Не прашувај зошто
Можда некој на некого му е симпатичен, ама картичката би му ја подарил затоа што и двајцата би имале корист. Да одговорам на прашањата... Не го пишува тоа на картичката. И сите детали се проверени.
А ако некој сака таква картичка јас би му ја подарил веднаш. Тој или таа треба само да ја покаже во соодветните продавници и да си добие попуст. И толку. Нити е нешто комплицирано, нити е заморно... (А можда ќе добие попуст и позади МТВ...)
Е ако има и за таму попуст тогаш сум заинтересиран!
А бре батали ги тие работи, ни баба на дедо не му дава џабе денес!
Инаку и една банка се обиде (Стопанска) со Тедико мислам 2% даваа, на сите пазарења со нивна картичка.... Страва попуст човеку! Пазари 5 иљади месечно цели 100 денари! За 10,000 цели 200 ќе заштедиш!.... Повеќе ќе дадеш за кесите купувајки, кои неовластено ги продават! Нели истите треба да ги исфрлат од употреба, а веќе кога ги нудат, тоа треба да го прават бесплатно бидејки логото го има на нив или реклама од фирмата.... Веројатно СТБ има таков договор и со другите трговци или можеби се лажам!? Да ја извадиш и годишна членарина на да речеме дебитна/кредитна картичката 1000-1500..... месечно водење сметка 50-60 денари... и сега 100 денари кои ќе ги заштедиш од Тедико или кој и да е ќе ќариш ептен! Сакам да кажам дека ако ја вадиш само за таа намена, а не за друга ќе излезеш зијан секако, затоа што веќе тоа со попусти во Тедико мислам дека не важи!? Никој барем не го спомнува тоа со месеци!
Ете и овие кои ги спомнав Тедико, и тие имаат клуб картичка која никогаш не ми ја побарале... ме мрзи да станам да ја побарам и од месариве некои беа...Промес или Римес можеби? Клуб картичка, жими-џими.... на почеток имаа на каса една таква и при секое купување титкаа со тоа бар код читачот за секој купувач, а при секое купување ме прашуваа дали имам картичка?... Сега веќе не ни бараат!
Фрли у ѓубре тоа пријателе.... нема да трае ни месец дена!
Сега најново на ФБ излегова едни фраери: ‘‘Сакам попуст‘‘.... и сето тоа помислив можеби би функционирало во некои други времиња.... ОК велам и овде убаво... но што читам карикирам сега: вика сендвич што кошта 80 денари, ако го уплатиш кај нив 50 Денари... е сега тие се наоѓале у Ѓорче, а сендвичарата у Сингелиќ.... се зезам, електронски иде уплатата... Или палачинки од толку и толку на 69 еееј, Quo vadis бе? Кој ќе ти уплати сендвич електронски... глупост мислам! Мене ми се допаѓа Виски по избор и тоа - Бим Вокер Балантајн... кое сакаш од 150 на 100 ..... А да одиш на лице место не важи нели? Абе ајде, за промет у чело ќе те бацат!
Уфф ептен ојдов ја!
Недела јеби га... сабајле! Грдо!
Ми беше зборот, не вредат кај нас вакви картички зачленувања и тн....
Не ми одговори SC Net ли е картичката? И овие од севернио ни сосед пуни се со превара.... плати волку онолку, ама не си можел повеќе од 5,000 Евра! Таква била политиката на фирмата! Не ти дааме бе што сакаш!? Ееееееееј човече, дали да се смеју или да плачу!
Подалеку од вакви... подалеку од сите што нудат од ракав попусти.... бесплатните работи знаат да те коштаат најскапо!