Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Значи според тебе видеото кое што го сними државната РТС е чиста манипулација а јапанските попови кои носат типична униформа на православните цркви се католици така?
Јас би апелирал повеќе да веруваш на пишувани извори отколку на видеа и клипови на Јутјуб :)
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.033
Поени од реакции
4.526
Јас би апелирал повеќе да веруваш на пишувани извори отколку на видеа и клипови на Јутјуб :)
Друже чим за тебе видео од државна телевизија не е релевантен извор тогаш во ист кош ја ставаш и МРТ.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Едни од заборавените и неопеани херои на војната се британските Патфајндери односно неколку елитни ескадрили со Де Хевиленд ДХ-98 Москито, брз дрвен двомоторец кој служел за откривање, наведување и означување на целите во Германија.
Па така маса од 500-1000 тешки бомбардери добивале можност да порамнат со земја немачки нацистички град полн со нацистичка гамад.

Улогата на Патфајдерите била да се лета ниско и брзо, испод радар, low-mid-low за да еден период се лета на средни висини каде што се фрлаат chaff и се ослепува немачки радарски систем.
Потоа пробивајќи се под дожд на гранати и куршуми од немачка ПАА овие авиони имале специјални осветлувачки бомби кои ги фрлале ако и само ако целта била откриена.
Освен тоа, тие фрлале над целта и радио-предаватели кои емитувале сигнал. Тој сигнал бил слаб и емитирал низ ограничен радиус намерно, за кога биде фатен од бомбардерите да биде јасно дека се над целта.
Овој начин се употребувал при олујно, дождливо, снеговито, магловито време, обично есен-зима кога светлечките бомби биле со намален интензитет или скроз не успевале да се активираат паѓајќи во снежна покривка.
Кога еднаш се примел сигналот, Ланкастерот отварал шахта за бомби и бомбардирот во носот на авионот визуелно одредувал споредено со претходни извидувачки фотографии на, да, повторно Москитоси и Спитфајери = која цел ќе биде бомбардирана, дали е тоа железничка станица со железнички чвор, дали е тоа раскрсница на аутобан, дали е фабрика за лагери или муниција или бои и лакови или шатори или падобрани или авионски делови или било што.
Накрај биле злосторничките напади врз стамбени населби со цел да се сроза моралот на геноцидните германски орди.

Подоцна во војната, Патфајндерите спектакуларно напаѓаат немачки затвори и логори за воени заробеници при што во бришечки лет прецизно погодуваат ѕидови и огради на објектите за да ги срушат што овозможува бегство на илјадници сојузнички војници но и на неподобни жители на Германија кои чмаат зад решетки.

Друга задача им биле диверзиони напади врз лажни цели, пример денес се Бомбардира Дизелдорф но Москитосите напаѓаат над Манхајм употребувајќи специјални блокбастер бомби кои правеле повеќе бука и хаос отколку што имале разурнувачка сила, но тоа и била целта, да се насочат немачки ловци кон Манхајм и го остават Дизелдорф со помалку ноќни ловци за одбрана.

3727 авијатичари загинале во тек на 4 и пол години постоење на Патфајндер Форс.
 
Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.144

mnogu interesno
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Детално ја поминавме таа ситуација со Берик пред икс страни, ако не те мрзи имаш што да прочиташ поназад, опфатено до детал. Сепак дрогите играле некаква улога за која малку се знаело во минатото, барем јас не сум налетал во литература а имам читано еден куп книги за WW2.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Еден од најголемите проблеми на авијацијата на сојузниците (а и на сите авијации) е прецизноста при бомбардирање. Во зависност од начинот на бомбардирање, се трошеле помалку или повеќе бомби за џабе, со километарски грешки. Процентите на погодоци од вкупниот број на исфрлени бомби, при една мисија, секогаш бил мал. Многу поголем број од бомбите завршувале кај што не треба. Со ова се бореле на разни начини, преку менување на тактика, со технологија, со нови модели на летала и бомби и сл.

Ова е еден од проектите кој се занимавал со таа проблематика. Коштал, не колку оние запалливите лилјаци, туку само $25.000.

Проект Гулаб (подоцна наречен проект Органска контрола)

Гулабите биле тренирани подолго време, да колваат во сликички на градби, гледани од перпсектива на носот на бомбата што паѓа врз нив од голема височина. Значи, птичја перпектива, но под 90 степени (право надолу).

Имало слики на разни градби, но само сликите од градбите кои треба да бидат бомбардирани, при колвањето испуштале храна (од блискиот отвор). Така гулабите научиле да ги колваат само сликите од градбите што се цел.

Птицата ја ставаат во носот на бомбата, каде што има прозорче кое гледа надолу, а е поврзано со сензор, што праќа сигнали до контролата на земја. Имало една до три птици, во една бомба. Секоја во сопствена комора со прозорче-сензор.

Бомбата ја пушта авионот над метата, а потоа полека почнуваат да се појавуваат на прозорчето градбите долу, гулабот стартува со клукање врз прозорчето, тогаш кога ќе се појави назначената градба за бомбардирање, што он мисли дека ќе му даде храна. Како забегува бомбата (поради икс причини) подалеку од целта, гулабот клука (полево или подесно) на градбата која полека почнува да се мрда полево или подесно на прозорчето. Тие сигнали ги добиваат на земјата и оттаму праќаат горе, до бомбата, соодветни поместувања на перките од бомбата, се додека не добијат клукања во центарот на прозорот-сензор, што гарантира точен правец кон целта. Ова го филтрираат преку податоци од трите гулаби.

За овој експеримент го користеле истиот авион, кој подоцна бил искористен и за експериментoт со лилјаците.

Експериментот бил успешен и ова функционирало, но како и кај оној со лилјаците, се откажале од понамошен развој и употреба, во периодот кога многу такви експерименти биле откажувани, затоа што на површина испливал ултимативниот експеримент, со кој ќе ја решат војната, па нема ни да има потреба од самоубиствени гулаби да насочуваат бомби, или лилјаци пиромани.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Да не спамам од друга тема, бидејќи е сосема он-топик за оваа тема, ќе го ставам линкот од една изузетна поморска битка на почетокот на WW2 :)

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
За Блухер во Норвешка.

Да. Знаеле дека крајбрежните тврдини имаат застарено оружје, ама требало да знаат дека тие тврдини имаат извесен домет и дека колку и да се застарени не им ставаш брод у домет на топови кои пробиваат 27 сантима оклоп. Плус топовите биле правени од Круп, зарем се сомневале нешто Германците во нивниот квалитет?

Зашто им влегле у домет, е прашање чиј одговор лежи во неколку точки.
Прво, застарени се. ОК, тоа го поминавме.
Второ, на препад ќе ги изненадат, како посадите на поистурените фјордови предходно. Некои од нив и ги виделе и пропуштиле, пошто да не нарушуваат неутралност. (не знаеле која им е целта, веројатно мислеле дека нешто поврзано со британско-германските поморски чарки).
Трето, Абвер.
Они мислеле дека тврдината нема посада у моментот, која е спремна за дејство.

Вакви крајбрежни тврдини со топови, добро се покажале при првииот напад на Вејк и полошо при нападот на Сингапур. Само не заради тоа што не можеле да ги свртат накај копно (како што е јавниот наратив), туку заради тоа што имале погрешна муниција. Инаку, голем дел од нив можеле да се свртат накај копно и се свртеле и дејствувале по пешадијата, но со муниција за пробивање оклоп, а не експлозивна муниција.
Не сум знаел тоа за Сингапур:eek:
Противоклопните гранати имаат скромна употребна вредност при поддршка на пешадија или за спречување на напади на копно, обично биле во вид на стрела од Волфрам-карбид околу која бил излиен челик, тоа помодерните. Постарите биле чисто од high-tensile челик.

Абвер и локалните квислинзи ширеле прича дека британската морнарица е веќе во територијалните води на Норвешка и дека следи неминовна инвазија од страна на сојузниците па затоа многу тврдини и остали единици на норвешките вооружени сили не дале отпор или давале отпор предоцна.
Од денешна гледна точка е чудно, но таа митоманија, лажно инфо, сеење страв и паника насекаде, особено преку квислинзи кои биле во самата армија и морнарица било сериозна работа. Нешто слично имаме и кај Југославија во Априлски рат 41.
Квислинзи имале и своја радиостаница од која емитувале лажни вести дека британците ќе дојдат и ќе заколат пола норвешки народ и слични будалаштини, но тоа треба да се гледа во духот на тоа време.

Затоа некои команданти биле на два стола што да прават со бродовите кои пловеле низ фјордовите.
Чак и самиот Биргер Ериксен изјавил "или ќе станам херој вечерва или ќе ме стрелаат со преки суд, но не е важно тоа сега, ви наредувам да отворите оган по непријателот!"
И бил во право, после ратот добива француска Легија на Честа, највиското француско признание и норвешки кралски орден за храброст, највисоко норвешко одличје.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Не сум знаел тоа за Сингапур:eek:
Противоклопните гранати имаат скромна употребна вредност при поддршка на пешадија или за спречување на напади на копно, обично биле во вид на стрела од Волфрам-карбид околу која бил излиен челик, тоа помодерните. Постарите биле чисто од high-tensile челик.
Со тие кога стрелале по пешадија од кулите надолу, кога ќе удрело у земја, само мал прдеж правело, ама доле испод земја на кртиците гнездата - лом. Да пукале со експлозивна муниција, кога ќе удрело у земја ќе имало и кратер и радиус на дејство.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Со тие кога стрелале по пешадија од кулите надолу, кога ќе удрело у земја, само мал прдеж правело, ама доле испод земја на кртиците гнездата - лом. Да пукале со експлозивна муниција, кога ќе удрело у земја ќе имало и кратер и радиус на дејство.
Откако исчезна форумот си реков за стално ќе биде, среќа не сум бил во право :)
Или со шрапнел и картеч. Тие се најефикасни за уништување жива сила. Посебно картечот е страшно нешто, машина за мелење пешадија.
Сингапур е веројатно најголем блам на Британија после поразот од некакви си колонии во Сев.Америка и губењето на Ирска 1921.
Наредна е Шкотска, се најавува нов референдум ради брегзит пошто 78% од шкоти гласале за да останат во ЕУ.

Што мислиш за мините како оружје?
Мене ми се една од најдолните измислици на војната, дно на дното.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Што мислиш за мините како оружје?
Мене ми се една од најдолните измислици на војната, дно на дното.
Педерско оружје, но во војна обично не се бираат средства.

Витебск, 1942

Жените од локалното село идат напред и служат како чистач на мини, а и како жив штит (во случај на партизанска заседа). Позади нив иде локална полиција, па после Германците.
Често Вермахтот ова го правел на Источен фронт.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Педерско оружје, но во војна обично не се бираат средства.

Витебск, 1942

Жените од локалното село идат напред и служат како чистач на мини, а и како жив штит (во случај на партизанска заседа). Позади нив иде локална полиција, па после Германците.
Често Вермахтот ова го правел на Источен фронт.
Стравично нешто...

Мините треба да се изедначат со хемиското и биолошкото оружје бидејќи контаминираат големи региони кои остануваат неупотребливи со децении и векови. Ден денес гинат луѓе од мини од Прва и Втора светска, да не правиме муабет за Виет Нам, Камбоџа, Босна...
Имаше иницијатива за забрана на мини во ООН која ја ратификуваа околу 160 членки освен 38 земји кои се главни производители како САД, Русија, Кина, Шведска, Италија, Белгија и остали.
Мините се цивилизациско дно и треба така да се третираат.

Сликата ме потсети и на војната Ирак-Иран во осумдесети каде што Хомеини праќал свои војници да чистат мински полиња жртвувајќи се во име на каузата. Интересно што возраста за регрутација ја намалувале од 18 на 16 па на 14 и на крај на 12 :facepalm:
Исто и кај оние над 35 па 40, после 45 и на крај до 50 години.
Во почетниот период дури имало и доброволци кои одвај чекале да се жртвуваат како пророкот Али и инстант да одат во џенетот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Чичиџима e дел од групата острови Јужни Бонини и се наоѓа 1100 километри јужно од Токио. Како и другите острови во близина на јапонското копно, така и овој бил цел на американски бомбардирања (особено при крајот на војната). Идејата била да ги омекнат утврдените позиции на Јапонците (имало две ПВО-кули на островот), со константно бомбардирање, па потоа да извршат амфибиска инвазија. Јапонците на островов претрпеле доста штета и жртви, но издржале и проценката била дека сеуште не е доволно омекната обраната на островот за да има инвазија. Така се одлучиле, до крајот на војната само да го бомбардираат.

Во септември 1944-та е извршено едно од многуте бомбардирања, од страна на група Авенџери, кои полетале од носач, во близина. Тед, Дел и Џорџ биле екипаж на еден од нив. Островското ПВО, при овој напад, добро изреагирало и неколку авиони биле погодени, меѓу кои и авионот на овие тројца од погоре. Некои од екипажите на авионите скокнале веднаш, за да се спасат, но овие од авионот погоре решиле да го тераат авионот колку што може подалеку од островот, па после да скокнат.

Џорџ скокнал, но при скокот ја удрил главата од перките на опашката. Сепак, падобранот се отворил и некако слетал во морето малку подалеку од другите. Кога, по падот, излегол на површина, таман стигнал на време да види како авионот паѓа во вода, недалеку. Од разните предмети и делови кои испопаѓале, токму близу него имало паднат надуван мал чамец, кој служел за вакви прилики. Веднаш допливал до него, се качил и почнал да ги довикува другарите, но безуспешно. Немало никој. Набрзо приметил како од правец на островот се движат, во далечината, кон него, јапонски патролни чамци и тука сфатил дека нема кај да бега. Пробал, колку можел, да весла со рацете, во друг правец, но брзо се уморил и само седнал на чамецот, очекувајќи ги Јапоците. Во тој момент, американски авиони го приметиле овој настан и почнале да дејствуваат по чамците. Тоа ги забавило чамците, кои решиле да се откажат од потерата и да се вратат. Џорџ охрабрен почнал повторно да весла во правец обратно од островот и чамците, се додека повторно не се уморил. По некое време во негова близина испливала американската подморница USS Finback (која најверојатно била известена од авијацијта) и го спасила. Долго после тоа имал големи проблеми со совеста, која го мачела – сметал дека е одговорен што не ги нашол другите падобранци и сл.

Не знаел дека загинале - на едниот не му се отворил падобранот, а другиот не ни успеал да скокне од авионот.

Тој ден, биле заробени осум преживеани од екипажите на Авенџерите и биле однесени на островот. Лошо е што Јапонците биле прилично гневни на Американците, после сето тоа бомбардирање, а на островот бил главен генерал Тачибана, кој бил пијаница и психопат, што уживал во мачење на заробениците и малтретирање на сите околу него.

Уште веднаш издвоил еден од групата и го врзал за столб, на сред база, па наредил сите војници да поминат и да го тепаат. Потоа, полужив го однеле надвор од базата каде што му ја исекле главата пред свежо ископан гроб, во кој го закопале.

Но, по некое време му текнало на ген. Тачибана дека неговите војници мораат да го имаат борбениот дух и воља, за уништување на непријателот, а тоа можат да го утврдат само преку ритуал на јадење месо од непријателот. Па, направил гозба на сред база, надвор и ги викнал хирурзите, заедно со вoјска, да одат да го откопаат несреќниот авијатичар и да исечат месо од него, кое ќе се служи на војската. Така и биднало, го сервирале со многу зачини и соја сос.

По некое време, пак му текнало истото, бидејќи сметал дека тој дух само така може да се одржува. Врзале уште еден заробеник на столб и вежбале бодење со бајонети на него, се додека не умрел. И него го послужиле на војска, после тоа. Хирурзи сечеле одредени делови од месото, а кувари го приготвувале, војска и офицери – јаделе. Сето тоа се одвивало пред очите на преостанатите зарбеници, кои морале да гледаат.

Следниот заробеник, знаел дека го чека ”бајонетање” и пружал отпор кога го земале, надевајќи се на брза смрт. Не можеле да го врзат за столбот и му ја исекле главата (пред да го сечат и приготвуваат).

До крајот на војната, после големи мачења, ги убиле сите (освен, мислам дека еден оставиле). Некои од нив ги држеле во живот колку можеле, додека им ги сечат хирурзи деловите, за да биде месото свежо.

Островот не бил освоен до крајот на војната, кога се предале. Судено им е на военото судење во Гуам 1946-та, каде што генералот, како и уште неколку офицери, биле осудени на смрт. Други добиле 25 години (ама лежеле 8 највеќе). Приказната е реконструирана според сведочењето на починителите и другите војници и веднаш е затворена за јавноста (пред се семејствата на авијатичарите), која само дознала дека погинале при падот.

Џорџ, од почетокот на приказната, долго време не знаел што избегнал за влакно, бидејќи и од него биле скриени деталите. Инаку после станал и претседател на САД, а и син му исто така. Додека бил претседател, не знаел за овој инцидент, кој е објавен во јавност преку една книга на историчар, во 2003-та. Џорџ Буш учествувал лично во реконструкцијата на настанот, на лице место, во 2004-та.

Одличен пост :)

Имав слушнато за овој настан а изворот тврдеше дека Буш знаел за слученото, исто како и јапанскиот премиер Кичи Мијазава кој бил во Кемпетаи во WW2 па така при една средба во Токио се случува една од најбизарните ситуации на која бил изложен било кој владетел во светот.
Наводно Мијазава суптилно наговестил нешто околу настанот и Буш снемоштил скроз :)

Инаку канибализмот бил широко распространет во окупираните острови од страна на Јапанци. Иронично, изгледа дека особено вкусни им биле домородците од Папуа кои и самите биле канибали.
Канибал на канибал се намерачил :D
Бројни амерички, британски, аустралски, новозеландски, холандски, кинески, корејски и остали заробеници завршиле како кулинарски специјалитети во стомаците на често прегладнетите јапански војници поради логистичкиот фејл на Јапан во пацифичката војна каде имало острови кои со месеци немале добиено ништо за јадење нит муниција и лекови или резервни делови и гориво.

Одредени водови и чети толку се занеле во јадењето човечко месо при што користеле секоја прилика да си каснат човечко месо. Дури и упокоени јапански војници биле транжирани и поховани на тивок оган.

Интересно е што целиот колективен јапански зулум во WW2 кој се одликува со некои од најгнасните дела против чеовештвото било кога, па уште им фалеше канибализам да се заокружи злото. Пред Јапанците бледнеат Ацтеки, Монголи, Хуни, Викинзи и тоа 500-1000 години подоцна од наведените злобни колективни ентитети.
Несфатливо е како во 20.век, век на тотален технолошки напредок, зелена револуција, лекови кои истребиле куп болести, продор на хигиената насекаде, чекор на месечината, информатичка револуција и што све не, имало и организирани болесници кои маринирале човечко месо со соодветни зачини...

Kajgana Shop

На врв Bottom