D
DartWader
Гостин
"One of the great laws of war is Never invade Russia" - Field Marshal Bernard Montgomery
Паметен човек бил."One of the great laws of war is Never invade Russia" - Field Marshal Bernard Montgomery
Повторно ќе кажам, како ќе пренесат и ќе снабдуваат војска 7000 км оддалечена од Владивосток единственото големо пристаниште на пацификот кое е замрзнато преку цела зима а и преку есен и пролет?Како бе јакиот клучен град? Владивосток е од огромно стратешко значење за Русија! Најголемото руско пристаниште на Пацификот, во близина на границата со Кина, Северна Кореја и Јапонија. Размисли кое значење би го имало за Јапонија во идните походи кон Русија тој град! Целата воена флота би се истоварила тука и од тука би следувале сите походи кон западниот дел.
За авијацијата: првин ќе ги бомбардирле наисточните делови и фабрики до Јапонија, за полесно да можат да ги освојат. Откако би добиле бази на руска територија, тогаш би следувал пожесток напад.
Мала поправка само, Шпанија иако официјално не била на некоја страна неофицијално сите знаеме дека Франко бил близок со Хитлер и нацистите и војувал за нивен интерес.Напишано од Македон91
Земји кои објавиле воена неутралност биле: Ирска, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Шведска и Ватикан. Латиноамериканските држави биле на
Во склад со тоа горе болдираното што го имаш напишано мислам дека ова е таман како продолжение и чисто колку да се знаат некои работи...- Во нацистичките логори се претпоставува дека се убиени помеѓу 11 и 17 милиони луѓе (Евреи, Полјаци, Руси, Африканци, Азијци и други "ниски класи на луѓе" според нацистичката теорија)
-а имаа во план прво да ги депортираат нискиве класи некаде во Палестина , па потоа планот да се изолираат на островот Мадагаскар , но финалното решение беше да се уништат за доброто на човечкиот народ и дигнитет(според нацистичката идеологија)
-Иначе интересно е Хитлер што ја спомнува неговата причина за уништувањето на евреите.
Спред него евреите се криви за првата светска војна ,им се заканил ако пак зионистичките здружениа -ако пак се обидат да се инфилтрираат во европските земји и го поддржуваат комунизмот и работат на нивните цели и распад на Европа - дека ќе ги уништи.
-Тоа и го направија и го искусија кошмарот -Холокауст ,но им се погоди пост-воениот период па си направија држава-Израел
Секогаш е интересно да се дискутира за ВСВ =)
Точно.Одговорот е едноставен, Сталин ќе го нападнел Хитлер првата шанса штом ќе ја добиел.
Сталин не му верувал на Хитлер ниту во една секунда. Уште пред потпишувањето на договорот за ненапаѓање со Германија, Сталин побара дипломатска согласност од Британците да го нападне Хитлер доколку тој влезе во Полска.Сталин му верувал на Хитлер. Има една анегдота. Кога Сталин дознал за нападот на СССР , рекол - Ова мора да е некоја грешка ,јавете му се на Хитлер тој ке го среди ова.
Немаше шанси ништо да сторат германците, едноставно на подолг рок немаа никакви шанси да држат под окупација не само толкава територија, но и популација.Да, тоа е стара стратегија, освој го главниот град и ја имаш цела држава. Но дали тоа ќе успееше?!
Само за Сталинград, најголемата битка, бидејќи градот го носел името на лидерот, Хитлер мислел дека Сталинград и Кавказот кој е регион богат со нафта, да падни тогаш паѓал и морал и се. Но не било така, баш тука, во Сталинград, кој требаше да биди најголемиот триумф на Хитлер се претвори во неговиот најголемиот неуспех. Штом Русите успеале да победат во Сталинград несомнено и Москва да паднела, Русите пак би се организирале и би возвратиле на ударот, но тоа секако би ја продолжило и искомплицирало војната, како што јас сега направив со постот.
Поентата ми беше, и Москва да паднеше советската армија би се реорганизирала и би го возвратила ударот. Впрочем еднаш тоа и се случи за време на Наполеон...
Да, ама Јапонците биле концентрирани на други делови од Пацификот, едноставно напад врз СССР на далечниот би бил само трошење на ресурси...За напад на СССР првенствено би им требало бродови и подморници, бидејќи руската воена флота беше стационирана на Владивосток. Друг премин на руска територија од исток не бил возможен! За руската војска е веќе прашање на професионалност и преданост. Јапонската војска во тоа време била високо професионализирана, па не верувам дека лесно би изгубиле од Русите без претходно да напредуваат длабоко во Источна Русија.
Изводливо е, но Хитлер не се концентрирал на тоа. Имено на исток имал многу повеќе војска (која се спремала за напад на СССР). Доколку таа војска била на фронтот за освојување на Британија, сигурно Британците ќе паднеле. Можеле жестоко да извршат офанзива од Норвешка, Холандија, а ја имале и најјаката морнарица во Атлантикот. Ако се сконцентрирале на Британија сигурно ќе ја освоеле.Боби[Мкд];3371515 напиша:Освојување на Британија е неизводливо. Нема Германија таква силна морнарица сама да изврши десант на 2 милиона војника преку Ламанш, треба да се пренесат тенкови и друга тешка артилерија плус огромна подршка од небото. RAF, тука беше подобра и целата операција би била ризик. А тука сум читал и за научнофантастични планови за подводни тенкови.
А бе не! Најголема грешка му Е нападот врз СССР!Најголема грешка на Хитлер е што пратил дополнителни војски на балканот,со што го одложил нападот на СССР.
Целта не Хитлер била владеење со цел свет, и тоа е една од причините заради која извршил инвазија врз СССР, мислел дека ако го победи СССР ќе го има цел свет (ако го победел да, можеби...).Во склад со тоа горе болдираното што го имаш напишано мислам дека ова е таман како продолжение и чисто колку да се знаат некои работи...
Од Македонија до Русија, секаде и сè уште постојат идиоти кои се палат на нацизам и на Хитлер, верувајќи дека "дечкото" бил лек за зачувување на чистата, бела и христијанска раса. Е па, ајде да ѕирнеме кој сè служел во редовите на хитлеровата војска.
Хитлер бил близок со арапските лидери
И Индијци служеле во војската на Хитлер
Исто и Грузијците и Азербејџанците
...и Чеченците
...и Туркменистанци
И босанските муслимани служеле за нацистите
Имало и африканска нацистичка војска
Но тоа не е сè. Имало и Евреи кои носеле нацистички униформи и свастики. Тие служеле во специјална "Еврејска полиција" која им помагала на нацистите во контролата на еврејските гето населби. Овие полицајци подоцна работеле како чувари во концентрационите логори.
Да затоа на крајот ја поделија Полска со Хитлер :smir:Сталин побара дипломатска согласност од Британците да го нападне Хитлер доколку тој влезе во Полска.
Да затоа на крајот ја поделија Полска со Хитлер :smir:
Испровоцирани...не би рекол... Ако било така тогаш требало да очекуваат напад, да бидат спремни...а вака ги збришале во Перл Харбор.Друг значаен момент во војната.Нападот на Перл Харбур во декември,41-ва.Според некои извори Јапонците биле испровоцирани од американски воени бродови кои патролирале на нивна територија.Американците знаеле за нападот но ништо не презеле,и тој напад им бил добар повод за влез во војната.Нормално најголема корис имала американската воена индустрија,меѓу нив и Џорџ Буш Најстариот кој им продавал оружје и на Сојузниците и на Нацистите.
Не знам дали е возможно да нападнат Јапонците една голема сила како Америка,а претходно да не биле испровоцирани.
Види сега, повод... Ако барале Американците повод не морало да го чекаат Перл Харбор... Доволен повод би бил потопувањето на Американски и други бродови кои доаѓале и носеле помош на Британија, Русија од Американскиот континент од страна на моќната Германска морнарица.Не си го прочитал добро мојот пост.Намерно го допуштиле нападот на Перл Харбур за да имаат повод за влез во војната.Уште од самиот почеток на војната Претседателот Рузвелт бил под голем притисок Америка да влезе во војната,одбивал упорно се до Перл Харбур.
Истата причина поради која Хитлер го нападна СССР.И пак ќе прашам.Која е логиката Јапонија без причина да ја нападне Америка која до тогаш била неутрална???