Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Многу ми е интересно за дискусија како тоа Германија беше толку по супериорна од другите,значи не дека беше појака туку беше супериорна,да не беа лудите планови на Хитлер да војува на неколку фронта од еднаш незнам дали некој ке можеше да ја победи... Ја имаше европа цела потчинета и воената техника беше далеку пред другите...
V1 и v2 се првите балистички ракети за кој британците се чудеа што се,тенкот Tiger ги правеше партали американските шермани,првиот авион на млазен погон me-262 можеби не беше доволно усовршен но беше технолошки многу понапреден,бродот бизмарк заврши неславно поради тоа што хитлер сакаше да се покаже со него,но тој бил далеку технолошки пред другите...првата јуришна пушка и митралезите кој пукаа дупло повеке куршуми во минута од сојузничките...
Не сум подржувач или обожаватле на нацистите но од воена гледна точка Германија баш ми е интересна...
 
Член од
16 февруари 2018
Мислења
37
Поени од реакции
6
Тоа прашанье ме води на мислене дек немаш ништо сериозно прочитано за Германија и германците.
"вујко Гогле" има много ца четене.
Сега, на шега7
Од 10 германци 9 се ....не много умни, но 10иот е много умен и тие 9 го избираат да ги води напред.
Кај нас во БГ од 10 БГ 9 се умни, 10иот е прост и неук.
Обаче, тие 9 са го оставиле да води.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.026
Поени од реакции
83.450
да не беа лудите планови на Хитлер да војува на неколку фронта од еднаш
Нема такви планови.
Германците не војуваа на два фронта се до јуни 1944-та и тоа не според вољата или планот на Хитлер.
Северна Африка не беше негов план, туку изненадна потреба предизвикана од неспособноста на Италијанците. Плус, не го рачунам бе тоа за фронт. Kолку дивизии имало во Африка Корпс? Три? Стигнуваат до девет, во 43-та.
Вкупно да имало 100.000 војска на една и на другата страна.

На Источниот Фронт имало 145 дивизии на почеток, а стигнуваат до 199 дивизии во јануари 43-та.
43-та Германците имаат на тој фронт околу 4.000.000 војска, а Русите околу 7.000.000.

И сеа ја треба да рачунам дека Хитлер се тепа на два фронта? Тоа го уништило. Дека имал три дивизии помалку на исток?

незнам дали некој ке можеше да ја победи... Ја имаше европа цела потчинета и воената техника беше далеку пред другите...
Кога Хитлер ја имаше потчинето цела Европа, 40-та година, Германците имаа полоши или исти тенкови само од Французите, Русите, Чесите, Англичаните, Пољаците... Механизацијата им беше најслаба од сите. Германските војски освојуваа пешки, со коњи. Само мал дел беше механизиран. Полоши од нив на поле на механизација беа Русите, но после ефектите на LandLease-от (некаде 42-ра) и тие станаа помеханизирани од нив.
Германската механизација е мит.

V1 и v2 се првите балистички ракети за кој британците се чудеа што се,тенкот Tiger ги правеше партали американските шермани,првиот авион на млазен погон me-262 можеби не беше доволно усовршен но беше технолошки многу понапреден,бродот бизмарк заврши неславно поради тоа што хитлер сакаше да се покаже со него,но тој бил далеку технолошки пред другите...првата јуришна пушка и митралезите кој пукаа дупло повеке куршуми во минута од сојузничките...
Не сум подржувач или обожаватле на нацистите но од воена гледна точка Германија баш ми е интересна...
Ова све е точно, но 90% од ова што си го пишал, се случува од половина 43-та, па натаму, кога веќе им беше на сите јасно каков ќе биде исходот.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Нема такви планови.
Германците не војуваа на два фронта се до јуни 1944-та и тоа не според вољата или планот на Хитлер.
Северна Африка не беше негов план, туку изненадна потреба предизвикана од неспособноста на Италијанците. Плус, не го рачунам бе тоа за фронт. Kолку дивизии имало во Африка Корпс? Три? Стигнуваат до девет, во 43-та.
Вкупно да имало 100.000 војска на една и на другата страна.

На Источниот Фронт имало 145 дивизии на почеток, а стигнуваат до 199 дивизии во јануари 43-та.
43-та Германците имаат на тој фронт околу 4.000.000 војска, а Русите околу 7.000.000.

И сеа ја треба да рачунам дека Хитлер се тепа на два фронта? Тоа го уништило. Дека имал три дивизии помалку на исток?

Кога Хитлер ја имаше потчинето цела Европа, 40-та година, Германците имаа полоши или исти тенкови само од Французите, Русите, Чесите, Англичаните, Пољаците... Механизацијата им беше најслаба од сите. Германските војски освојуваа пешки, со коњи. Само мал дел беше механизиран. Полоши од нив на поле на механизација беа Русите, но после ефектите на LandLease-от (некаде 42-ра) и тие станаа помеханизирани од нив.
Германската механизација е мит.

Ова све е точно, но 90% од ова што си го пишал, се случува од половина 43-та, па натаму, кога веќе им беше на сите јасно каков ќе биде исходот.
Што има врска кога се случува,зборам дека Германската воена машина беше супериорна над другите
Француските тенкови според мене се мит и се надеваа на стара слава,пољаците им пуштија коњаница на германските тенкови,чесите не се ни потрудија нешто да направат,првиот лет на V1 е 42,а русите се самоубиа сите околу 26милиони и војуваа на еден фронт,кај гледаш тука некоја надмокност... Не ми се пишува повеке се гледа дека си пристрасен...
Германските подморници го контролираа брегот на САД,ја имаа норвешка ,имаа трупи во африка, на балканот,русија и бла бла бла едноставно колку и да си мокен неможеш да ги снабдуваш со ресурси на толку голема одалеченост и толку многу воени полиња...
Лугето на месечината се качија со модерна V2 ракета
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.026
Поени од реакции
83.450
Што има врска кога се случува,зборам дека Германската воена машина беше супериорна над другите
Ох, премногу има врска.
Војната официјално трае 6 години. Германската супериорност (во подобри тенкови и сл.) започнува во четвртата година, кога веќе се знае кој ќе биде победникот. Башка што таквата супериорност не е подржана со квантитет на производство.
Нема ефект врз исходот на војната.
Германците кога беа непобедливи (во текот на серијата: Алзас, Австрија, Судети, Чешка, Полска, Данска, Норвешка, Франција и Бенелукс, Балкан, почеток на Барбароса) беа инфериорни во тенкови, механизација, ....
Германските чудесни воени проекти стратегиски беа лошо обмислени: доцна изведени, непрактично произведувани, во смешни серии (во однос на противничкото производство).

Француските тенкови според мене се мит и се надеваа на стара слава,пољаците им пуштија коњаница на германските тенкови,
Француските и британските тенкови се директно подобри од германските во 1940, тоа не е никаков мит и можам со податоци да ти го покажам. Тактички начинот на кој се употребуваат тенковите епредноста на Германците.
Додека мит е баш тој јуриш на пољски коњаници врз тенкови.

чесите не се ни потрудија нешто да направат,првиот лет на V1 е 42,а русите се самоубиа сите околу 26милиони и војуваа на еден фронт,кај гледаш тука некоја надмокност... Не ми се пишува повеке се гледа дека си пристрасен...
Германските подморници го контролираа брегот на САД,ја имаа норвешка ,имаа трупи во африка, на балканот,русија и бла бла бла едноставно колку и да си мокен неможеш да ги снабдуваш со ресурси на толку голема одалеченост и толку многу воени полиња...
Лугето на месечината се качија со модерна V2 ракета
ОК, тука веќе покрај тоа што имаш празни нагаѓања и констатации со никаква заднина, имаш и премногу неточни работи на едно место (Не знаеш што е фронт, како прво, па после друго. Да се има трупи некаде воопшто не значи дека тоа е фронт ), а јас за жал немам до толку време, за некому да објаснувам 2+2. А и нивото на дискусија ти опаѓа до рамништа на кои не фигурирам.

На пример, што воопшто значи ова:
а русите се самоубиа сите околу 26милиони и војуваа на еден фронт,кај гледаш тука некоја надмокност...
ни ти не знаеш.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Што има врска кога се случува,зборам дека Германската воена машина беше супериорна над другите
Француските тенкови според мене се мит и се надеваа на стара слава,пољаците им пуштија коњаница на германските тенкови,чесите не се ни потрудија нешто да направат,првиот лет на V1 е 42,а русите се самоубиа сите околу 26милиони и војуваа на еден фронт,кај гледаш тука некоја надмокност... Не ми се пишува повеке се гледа дека си пристрасен...
Германските подморници го контролираа брегот на САД,ја имаа норвешка ,имаа трупи во африка, на балканот,русија и бла бла бла едноставно колку и да си мокен неможеш да ги снабдуваш со ресурси на толку голема одалеченост и толку многу воени полиња...
Лугето на месечината се качија со модерна V2 ракета
Веројатно си гледал документарец за Михаел Витман, но 4 години пред неговиот подвиг, Пјер Бијот на Шар Б го направил истото во уште полоши околности по него отколку Витман. Да не ти досадувам со текст еве ти видео за таа случка :

https://www.youtube.com/watch?v=rBdOp4Btfrg

Други се причините за успесите на германските сили, наједноставно затоа што имале независни околопни сили каде се групирала маса на оклоп на одреден дел од фронтот а не како французи, пољаци и останати кои ги користеле тенковите расцепкано, само за подршка на пешадија (оние потешките, спорите и со подебел оклоп, како овој Шар Б погоре) или коњицата (полесните и побрзите, заедно со оклопни автомобили и полугасеничари). Германците имале радио во секој тенк и однапред зададени задачи кои со голема подршка на авијацијата ги постигнале пробивајќи ги пешадиските линии на пољаците и французите кои имале тука и таму по некој тенк или ПТ. Германија скоро и да не држела тенкови во резерва за разлика од Полска и Франција кои воопшто не ги употребиле половина тенкови кои стоеле складирани во депоа очекувајќи долга и исцрпувачка војна како пред 25 години.

Тоа што Вермахтот чехословачките и француските тенкови во илјадници примероци ги ставил во своја служба треба да ти каже нешто, заедно со продолжувањето на нивно производство во окупираните подрачја под германска управа.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.410
Поени од реакции
7.866
Има некои помешани работи, прво точно е дека британските и француските тенкови на почетокот на ВСВ биле далеку подбори од германските, меѓутоа тоа се однесува на она шо тогаш било класифицирано како тешки тенкови кај французите или тенкови за поддршка на пешадија кај британците. А овие ги немало во голем број и само командното возило од формацијата било опремено со радио врска од краток/среден домет, па преку визуелна сигнализација составена од знаменца и гестикулации се пренесуваат наредби до останатите во формацијата.Не се применуваат како дел од пешадиските формации туку како засебни формации кои само помагаат на пешадијата за разлика од германците кои веќе имаат формирано оклопно механизирани единици - panzer grenadiers.

Од трите важни елементи кај секој тенк, мобилност, оклоп и огнена моќ тие биле само добро оклопени. Широки екстерни гусеници наменети за преминување преку рововите од Големата војна, воглавно артилериски топови прилагодени за поставување во купола(балистички несоодветни за ПО броба) со брзина на движење на еден пешадиец кој би требало да го поддржуваат како примарна улога во состав на вооружените сили од кои биле дел.

Најголемиот дел од оклопната комоненета била т.н танкети кои и британците и французите ги користеле за против востанички дејства низ своите колонии, а кои беа скоро неупотребливи во против окопна борба. Германците најблиску до ова го имале лесниот PZKpfW 1, кој е супериорен во поглед на било која танкета.

Сума сумарум французите имале подобри тенкови од германците на почетокот на ВСВ меѓутоа не во доволен број и биле користени како дел од една застарена воена доктрина.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Ох, премногу има врска.
Војната официјално трае 6 години. Германската супериорност (во подобри тенкови и сл.) започнува во четвртата година, кога веќе се знае кој ќе биде победникот. Башка што таквата супериорност не е подржана со квантитет на производство.
Нема ефект врз исходот на војната.
Германците кога беа непобедливи (во текот на серијата: Алзас, Австрија, Судети, Чешка, Полска, Данска, Норвешка, Франција и Бенелукс, Балкан, почеток на Барбароса) беа инфериорни во тенкови, механизација, ....
Германските чудесни воени проекти стратегиски беа лошо обмислени: доцна изведени, непрактично произведувани, во смешни серии (во однос на противничкото производство).

Француските и британските тенкови се директно подобри од германските во 1940, тоа не е никаков мит и можам со податоци да ти го покажам. Тактички начинот на кој се употребуваат тенковите епредноста на Германците.
Додека мит е баш тој јуриш на пољски коњаници врз тенкови.

ОК, тука веќе покрај тоа што имаш празни нагаѓања и констатации со никаква заднина, имаш и премногу неточни работи на едно место (Не знаеш што е фронт, како прво, па после друго. Да се има трупи некаде воопшто не значи дека тоа е фронт ), а јас за жал немам до толку време, за некому да објаснувам 2+2. А и нивото на дискусија ти опаѓа до рамништа на кои не фигурирам.

На пример, што воопшто значи ова:

ни ти не знаеш.
Море што има врска фронт дрнде мрнде кога тој има распрскано цела воена машинерија на цел континент,добро на балканот немаше фронт ама армиската група Е броеше 200 ооо луге...неможе да победиш кога на сите страни имаш битки
Калашниковот е изведен врз база на првата јуришна гермнска пушка... не замарај со години кога што било мојта цел беше во оваа дискусија дека беа далеку пред другите... Сакаш да кажеш дека ме262 го направиле во очај или Тигарот ...јас би рекол дека го направиле кога воената индустрија зела свој замав...
Пагале илјадници балистички ракети во Лондон ,кои доколку не биле тамо би биле на Москва...
не ми се пишува и мене ме мрзи...[DOUBLEPOST=1528055469][/DOUBLEPOST]
Веројатно си гледал документарец за Михаел Витман, но 4 години пред неговиот подвиг, Пјер Бијот на Шар Б го направил истото во уште полоши околности по него отколку Витман. Да не ти досадувам со текст еве ти видео за таа случка :

https://www.youtube.com/watch?v=rBdOp4Btfrg

Други се причините за успесите на германските сили, наједноставно затоа што имале независни околопни сили каде се групирала маса на оклоп на одреден дел од фронтот а не како французи, пољаци и останати кои ги користеле тенковите расцепкано, само за подршка на пешадија (оние потешките, спорите и со подебел оклоп, како овој Шар Б погоре) или коњицата (полесните и побрзите, заедно со оклопни автомобили и полугасеничари). Германците имале радио во секој тенк и однапред зададени задачи кои со голема подршка на авијацијата ги постигнале пробивајќи ги пешадиските линии на пољаците и французите кои имале тука и таму по некој тенк или ПТ. Германија скоро и да не држела тенкови во резерва за разлика од Полска и Франција кои воопшто не ги употребиле половина тенкови кои стоеле складирани во депоа очекувајќи долга и исцрпувачка војна како пред 25 години.

Тоа што Вермахтот чехословачките и француските тенкови во илјадници примероци ги ставил во своја служба треба да ти каже нешто, заедно со продолжувањето на нивно производство во окупираните подрачја под германска управа.
Добро ова горе што го наведуваш не ти изгледа истото што го зборувам и јас,значи Франција како најака земја во тој период со технички појаки тенкови губи од до тогаш не видена напредна тактика ...најаката армија губи од некој нови прегрупирања со радио врски и тактики кој се користат и ден денес
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.026
Поени од реакции
83.450
рано е
у шес и пол ќе биде
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.026
Поени од реакции
83.450

Центарот на Сталинград точно пред 65 години (23 септември 1942).

Одлучувачки продор на Германците во центарот на градот, кон Волга. Советите притиснати до брегот. Тројката у средина е потполно опколениот Прв Батаљон од 42 Регимента, при 13-та Гардијска Дивизија. Се борат пет дена, по што преостануваат само неколкумина ранети кои успеваат да се пробијат до брегот, до остатокот од 42-ра Регимента. Другите гинат.
 
Регимента нели беше Полк по нашки? :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.026
Поени од реакции
83.450
Регимента нели беше Полк по нашки? :)
И ја така мислев. Али не бев сигурен баш, па пишав регимента.
Пошто полк - полковник, а на англиски полковник е колонел. (иако тоа не мора да значи ништо)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.026
Поени од реакции
83.450
На денешен ден (19 ноември) започна операцијата Уран, чија цел била да се пробијат слабите крила на Армиската група Б и да се заобиколи Шестата армија во Сталинград.
У пет саат сабајле почна пробојот против Романците на Север (види мапа).

А на 20-ти ноември почна пробојот и на јужното крило кое го држела германската Четврта тенковска армија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom