Да!
tilt напиша:
„Господе чувај ме од пријателите, од непријателите сам ќе се чувам.“ Што мислите вие дали држи вода изрекава? И како вие се чувате од вашите пријателите? Дали досега пријателот од кој најмалку сте очекувале ви го има забиено ножот во грб?
Изреката многу држи место, првенствено затоа што кога знаеш кој ти е непријател многу е полесно од него да се чуваш, додека ако станува збор за пријател никогаш не можеш да бидеш сигурен...освен во ретки случаи.Сега овде се надоврзувам со една друга поговорка
„Најдобар начин за да го разоружаш противникот е да го наведеш да поверува дека си на негова страна.“
За забивањето нож во грб, не би го нарекла така, но ми се има случено нешто слично, скоро со единствената личност на која и верував во тој временски период и навистина болеше фактот дека сосема го занемарила тоа дека јас барам од неа доверба, иако до ден денес дружиме, тоа е нешто што сеуште го немам заборавено.
Кога некој на кој толку многу му веруваш, те изневери на било кој начин, тогаш довербата никогаш целосно нема да се поврати.:nenene: