Чичиџима e дел од групата острови Јужни Бонини и се наоѓа 1100 километри јужно од Токио. Како и другите острови во близина на јапонското копно, така и овој бил цел на американски бомбардирања (особено при крајот на војната). Идејата била да ги омекнат утврдените позиции на Јапонците (имало две ПВО-кули на островот), со константно бомбардирање, па потоа да извршат амфибиска инвазија. Јапонците на островов претрпеле доста штета и жртви, но издржале и проценката била дека сеуште не е доволно омекната обраната на островот за да има инвазија. Така се одлучиле, до крајот на војната само да го бомбардираат.
Во септември 1944-та е извршено едно од многуте бомбардирања, од страна на група Авенџери, кои полетале од носач, во близина. Тед, Дел и Џорџ биле екипаж на еден од нив. Островското ПВО, при овој напад, добро изреагирало и неколку авиони биле погодени, меѓу кои и авионот на овие тројца од погоре. Некои од екипажите на авионите скокнале веднаш, за да се спасат, но овие од авионот погоре решиле да го тераат авионот колку што може подалеку од островот, па после да скокнат.
Џорџ скокнал, но при скокот ја удрил главата од перките на опашката. Сепак, падобранот се отворил и некако слетал во морето малку подалеку од другите. Кога, по падот, излегол на површина, таман стигнал на време да види како авионот паѓа во вода, недалеку. Од разните предмети и делови кои испопаѓале, токму близу него имало паднат надуван мал чамец, кој служел за вакви прилики. Веднаш допливал до него, се качил и почнал да ги довикува другарите, но безуспешно. Немало никој. Набрзо приметил како од правец на островот се движат, во далечината, кон него, јапонски патролни чамци и тука сфатил дека нема кај да бега. Пробал, колку можел, да весла со рацете, во друг правец, но брзо се уморил и само седнал на чамецот, очекувајќи ги Јапоците. Во тој момент, американски авиони го приметиле овој настан и почнале да дејствуваат по чамците. Тоа ги забавило чамците, кои решиле да се откажат од потерата и да се вратат. Џорџ охрабрен почнал повторно да весла во правец обратно од островот и чамците, се додека повторно не се уморил. По некое време во негова близина испливала американската подморница USS Finback (која најверојатно била известена од авијацијта) и го спасила. Долго после тоа имал големи проблеми со совеста, која го мачела – сметал дека е одговорен што не ги нашол другите падобранци и сл.
Не знаел дека загинале - на едниот не му се отворил падобранот, а другиот не ни успеал да скокне од авионот.
Тој ден, биле заробени осум преживеани од екипажите на Авенџерите и биле однесени на островот. Лошо е што Јапонците биле прилично гневни на Американците, после сето тоа бомбардирање, а на островот бил главен генерал Тачибана, кој бил пијаница и психопат, што уживал во мачење на заробениците и малтретирање на сите околу него.
Уште веднаш издвоил еден од групата и го врзал за столб, на сред база, па наредил сите војници да поминат и да го тепаат. Потоа, полужив го однеле надвор од базата каде што му ја исекле главата пред свежо ископан гроб, во кој го закопале.
Но, по некое време му текнало на ген. Тачибана дека неговите војници мораат да го имаат борбениот дух и воља, за уништување на непријателот, а тоа можат да го утврдат само преку ритуал на јадење месо од непријателот. Па, направил гозба на сред база, надвор и ги викнал хирурзите, заедно со вoјска, да одат да го откопаат несреќниот авијатичар и да исечат месо од него, кое ќе се служи на војската. Така и биднало, го сервирале со многу зачини и соја сос.
По некое време, пак му текнало истото, бидејќи сметал дека тој дух само така може да се одржува. Врзале уште еден заробеник на столб и вежбале бодење со бајонети на него, се додека не умрел. И него го послужиле на војска, после тоа. Хирурзи сечеле одредени делови од месото, а кувари го приготвувале, војска и офицери – јаделе. Сето тоа се одвивало пред очите на преостанатите зарбеници, кои морале да гледаат.
Следниот заробеник, знаел дека го чека ”бајонетање” и пружал отпор кога го земале, надевајќи се на брза смрт. Не можеле да го врзат за столбот и му ја исекле главата (пред да го сечат и приготвуваат).
До крајот на војната, после големи мачења, ги убиле сите (освен, мислам дека еден оставиле). Некои од нив ги држеле во живот колку можеле, додека им ги сечат хирурзи деловите, за да биде месото свежо.
Островот не бил освоен до крајот на војната, кога се предале. Судено им е на военото судење во Гуам 1946-та, каде што генералот, како и уште неколку офицери, биле осудени на смрт. Други добиле 25 години (ама лежеле 8 највеќе). Приказната е реконструирана според сведочењето на починителите и другите војници и веднаш е затворена за јавноста (пред се семејствата на авијатичарите), која само дознала дека погинале при падот.
Џорџ, од почетокот на приказната, долго време не знаел што избегнал за влакно, бидејќи и од него биле скриени деталите. Инаку после станал и претседател на САД, а и син му исто така. Додека бил претседател, не знаел за овој инцидент, кој е објавен во јавност преку една книга на историчар, во 2003-та. Џорџ Буш учествувал лично во реконструкцијата на настанот, на лице место, во 2004-та.