Тарчуловкси е осуден за убиство на над 10 цивили, осуден, значи се знае дека е виновен, не бараа албанците тој да не биде опфатен со амнестијата, туку така одлучија од ХАГ...
Талат не е во тоа место заради пазарења или за притисоци, ако е за тоа и јас сум против тоа, мене лично од ДУИ ме добија со тоа кога велеа дека 2001 треба да се остави назад....
Со таков образ каде ќе дели пакетчиња за сите загинати во 2001, можеби е глупо и наивно но 2001 треба да ја гледаме како случка која ги зацврсти темелите на државата......реално е така, секакво решение различно на ова денешново би било погубно за Македонија...
И албанците имаа жртви, но дали си слушал некој да се жали?
Минатото треба да се заборави, треба напред да погледнеме...
Стварно не знам, но некако премногу лично ги земате работите, можеби и јас погрешно гледам, можеби и навистина ова е игра на партиите, но уверете се дека обичниот албанец треба да го исклучете од листата на виновниците....
Која е разликата ? Едниот убиваше Aлбанци, другиот Mакедонци....ако тебе ти пречи Јохан,мене ми пречи Талат. Хаг не ми е никакво мерило за ништо,ниту за осудени Mакедонци, ни за Срби, ни за Албанци, ни Хрвати, ни Бошњаци. Тој "суд" цело време покажува дека функционира по одредени квоти и е во служба на некоја повисока политика. Не викам дека е Јохан ангелче и комплетно невин, но тоа што е осуден од Хаг или што Хаг некого ослободил ми значи колку што ми значи и ланскиот снег. Да го осудеше македонски/албански или било кој друго суд ОК,ама Хаг......ич не ми е гајле што е некој осуден/ослободен од таа пародија на правдата.
Талат ако не си приметил е на тоа место баш ради притисоци и пазарења. Он како министер за одбрана на РМ нема што да дели пакетчиња и на загинатите од УЧК.... УЧК не е АРМ.
УЧК беше амнестирана, си ги доби правата, си го добија својот дел. Но да ја израмнуваш со АРМ и да ја ставаш заедно под иста капа на министерството за одбрана е перверзија. Се што го засега УЧК не би требало да е било каков проблем на министерството за одбрана и исто така нема што учките да ги интересира АРМ.
И албанците имаа жртви, затоа нема на чело на некои си здруженија на ветераните на УЧК некој официр од АРМ. Ако сега ги води учките некој официр на АРМ од 2001,за кој се знае дека извршувал предавство и дека убил доста луѓе тек тогаш може Талат да е на чело на АРМ. Јас тоа тешко да го заборавам, а не пак некој што изгубил некого.
2001 никако не може да се остави и не смее да се остави назад како да не биднало,пу пу не важи. Е нема така, 2001 не може да се остави назад. Таа година и тој конфликт ја направија Македонија каква што е. Само поради тој факт не може да се остави назад. Да не го зимаме и фактот што стотици луѓе ги изгубија животите,други имотите,трети здравјето. Тоа нема да се заборави. Нема,а и не треба ниту во наредните 50-60 години.
Тоа што го прават политичарите се одразува на обичниот албанец/македонец.Не можам да удрам по Талат, ќе удрам по Артим од Чаир на пример.
Сите знаат дека е провокација Талат и дека тоа отвара многу рани кои тек сега почнаа да зараснуваат и пак се направи тој потег. Кога знаеш дека на некој нешто му пречи не го правиш тоа,освен ако немаш лоши намери и сакаш да направиш рчка со него или да го малтретираш.Талат министер за одбрана ги врати меѓуетничките односи 10 години назад....
Не ми е многу по ќеиф албанец министер за одбрана,ама ете не бил во УЧК,не убил војници би го прифатил за министер.Тоа е компромис......тебе ти е во интерс командант на УЧК да биде министер за одбрана,мене македонец..........комрпомис - албанец што не бил припадник на УЧК.Не само што овој бил припадник туку е и доста контроверзна личност која има доста крв на своите раце.
Морално одвратно е тој сега да се појавува пред истите тие што ги пукаше и што им уби соборци...
Исто како што би било одратно Стојанче Ангелов сега да е на чело на некоја организација на борците на УЧК.