Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Охриѓаните да копираа услуга ќе имаше туризам. Затоа, услугата во Охрид е уникатна, затоа што ја нема :)
....
Па околу тоа мислев..Види сега со никаква услуга преполн е градот, замисли што ќе биде ако се однесуваат како треба. Јас би замолил да се понекултурни и понеуслужливи бидејќи што е многу многу е од туристи.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Па околу тоа мислев..Види сега со никаква услуга преполн е градот, замисли што ќе биде ако се однесуваат како треба.
Ако се однесуваат како што треба побарувачката ќе порасне а охрид има ограничени капацитети, што логично би довело до дигање на цената на понудата. Значи туристи повеќе нема да има, туку туристите ќе теба да даваат повеќе пари а за сметка на тоа ќе добиваат поголем квалитет, а туристичките работници ќе заработуваат доволно од трите летни месеци за да не мораат ништо да работат преку зима и да ги реновираат и подноват туристичките капацитети на пролет.
Нормлано тие што сега се шлепаат на 300 денари сместување веќе нема да можат да си го приуштат охрид па ќе се пренасочат кон поевтини летувалишта. А ако неможат да излезат од државава, тогаш ќе ги окупираат преспа, дорјан и поголемите акумилации.
 

klime7

vending
Член од
6 ноември 2007
Мислења
1.241
Поени од реакции
52
Значи во Охрид ќе имат туристи, и тоа од година во година се поголем ќе биде бројот, па ако сакате навистина да помогнете т.е. ако целта на бојкотот е да се промени свеста кај одреден дел од т.н. квази туроператори(или барем тоа се мислат дека се), мислам дека попаметно ќе ви бидит парите, нервите, времето и се што ќе потрошите на овој бојкот да го инвестирате во едукација на туристичкиве работници во Охрид.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ако се однесуваат како што треба побарувачката ќе порасне а охрид има ...
Па така, пазарна економија. Тоа е сосема логично. Јас имав некаде и претходно напишано. Ако веќе доаѓаат некои туристи, нека бидат барем посаглам.Нема место за сите.

Но со тоа ќе ја убиеш средната и ниска класа претеденти за Охрид. И не правиш некоја полза и така ни е народот убиен во поим.
И нема истото смисла.
Нека остане Охрид за нормални луѓе. Поимотните нека одат кај им се може.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ацид, едно прашање чисто ради шо ме интересират.

Зш праеше монтажа на потписот твој?
 

Co.oL

мафеЗ друарЧе ауФ
Член од
3 април 2008
Мислења
27
Поени од реакции
3
Единствен квалитетен совет што Охриѓани можат да го извлечат т.е. украдат на некој начин од бојкотот, е да се земат на себе и сами да си го подобрат пристапот кон туризмот како сериозен двигател на економијата на таа општина.
Гледајќи ги охридските туристички работници и нивната работа може да се заклучи дека квази туризмот и професионалниот туризам си ги имаат сменето местата како поими.
Процентуалната застапеност е обратно пропорционална , некаде се движи 90 % квази (т.е. плукни,залепи, земи пари) и 10% нормален (професионален туризам).
Во секоја нормална туристичка област, не правам разлика за држава, овој процент е ист, но обратен. Губат време на реклами во весници за автокампови со цени од замисли 750 денари (во евра како споредба од околните балкански туристички понуди) тоа се сериозни 12 евра за кои добиваш 1/2 двокреветна соба со клима посебно ве-це и пристап до кујна, во тврда градба се подразбира (вила). И на ова кога ќе ми речат кампот бил за 4 души. ЗА КОЛКУ!?!?!? (ако мислиш на домашни миленичиња, тогаш ок)
Охрид ја нема просечната македонска економија и не треба да се споредуваат со неа, бидејќи го има едно од поубавите езера во светот и треба да се срамат, затоа што едни црногорци, поим за мрза ги надминаа во секој поглед.
Совет, не лежете преку зима и не ги трошете залудно парите заработени преку лето и сами индивидуално и самоиницијативно приватно и лично , нечекајќи од државата (излечете се побрзо од пост-транзициските и социјалистички трауми) вложете го својот труд во солидна инфраструктура и станете конкурентни на регионалниот туризам. За светскиот сте премногу далеку (иако во регионов го има).:kesa:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Монтажа? :nesvest:
Да, членот кој ти има дадено репутација, е без репутација, па не би можело да ти се појави црвено квадратче во КП... освен ако не си го монтирал.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Да, членот кој ти има дадено репутација, е без репутација, па не би можело да ти се појави црвено квадратче во КП... освен ако не си го монтирал.
Грешка си Фиwипчо.

Членот кој ми има дадено црвено имаше репутација кога ми го даде „црвенкото“, ама затоа што и јас му вратив со иста мера - повеќе нема репутација. Ах бе Охриѓани, пак ве изневерува логиката. Мислете на туризам, а не на зелени и црвенки :back:

Од 3 напишани постови денес на темава, 3 ти се офтопик.
Назад на темата.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Па така, пазарна економија. Тоа е сосема логично. Јас имав некаде и претходно напишано. Ако веќе доаѓаат некои туристи, нека бидат барем посаглам.Нема место за сите.

Но со тоа ќе ја убиеш средната и ниска класа претеденти за Охрид. И не правиш некоја полза и така ни е народот убиен во поим.
И нема истото смисла.
Нека остане Охрид за нормални луѓе. Поимотните нека одат кај им се може.
Што да се прави кога капитализмот е сурова работа.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ме нервира што темава прерасна во "Јас да бев Охриѓанец,вака и вака".

Она што е факт,дека напињаат со цени и арогантност зашто им се може.
И вие да бевте на тоа место,ќе праевте исто,затоа не мора да давате морални коментари.Ќе биде штета да се сврти темата на муабети како,метафора,ја да бев политичар,немаше да крадам:kesa:

Им се може,затоа и се такви.
Целта на бојкотот е специфично да ги удриме каде што ќе ги боли,финансиски,а не со мали приказни за деца.

Колку од нас реално нема да одат во Охрид годинава од сите што мрчат?
Ја,Acid и Мистик?

Некој друг,онака случајно?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Охрид нема да биде за "нормалните" луѓе.Оние со помали примања секогаш ќе си ги имаат Преспа,Дојран и Матка.
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Е, браво за постов погоре.

Стварно, ај остајте ги услугите, уживајте на езерото и убавите плажи... ЛЕто е бе, еј! :smir:

А на Охриѓани че му врати Госпо ако се лоши! =)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom