Германските вооружени сили , кои на 22 јуни 1941 година ја беа -
преминале советската граница биле до тогаш најмодерните и најдобро подготвени , најдобро опремени и организациски најефикасно поставени воени единици со веќе стекнато искуство од тогашните војни ширум Европа. Ударната сила на германската копнена војска биле тенковските единици , со вкупно 21 дивизија. Германија во 1941 година имала 5262 тенка од кои 3332 биле употребени против Советскиот Сојуз. За непосредно сретство со оклопните единици , германската Врховна команда располагала со 14 моторизирани девизии. Вооружените сили имале 124 пешадиски дивизии, 6 бродски дивизии и 1 СС полициска дивизија , вкупно 131 добро опремени дивизии. Потоа исто така постоеле и 41 посадна дивизија со ограничени борбени способности, наменети за извршување на полесни задачи , во главно за контрола на територија. Германската војска исто така имала и 1 коњичка дивизија. Слаба страна на германските вооружени сили била во недоволниот број на транспортни сретства , недостатокот на моторно гориво како и во релативно малиот број на инжињерските единици и малиот број на резервните единици. Германија во јуни 1941 година имала вкупно 7,234,000 војници а 3,200,000 од нив биле одредени за напад на СССР. Германското воено воздухопловство во јуни 1941 година имало 3440 авиони од кои 2200 во прва линија. Против СССР било ангажирано околу 2000 авиони. Тие биле во главно користени во содејство со копнените сили , посебно со оклопно – механизираните дивизии. Германската воена индустрија во 1941 година сеуште работела со темпо кое било бавно за воена година. Производството на муниција во 1941 година било за 60 % помало отколку во 1940 година. Затоа со оправдување се поставувало прашањето дали германските единици би можеле да издржат евентуален напад на СССР.
Вооружените сили на СССР имале во извесна мера предност над германските сили. Од 1921-та секоја година се вршело регрутација , така да до 1941 година преку некои податоци имало 15,000,000 резервисти. Вооружувањето на оваа огромна маса на луѓе било ограничено поради слабиот производствен капацитет на советската индустрија. Постојат разни проценки околу вкупниот број на единици кои Советскиот Сојуз 1941 година ги имал под оружие. Најповеќе податоци говорат за бројка околу 9,000,000 војници вклучувајќи ги и резервите мобилизирани за време на војната. Од тие 9,000,000 , на 22 јуни 1941 година 4,700,000 биле во составот на Црвената армија. Околу 2,500,000 војници биле распоредени по западните граници на СССР. Откако започнале борбите германската воена разузнавачка служба идентификувала 173 пешадиски девизии , 32 коњички дивизии , 78 оклопни дивизии и 45 моторизирани бригади. Бројниот состав како и вооружувањето на советските единици биле значително послаби од германските. Освен тоа , 25 пешадиски дивизии , 7 коњички и 6 оклопни бригади се наоѓале на Далекиот исток , а дел од силите и спрема Турција.
Употребата на советските оклопни единици се за разлика од германските , сеуште засновала на идеите од 1918 г. и била е првенствено во правец на подршка на пешадијата. Секоја пешадиска единица имала затоа , за разлика од Германците, по баталјон тенкови. Според некои , Црвената армија во очи на германскиот напад имала 24,000 тенкови , додека требало секој месец индустријата да испорачува по 1,500. Овие тенкови во голем број биле застарени бидејќи во текот на 1939 г. започнала масовното производство на модерен среден тенк , подоцна познатиот Т-34 кој бил подобар од се што Германците имале да покажат и кој за нив дошол како горко изненадување. Советскиот транспортен моторизиран материјал бил по конструкција поедноставен од германскиот , али бил многу подобро прилагоден за советските прилики. Ова се уште повеќе однесувало на зимската облека како и на војничката опрема. Еден од најголемите недостатоци во советското вооружување бил малиот број на противтенковски оружија. Потоа исто така сретствата за комуникација не биле нај современи.
Двете армии биле обучени на принцип на строга дисциплина. После Сталиновите чистки 1936-1938 г. советското командување става акцент на дисциплината на единиците и старешините. Воздухопловството на Црвената армија броело веројатно повеќе од 10,000 авиони , додека водушната индустрија имала капацитет на производство околу 1800 авиони месечно. Поголемиот број на авиони биле застарени, иако имало и помал број на модерни авиони но ноќни ловци сеуште немало. Исто така советските сили немале радар.
Како што е познато Хитлер имал рѓаво-замени со-лошо мислење за одбрамбените способности на СССР. Неговата проценка се засновала на малку или повеќе точните податоци за слабиот квалитет на советскиот команден кадар и вооружување. Исто така тој мислел и дека народот е против комунистичкиот систем поради големиот терор кон него. Двете мислења се покажале како неточни. Според планот војната со Советскиот Сојуз би требало да трае до крајот на 1941 г. бидејќи Германската војска имала во предвид дека до тогаш Британија и САД би биле подготвени за војна со Германија. Поради периодот на дожд и кал во пролет и есен како и оштрата зима која потоа следи , најпогодно време за напад би било од средината на мај до средината на октомври. Германците меѓутоа сметале дека нема да им биде потребно толкаво време. Во документите може да се видат претпоставките на германската Врховна команда која сметала дека би биле потребни 8 до 10 недели да се заврши војната со Советскиот Сојуз. Освен што требало да се уништи советска армија во граничните појаси, требало и да се спречи Советскиот Сојуз да ги пушти во борба своите огромни човечки и материјални ресурси. Тоа би можело единствено да се случи доколку брзо биде завземана советската територија која е најнаслена и каде се наоѓаат главните материјални снабдувачи. За Германија била голема предност што тие предели се наоѓале ,воглавно во европскиот дел на Советскиот Сојуз. Доколку би биле завземени подрачјата западно од линијата Архангелск – Волга – Астрахан, Советскиот Сојуз би ги загубил најнаселените подрачја , потоа 76 % од својата воена индустрија , 90 % од своето нафтено производство , а таков губиток за него би бил фатален. Па затоа германската Врховна команда планирала да ги завземе тие територии. За да би можеле да го реализираат таа задача , и тоа за кратко време , Германците морале во уште поголема мера отколку порано да ја применат нова стратегија со која за кратко време постигнале големи резултати во Полска и Франција. Според планот тенковско – механизираните единици концентирани во огромни оклопни групации-армии требало да ги пробијат советските гранични подрачја и со помош на авијацијата длабоко да навлезат на советска територија. Освен тоа военото воздухлопоство имало за задача, да -префрли го на крајот на лиијата во позадината на советските единици да ги разбие системот за врски , командувањето и снабдувањето. Кога би се пробил советскиот систем на одбрана – првата линија , германските оклопни сили би требале со крилата да го затворат обрачот на опкружување и со тоа да ја опфатат главината на непријателските сили и да ја уништат. Овој начин на борба Германците го нарекувале “клин и котел”. Еднаш опколените советски сили не би можеле да издржат долго време во таков котел и би биле уништени. Бидејќи на тој начин главните сили на Црвената армија во европскиот дел на Советскиот Сојуз би биле уништени, германските армии брзо би се пробиле до линијата Архангелск – Астрахан, и тоа пред Советите да успејат да ги мобилизираат своите резерви и успорат германскиот напад до периодот на дожд и кал.
Германските вооружени сили одредени за напад на СССР биле прегрупирани во 3 групи армии. На левото крило била Група армија “Север” , која од Источна Прусија преку Балтичката висорамнина и преку Рига требала да продре до Ленинград и источно до Ладошкото Езеро воспостави контакт со финските трупи кои би учествувале во војната да ги повратат териториите изгубени во т.н зимска војна. Оваа Група армија располагала со една оклопна група која имала за задача да ги намами советските сили на брегот а со тоа и да ги обиколи и уништи. На Западноруската висорамнина требало да Група армија “Центар” со две оклопни групи ги уништи советските сили во Белорусија и со тоа да се пробие до Москва. Преку Јужноруската висорамнина требало да настапи Група армија “Југ“ во правец на Киев и Дон. Нејзината оклопна група имала за задача да ги гони советските единци кон брегот на Црното Море. Хитлер за напад на овие Групи армии осигурал подршка со Унгарија и Романија со учество на нивни војски. Кога во Југославија кон крајот на март дошло до државен удар , разбеснетиот Хитлер одлучил да ја ја казни Југославија. Трупите кои му биле потребни за ова морале исто така да учествуваат и во нападот на Советскиот Сојуз. Затоа е одлучено да се одложи нападот на Советскиот Сојуз , место мај одредено е тоа да биде 22 јуни 1941г.-секогаш пишувај по бројка што значи таа . Воениот план за напад на СССР бил шифрувано наречен “ Барбароса “ . Во војната би требало да учествуваат 19 оклопни дивизии , 14 моторизирани единици . 1 коњечка дивизија , 1 полициска единица , 4 брдски дивизии , 102 пешадиски дивизии и 11 посадни дивизии , вкупно 152 дивизии. На сето ова би требало да се додадат и силите на германските сојузници со сила од 51 дивизија , кои би се постепено вклучиле во воените операции. Преостанатите германски дивизии би требало да ги чуваат завземетите подрачја во Европа , а две дивизии биле во Северна Африка. Истовемено со подготовките за војна со СССР , вршени се и подготовки за експлотација на советските територии кои би биле запоседнати од германските сили како и посебни мерки за против населението. Хитлер сметал дека евреите се виновни за болшевизмот. По неговото мислење Евреите во СССР ја оствариле својата власт и поради тоа физичкото уништување на Евреите и советската интелегенција го сметал за услов за настанок на Германската империја на исток. Позади германските дивизии би требало што побргу да стигнат и делуваат германските СС одреди кои имале за задача да го споведат во дело замисленото физичко уништување на овие луѓе. Освен тоа десетици милиони луѓе би требало или да бидат убиени или да бидат пренесени на Сибир. Германските генерали биле запознаени со овие планови на 30 март 1941 година. Исто така имало и наредба сите заробени политички комесари на Црвената армија да бидат стрелани на лице место без судење.