второ: за автономијата на Македонија и Одринско ли ште се борим или за прис'единјаването ни к'м обштото отечество Б'лгарија?
Една вечер зададох този в'прос на Гоце. Тој се позамисли малко и ми даде следнија отговор: “ Ние трјабва м'жки да работим и да се организираме и в'ор'жим така добре, штото да изнесем борбата на свои плешти, без да разчитаме на в'ншна намеса.
В'ншната намеса не е желателна от гледна точка на нашето дело. Нашата цел, нашијат идеал е автономијата на Македонија и Одринско, като привлечем в борбата и инородните маси, които живејат в тија области”.

Стојан Лазов
, којто м'лчеше и слушаше, внезапно прек'сна Делчева и започна остро да го критикува..... Вие, македонците, добави тој, може би ште успеете да си с'здадете сами една автономна д'ржава; ние обаче, одринци, не ште можем да придобием својата свобода, освен с вмешателството на Б'лгарија и в нејните граници

Прочитај ја целата препирка на Стојан Лазов(од Одринско) со Гоце и види самиот каков пристап имале Македонците, а каков Одринците.
http://www.promacedonia.org/dv/dv_24.html

Дали би можело да биде вистина тоа што го наметнувате, Македонците и Одринците да се нарекувале со заедничко име Бугари? Дали по создавањето на Кнежевството Бугарија терминот Бугарин добива друго значење? Како и да е, Гоце Делчев прави јасна разлика меѓу б'лгарските и македонски патриоти:
„Тук е ковалнјата на новините, но те служат само да се гадилкат патриотическите чувства на б'лгарските и македонски патриоти.“
---
Доколку Гоце се сметал себе си за Бугарин, дали би напишал „ Ако б'лгарите не беха глупави, немаше толкоз да тлејат в робство.
Чудни са хората, но оште по-чудни се јавјават тез господиновци, които с своето писмо, п'лно с нелепости, отправено до Иванови, правјат човек да се пр'сне от јад. Сега вече вервам да са се помирили с положението си и са почнали редовно да ти предават д'лгите. Гледи колкото е в'зможно по-скоро да се изнасјат. Заштото не може човек да предвиди шарлатанството на хората…“

Ај да не ги редам повторно писмата на Гоце, прегледај ги страните 9 и 10, има извадоци од некои писма и линк до писмата на Гоце. На стр.8 има интересно видео од еден стар вмровец.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom