Македон91
Благородник
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 120
Да ама друга ќе била ситуацијата тогаш. Источниот дел ќе бил отсечен, западниот веќе бил отсечен од Германците, на Русите ќе им останел уште средишниот степски предел и Сибир, најненаселениот предел на земјата.Повторно ќе кажам, како ќе пренесат и ќе снабдуваат војска 7000 км оддалечена од Владивосток единственото големо пристаниште на пацификот кое е замрзнато преку цела зима а и преку есен и пролет?
Како ќе снабдуваш војска преку терен без патишта и железници (само една железница има)
И да нападнел Јапан ЏАБЕ! Ќе мрднел 100 км северно од Владивосток и ќе застанел.
Да, меѓутоа Шпанија официјално не влегла во војна, што е еден голем минус за Хитлеровите цели. И покрај симпатиите кон Хитлеровиот нацизам, Франко не дозволил германска војска да премине низ нивната територија, поставувајќи силна пешадија на Пиринеите за да ги одвратат германските војски од нивниот планиран поход на Гибралтар (врвно стратешка точка).Мала поправка само, Шпанија иако официјално не била на некоја страна неофицијално сите знаеме дека Франко бил близок со Хитлер и нацистите и војувал за нивен интерес.
Сличен случај имаме со Шведска. Нејзината официјална политика била неутрална, односно не завзела ничија страна во војната. Но и покрај тоа, не и пречело да дозволи престој на германските трупи во периодот јули 1940-август 1943. Во 1943 година, норвешките и данските војски (дел од Сојузничките војски) имале воен тренинг на шведска територија.
На САД и требаше Војната од познатите империјалистичко-експанзионистички причини како и Велика Британија: наметнување на нивното влијание во повоена Европа и промовирање на нивниот капиталистички систем во земјите од западна Европа. Америка не влезе во војната од солидарност. Да беше само тоа ќе дадеа скромни прилози од стотина илјади војници и нешто храна/оружје и се ќе завршеше со тоа. Напротив, тие тргнаа кон освојување на окупираните земји и заменување на нацистичката со американска власт. Истото што го направил и Сталин.СССР веќе беше во војна,Амерка не беше.И не знам зошто упорно тврдиш дека немало провокации од Американците кога горе ти постирав официјални документи.Америка ги испровоцирала Јапонците.Им требаше нападот во Перл Харбур за да ја убедат домашната јавност која пред нападот беше во огромно мнозинство притив влегување во војна.По нападот цела Америка беше за влегување во војната.Милиони Американци доброволно се пријавуваа за војување.