ЗНАЧИ!
Се обидов да стојам понастрана од целава тема, и сите препуцавања, како и натпреварувањата кој ќе измисли по kewl потпис, ама морав да им порачам нешто на угостителите, без разлика дали се од Охрид, Преспа, Дојран или Свирипичино. So, we come in peace.
Многу од вас и самите се изјаснија дека од туризмот живеат и дека би било неубаво доколку некој се обиде да ги попречи во работењето. И да, вие сте мирни, бојкотот нема да успее и пак сите ќе одат во Охрид. Но, има една работа која би требале да ја земете предвид.
Како жители на туристичко место, вие треба да бидете “програмирани“ да се однесувате убаво, особено во тие три месеци, за време на сезоната. Останатите девет месеци можете слободно да се испоубиете меѓу себе, ама кога ќе дојдат луѓе кои ви оставаат пари, и со чии пари вие живете тие останати девет месеци, покажете малку почит. Никој не сака да биде понижуван, особено од оној од кој очекува да биде третиран на одреден начин. Тоа дека муштерија е секогаш во право е излитено, но до некаде и точно клише. Јасно е дека не сакате пијани копиљаци да ви го кршат инвентарот, но зошто да ги ставате во иста кошница со пристојни луѓе кои дошле да се одморат, а не да се уморат од намрштени келнерки? Само затоа што се скопјани?
И ослободете се од тој комплекс дека странците мора да бидат подобро услужени. Не мора да значи дека ако е странец ќе остави повеќе пари. На крајот на краиштата, да имал толку пари, ќе отидел на место достојно на неговата материјална состојба.
На крајот, работите се сведуваат на едно. Не е решението да се бојкотира Охрид. Многу е поважно да се открие проблемот кој доведува до желбата за бојкот. А проблемот, очигледно постои, со толку незадоволни муштерии. И наместо да се препукувате кој е во право а кој не, обидете се да го откриете и решите проблемот.
Благодарам.