Ајде вака една хипотетичка ситуација (добро не е баш таква ама ок...
) Одиш со некој над две години, се сакате, но раскинувате заради некоја глупост (неповрзана со неверство, губење на љубов или сл.) и си давате рок една недела за да размислите дали ќе продолжите заедно или не. Во тој период партнерот ве изневерува (со друг(а),но без секс). Дознавате за оваа ситуација, се конфронтирате со партнерот и дефинитивно раскинувате. Една недела по ова партнерот сака да се смирите, барајќи прошка (не знаел(а) колку сте му(и) значеле дотогаш и колку многу ве сакал(а)...) и втора шанса.
Вие сеуште го(ја) сакате и сакате да ја продолжите врската, но не сте сигурни дали би го заборавиле или целосно простиле неверството,и сте целосно повредени со тој чин.
Дали и под кои услови би ја дале втората шанса?