- Член од
- 9 мај 2006
- Мислења
- 150
- Поени од реакции
- 7
Можам само да ти ја препорачам книгата на историчарот полковник Ванчо Стојчев „Воена историја на Македонија“, но за жал македонското издание е комплетно распродадено, а исто така и англиското - од кое неколку примероци се земени и во Пентагон, што лично авторот ми го потврди. Според зборовите на самиот автор во најава е повторно печатење на изданијата, но би можел да ги побараш по нашите библиотеки.
Јас располагам само со примерок на англиското издание, а ознаката е - ISBN 9989-134-05-7.
Книгата има два дела, а вториот дел е составен од илустрации, графики и карти на борбените операции на македонските војски - почнувајќи од етничките граници на Македонија, приказот на Македонската Фаланга, битките кај Херонеа, кај Граник... до борбените операции на 15-тиот Македонски корпус (составен од 42-та дивизија, и 48-та дивизија) од Скопје преку Срем до Словенија и назад.
Значи „покриен“ е период од околу 2300 години.