Гемак клуб?

H

HITCH

Гостин
Јас не знам кај ве најдуваат вакви клубови пари да ви земат :icon_lol:, кај мене не да не поминуваат вакви работи туку ако некој е досаден отворено му викам чао и пријатно :icon_lol:.
Убаво е се` да чуеш и да видиш, ама кога ќе дојде делот дека ти треба да им дадеш нив, макар и денар, замини си. :LOL:
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
27
Поени од реакции
1
А што ако некој пријател едноставно ви подари картичка од интернационална групација со која имате попуст во различни дејности. И толку. Ни пари ви бара за нешто, ни ви досаѓа... Само ви подарува картичка со која си купувате производи на попуст... во Техномаркет, Веро, Симпо, бензински станици, маркети, кафичи, ресторани...?

Овие Гемак не ми се познати ама познавам луѓе кои се изгореле таму. Не би ги коментирал нив. Тоа е очигледно производ на некои наши локални преваранти. Би сакал коментар на претходното... баталете го гемак.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
А што ако некој пријател едноставно ви подари картичка од интернационална групација со која имате попуст во различни дејности. И толку. Ни пари ви бара за нешто, ни ви досаѓа... Само ви подарува картичка со која си купувате производи на попуст... во Техномаркет, Веро, Симпо, бензински станици, маркети, кафичи, ресторани...?
А позади МТВ даваат ли попуст со картичката?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
А позади МТВ даваат ли попуст со картичката?
Ха-хахаха .... и мене ме интересира дали има таква картичка, која се овозможува попуст за услугите кои се нудат позади МТВ....
--- надополнето: 26 август 2012 во 00:27 ---
А што ако некој пријател едноставно ви подари картичка од интернационална групација со која имате попуст во различни дејности. И толку. Ни пари ви бара за нешто, ни ви досаѓа... Само ви подарува картичка со која си купувате производи на попуст... во Техномаркет, Веро, Симпо, бензински станици, маркети, кафичи, ресторани...?

Овие Гемак не ми се познати ама познавам луѓе кои се изгореле таму. Не би ги коментирал нив. Тоа е очигледно производ на некои наши локални преваранти. Би сакал коментар на претходното... баталете го гемак.
Александре, зошто некој би ти дал таква картичка? Затоа што си му симпатичен?
Да не пишува SC Net на картичката? Не се замарај со вакви срања....и провери ги сите детали пред да ја употребуваш....
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
27
Поени од реакции
1
Александре, зошто некој би ти дал таква картичка? Затоа што си му симпатичен?
Да не пишува SC Net на картичката? Не се замарај со вакви срања....и провери ги сите детали пред да ја употребуваш....
Не прашувај зошто ;)
Можда некој на некого му е симпатичен, ама картичката би му ја подарил затоа што и двајцата би имале корист. Да одговорам на прашањата... Не го пишува тоа на картичката. И сите детали се проверени.

А ако некој сака таква картичка јас би му ја подарил веднаш. Тој или таа треба само да ја покаже во соодветните продавници и да си добие попуст. И толку. Нити е нешто комплицирано, нити е заморно... (А можда ќе добие попуст и позади МТВ...) :P
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
А што ако некој пријател едноставно ви подари картичка од интернационална групација со која имате попуст во различни дејности. И толку. Ни пари ви бара за нешто, ни ви досаѓа... Само ви подарува картичка со која си купувате производи на попуст... во Техномаркет, Веро, Симпо, бензински станици, маркети, кафичи, ресторани...?

Овие Гемак не ми се познати ама познавам луѓе кои се изгореле таму. Не би ги коментирал нив. Тоа е очигледно производ на некои наши локални преваранти. Би сакал коментар на претходното... баталете го гемак.
Не е тоа пирадимална измама туку , се работи за друг систем само тој другарот не знаел да ти објасни што е тоа, а сака човекот бизнис да тера, мој совет ако е тоа што мислам дека е нејќам да спомнувам име на картици, иди во тие компании што ги наброја и прашај ги дали ако купиш од кај нив ќе ти рефундираат(вратат) дел од парите со таа картичка ако е така тогаш ок е и легална е работава , и плус ако таа компанија има свое претставништво има свој вработени тука тогаш се е ок, ако тоа го нема не си играј играчки бегај.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
No free lunch!!!!
Шо е финтата, а? Така некој ќе ти даде... абе ајде!
 
H

HITCH

Гостин
Не прашувај зошто ;)
Можда некој на некого му е симпатичен, ама картичката би му ја подарил затоа што и двајцата би имале корист. Да одговорам на прашањата... Не го пишува тоа на картичката. И сите детали се проверени.

А ако некој сака таква картичка јас би му ја подарил веднаш. Тој или таа треба само да ја покаже во соодветните продавници и да си добие попуст. И толку. Нити е нешто комплицирано, нити е заморно... (А можда ќе добие попуст и позади МТВ...) :P
Да, во држава каде просечна плата е 200 евра, ова е супер начин да му го доуништиш животот на некој „пријател.“
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Не прашувај зошто ;)
Можда некој на некого му е симпатичен, ама картичката би му ја подарил затоа што и двајцата би имале корист. Да одговорам на прашањата... Не го пишува тоа на картичката. И сите детали се проверени.

А ако некој сака таква картичка јас би му ја подарил веднаш. Тој или таа треба само да ја покаже во соодветните продавници и да си добие попуст. И толку. Нити е нешто комплицирано, нити е заморно... (А можда ќе добие попуст и позади МТВ...) :P
Е ако има и за таму попуст тогаш сум заинтересиран!:LOL:
А бре батали ги тие работи, ни баба на дедо не му дава џабе денес!
Инаку и една банка се обиде (Стопанска) со Тедико мислам 2% даваа, на сите пазарења со нивна картичка.... Страва попуст човеку! Пазари 5 иљади месечно цели 100 денари! За 10,000 цели 200 ќе заштедиш!.... Повеќе ќе дадеш за кесите купувајки, кои неовластено ги продават! Нели истите треба да ги исфрлат од употреба, а веќе кога ги нудат, тоа треба да го прават бесплатно бидејки логото го има на нив или реклама од фирмата.... Веројатно СТБ има таков договор и со другите трговци или можеби се лажам!? Да ја извадиш и годишна членарина на да речеме дебитна/кредитна картичката 1000-1500..... месечно водење сметка 50-60 денари... и сега 100 денари кои ќе ги заштедиш од Тедико или кој и да е ќе ќариш ептен! Сакам да кажам дека ако ја вадиш само за таа намена, а не за друга ќе излезеш зијан секако, затоа што веќе тоа со попусти во Тедико мислам дека не важи!? Никој барем не го спомнува тоа со месеци!
Ете и овие кои ги спомнав Тедико, и тие имаат клуб картичка која никогаш не ми ја побарале... ме мрзи да станам да ја побарам и од месариве некои беа...Промес или Римес можеби? Клуб картичка, жими-џими.... на почеток имаа на каса една таква и при секое купување титкаа со тоа бар код читачот за секој купувач, а при секое купување ме прашуваа дали имам картичка?... Сега веќе не ни бараат!
Фрли у ѓубре тоа пријателе.... нема да трае ни месец дена!
Сега најново на ФБ излегова едни фраери: ‘‘Сакам попуст‘‘.... и сето тоа помислив можеби би функционирало во некои други времиња.... ОК велам и овде убаво... но што читам карикирам сега: вика сендвич што кошта 80 денари, ако го уплатиш кај нив 50 Денари... е сега тие се наоѓале у Ѓорче, а сендвичарата у Сингелиќ.... се зезам, електронски иде уплатата... Или палачинки од толку и толку на 69 еееј, Quo vadis бе? Кој ќе ти уплати сендвич електронски... глупост мислам! Мене ми се допаѓа Виски по избор и тоа - Бим Вокер Балантајн... кое сакаш од 150 на 100 ..... А да одиш на лице место не важи нели? Абе ајде, за промет у чело ќе те бацат!
Уфф ептен ојдов ја! :P Недела јеби га... сабајле! Грдо!
Ми беше зборот, не вредат кај нас вакви картички зачленувања и тн....
Не ми одговори SC Net ли е картичката? И овие од севернио ни сосед пуни се со превара.... плати волку онолку, ама не си можел повеќе од 5,000 Евра! Таква била политиката на фирмата! Не ти дааме бе што сакаш!? Ееееееееј човече, дали да се смеју или да плачу!:pos:
Подалеку од вакви... подалеку од сите што нудат од ракав попусти.... бесплатните работи знаат да те коштаат најскапо!
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
Јас имам слушнато дека има исто некој сличен ваков ланец, со кој купуваш онлине производи, изгледа на пример тинех веро и слично и демек ти давале попуст на тие работи што ги купуваш, а нареден пат ако купиш од истите производи ти давале пари назад некоја си сума бла бла
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
27
Поени од реакции
1
Не е тоа пирадимална измама туку , се работи за друг систем само тој другарот не знаел да ти објасни што е тоа, а сака човекот бизнис да тера, мој совет ако е тоа што мислам дека е нејќам да спомнувам име на картици, иди во тие компании што ги наброја и прашај ги дали ако купиш од кај нив ќе ти рефундираат(вратат) дел од парите со таа картичка ако е така тогаш ок е и легална е работава , и плус ако таа компанија има свое претставништво има свој вработени тука тогаш се е ок, ако тоа го нема не си играј играчки бегај.
Јас во тие компании веќе извесно време купувам и пари се враќаат назад, има можност и за дополнителна заработка (зборувам за чешма што капе а не за извор на богатство преку ноќ). Канцеларијата на фирмата постои во Скопје и си има вработени. Најважно е што никој не ви бара никакви пари за да ви даде картичка со која би имале попуст во наброените фирми и плус други. Изворот на парите е попустот што го дава фирмата која за тоа добива лојални муштерии, а не некакви членарини и слични глупости. Кој сака да добива попусти и да проба да заработи плус некоја пара може да ми прати контакти по порака. А кој мисли на пирамиди, сфинги и фараони нека мисли и понатаму.
--- надополнето: 29 август 2012 во 22:17 ---
...Не ми одговори SC Net ли е картичката?...
Ти одговорив... Ама ај пак... Не е SC Net картичката. И што ли е тоа SC Net??? Не е ни важно.
Сваќам дека народот кај нас е премногу изгорен од разни преваранти. Ама пуст и прост народ... сака преку ноќ да се збогати без работа. Е па... мало морген.
 
H

HITCH

Гостин
Кој сака да добива попусти и да проба да заработи плус некоја пара може да ми прати контакти по порака. А кој мисли на пирамиди, сфинги и фараони нека мисли и понатаму.
Ама пуст и прост народ... сака преку ноќ да се збогати без работа. Е па... мало морген.
Пробај да идеш на пазар со торба, наместо да даваш 2 денари за кеса. За кратко време ќе станеш милионер. :pos:

Види, „фирмата“ за која ти го кажуваш сепак има некоја хиерархија, односно пирамидални бенефиции. Не може некој штотуку зел картичка да ги има истите бенефиции како некој 5 години што пазари на исто место. Патем, како земаат плата вработените, ако ти не плаќаш ништо? Ниту чланарина, ниту ти се одбива од попустите... Прво велиш дека може да се добиваат попусти и да се заработи, а потоа велиш дека преку ноќ нема збогатување?! Одлучи се, де!

Ти навистина мислиш дека има глуп народ што ќе наседне на оваа финта за заработка и попусти?! :tapp:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Се распрашав за далаверата, дури и флаер видов од далаверата и оди работата вака:
Имаш картичка, ОК е...
И, пазаруваш, и со покажувањето на таа картичка добиваш попуст за некој процент...
Финтата е во тоа што ти нудат некои бонуси ако истата ја шириш понатаму (делиш картички) и оние кои пазаруваат фактички ти прават бонус.
Значи, накратко така некако оди оваа работа.
Ебиветар.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А што добива продавницата(производот) кој дава попуст во случајов?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom