Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Не се разбирам ја у технологија толку. Мислам, ги знам главните тенкови, артилериски и други орушја, ловци, бомбардери, транспорти, бродови... по име и нешто карактеристики, споредби, али толку. На пример, никад не сум обрнал внимание на овој ловец италијански, или на тие романските.

Без разлика како се чувствуваш ти, јас сметам дека романските војски не се покажаа во добро светло, со тоа што Италијаните најубедливо лоши, па Французите, па Романците. Значи, не сум нешто убеден дека Французите се покажаа нешто многу добро. Полошо од сите други големи (Јапан, Британија, СССР, САД и Германија). Секако, мит е дека Французите не се бореа храбро (Данкирк, како најголем пример), но тоа е недоволно, како што видовме. Имало и француски единици кои фаќале магла, да не се лажеме. На пример, кај Седан кога пробиле панцерите, имало две дивизии кои фатиле штрафта кога виделе што иде. Али не ги обвинувам, ниту можам да го сметам целосно кукавичко тоа бегање. Имено, пред нив се наоѓал крем де ла крем од Вермахтот, лично Гудериан со тенковски армии. А Французиве не биле главни сили, туку две дивизии резерви. И тоа не први резерви, туку Бе резерви. Ги викале крокодили. Пошто биле толку стари што кожата им била набрчкана како на крокодил. Скроз глупо би било да останеле.
Романците се друга прича. IMO кај Романците причините не лежат во човечкиот фактор, туку во немањето добри, доволни средства и услови за војување. Да речеме, кај Сталинград тој што знае добро, ќе знае дека Романците се покажале одлично, со тоа што го имале на располагање. Исто така дека тие биле оние кои предупредувале на состојбата и барале појачувања. Но, никој после Втора Светска не ги ферма Романците на Запад, таму се читаат и печатат со големи тиражи мемоарите на Мајнштајн, Гудериан и други, каде што се знае кој е крив за Стаљинград.

Италијаните се посебна категорија и за нив ќе треба цел пост или неколку. Дали го знаете популарниот италијански војнички поздрав, со две раце што се изведува?
Точно затоа и романците не издржаа кај Сталинград, но моето запознавање како цинцар :D со нивното учество во ЊЊ-2 беше преку 2 книги за романска авиоиндустрија и една за воздушната битка за Плоешти, малку познат судар кој требало да го прекине снабдувањето на нафта за Рајхот. Подоцна при читање за Сталинград видов дека се држеле прилично добро со оглед на сите околности. Сепак не била романската команда решавачки фактор кој довел до слом на оската кај Сталинград.
Тоа што располагале било најчесто од сопствено производство како ИАР-80 и ИАР-37, имале и јуришни топови од домашна (скромна) индустрија, германците биле некако нерасположени да помагаат иако им доделиле шака Штуки, цинцарите морале ловецот ИАР-80 да го прават и пикирачки бомбардер и јуришник, а тоа не може да даде добри резултати.
Пред ЊЊ-2 романците имале големи нарачки за техника во Британија но најголем дел од тоа останал неиспорачан поради очигледни причини па морале да се снаоѓаат, како хибридниот ИАР-79 тактички бомбардер со талијански дизајн, немачки мотори и белгиски митралези за одбрана :D

Да се напомене дека на територија на екс-Југа иако војната завршила на 15.Мај, чистењето на ѓубрето (усташи, четници, ханџари, балисти, домобрани, недиќевци и остали) траело некаде до 1952. Очигледно останало многу ѓубре :D

Што се однесува до талијани not sure дека имаат победа во една едина битка во ЊЊ-2 ?! можеби грешам, но не сум сретнал при читање на таква ствар. Едино што ми текнува е инвазијата на Албанија која ја освоиле за три дена, што е ок постигнување ваљда, ако се знае дека Албанската армија била на ниво на крајот на 19.век...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968

Не си чул за Големото Освојување на Египет?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
1966, Сердловск, воен ветеран го посетува споменикот на паднатите содругари. Сликава има добивано награди на натпревари.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Не си чул за Големото Освојување на Египет?
Сепак најдов една талијанска победа, освајањето на британската колонија Сомалиланд од силите на Италијанска североисточна Африка (преполна со Аскари а не талијани) :D . Actually they did ok there.
Се прашувам ако Италија за 72 часа ја освоила Албанија, колку лоши се албанците како војска? Веројатно на самото дно на светот, заедно со некои племиња по Амазон. Јес дека имале нешто партизани со Хоџа, Скендер-бег СС дивизија и балистички паравојски, да те освои Италија за 3 дена треба да се самоукинеш како нација, чисто од блам :D

А Власиве, реално и немаа опција освен оската, откако анексијата на Бесарабија/Молдавија од страна на Сталин остана без реакција кај сојузниците (тоа во времето кога Адолф и Коба беа другарчиња) .
За да ги вратат изгубените земји и народ, мораа да бараат сојузник, затоа биле информирани за Барбароса и спремни за 22.06.1941 да удрат уште од првиот ден на Одескиот Фронт на Рабоче-крестјанскоја краснаја армија. Наредбата на Сталин била да не се преземаат мерки кон Финска и Романија до даљњег, ликот бил тотално загубен во свемирот првата недела од војната :)

Е сега со Јон Антонеску и неговата клика и почетните големи успеси, апетитите пораснале па сакале да ја земат и Одеса, т.н. "Голема Романија" што и го направија и така се заебаа и завршија на крај во Сталинград. Финска за разлика од нив не планираше да ствара голема држава него само си ги врати загубените територии...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Aбе Големото освојување на Египет!
Сиди Барани.
Тоа е bargain chip-от на Мусолини, откоа Британија ќе се предаде или ќе потпише договор со Германија. Не траеше долго ама окупираа дел од Египет. Дел си е дел. колкав и да е.
Автоматски споено мислење:

Романците го имале Плоешти.
Тоа ја напраи земјата без избор.

Хитлер, многу почесто размислувал стратегиски, за разлика од своите генерали. Него Романија му имала поголеммо значење, заради Плоешти (кој е цело време бомбардиран во текот на војната). Романија не смеел да ја испушти. Никако. Све смеел, ама Романија - не. Многу малку денес од страна на јавниот наратив, се придава значење на нафтата како фактор во Втора Светска.
Кога го освоил Балкан, генералите му викале дека на ред е сега Малта, дека Малта е она што ја одржува британската присутност во Медитеранот. Он мислел дека Малта може да се неутрализира и покори преку бомбардирање со авијација, ама ако дозволи Британците да останат на Крит, тогаш ќе имаат лесен домет до Плоешти, па решил на Крит со падобранците да изведе уште едно чудо.
 
Последно уредено:

Па чекај, нели кај Сиди Барани талијаните изгубиле? Ок, тоа е некои 50-60км внатре во Египет па технички да, освоиле накратко нешто :)

Добро спомена за улогата на нафтата а и општо логистиката во ЊЊ-2 некако тие теми не се доволно истражени, или барем популаризирани а влијаеле повеќе на исходот отколку некои големи битки.
Интересно е кај оската враќањето на ропството како феномен во 20.век :facepalm: Маси народ од окупираните подрачја биле упатувани во работни логори прикачени кон немачки индустриски концерни (во еден таков царувал и Фон Браун). Мислам, која мотивација ја има еден роб, освен страв и која мотивација е кај амерички работник, кој на пауза си пие кока-кола и си пуши Камел, склопувајќи Мустанзи и Либератори и бидувајќи солидно платен за тоа. Има нешто идиотско во самиот немачки пристап кон војната.

Германците откако источни фронт започнува да голта луѓе, морале да мобилизираат и стручњаци, и квалификувана радна сила, мајстори и све по список (освен жени, тоа кај Коба) и да ги пратат како замена на фронт. Наместо нив, во фабрики ги ставиле робовите, не само што квалитетот на немачки орудија опаднал туку имало и outright саботажи.
Двајца претходници на Шпер, министри на производство, сосема реалистични луѓе, биле ликвидирани од Долфи пошто му соопштиле дека со тоа темпо и америчката забрефтана мамутска индустрија префрлена на воен режим = поразот е неизбежен. Шпер ја научил лекцијата и чат-пат му кажувал она што Долфи сакал да го чуе :D особено во доменот на Вундервафе.

Малку се знае и за немачките камикази, Леонидас Гешвадер :icon_lol: каде Ф-1 со пилотско седиште требало да табаат мостови на Рајна, кое лудило...

Плоешти покрај романската пилотска елита го бранеле и сериозно јаки немачки пилоти, па дури и самиот Ерих Хартман едно време е упатен таму со неговата ескадрила да ги брани рафинериите.
Интересно е што рутата на америчките бомбардери во еден период била Либија-Грција-Македонија-Бугарија-Плоешти, па така успат по некоја бомба пуштале и на Софија...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Интересно е кај оската враќањето на ропството како феномен во 20.век :facepalm: Маси народ од окупираните подрачја биле упатувани во работни логори прикачени кон немачки индустриски концерни (во еден таков царувал и Фон Браун). Мислам, која мотивација ја има еден роб, освен страв и која мотивација е кај амерички работник, кој на пауза си пие кока-кола и си пуши Камел, склопувајќи Мустанзи и Либератори и бидувајќи солидно платен за тоа. Има нешто идиотско во самиот немачки пристап кон војната.
Toa ти, од време на време, што гледаш нешто идиотско, тоа се некои нерационални постапки, како оваа: Зашто да го малтретира работникот, кога може да му овозможи подобри услови за живот, а со тоа и ќе придонесува повеќе, нема да забушава и сл. Сигурно боље ќе работи ако не е загрижен, гладен, тормозен и утепан. Епа, тоа е само еден од многуте примери каде што идеологијата го поклопува рационалното расудување. Тоа е една од главните причини за поразот.
- Не може тој некој унтерменш да има нормален живот како што се оние со ариевска крв, кои треба да владеат. Другите треба да служат во сврха на владеење на најспособната раса. Експендаблс се они. Таков е природниот поредок кој го создало Божјото Провидение.
- Нема сега што ние да се мучиме околу разузнавање, кога секако ќе ги згазиме Русите, тие се унтерменш, не можат они ништо. Види ги у Финска како поминаа. (озбилно, не знаеле ни кои седеле во советот на Стаљин)
- Логистика, до октомври може да подржи само до Смоленск - викаат логистичарите, а овие им одговараат, ма нема везе Ние сме у пичку матер најбољи, стварно сме над раса, нек си ебе матер, ќе ги згазиме до септември, ма до крај на август. Ќе колабираат одма.
- Наместо да ги штедиме ресурсите за одбрана, ние ќе се заебаваме со транспорт и прераспределба на логораши и ќе ангажираме единици за тоа. Тука многу јако идеологијата има збрцано прсти во рационалниот мозок. Знам за случаи кога сојузниците ги напаѓаат Германците, а овие ги напаѓаат логорашите, наместо да се бранат или повлечат. Но, ние не сфаќаме дека целта на нивната војна не е само освојување, туку воедно е и елиминација на подрасите, пред се Евреите. За нив е скроз легитимно тоа поведение, кое нас ни личи нерационално. Во контекст на нивната идеологија е сосема рационално.
Мада, тука веќе се повеќе читам како и не е дека кој знае колку единици биле отсутни заради тоа, за да има некое влијание. Па сепак, транспорт, ресурси.
- Украинциве се словени - за убивање, не може сеа ние да ги вооружуваме. Дури покасно им текна дека наместо да ги убиваат, руските воени заробеници можат и да им послужат за работа, па и за борба против Советите.
- Расната идеологија го залажувала Хитлер дека со сите може да победи, а со некои кои расно се поблиски, како Англичаните, може и да се разбере.

Има и други примери, ама во сите нив, помалку или повеќе, идеологијата влијае врз донесувањето рационални одлуки.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592

Да, тоа со расите е вредно за споменување. На пример на источниот фронт имало доста бандераши кои биле спремни и високо мотивирани за да се борат за германците, но наместо тоа биле користени за логистика. Исто во Русија интересни се тие борби за секоја железничка станица и колку биле клучни за ресурси.
Инаку ептен морам да те поправам баш напротив Хитлер бил многу лош стратег и тврдоглав како магаре При донесувањето на воените планови наместо тоа што се случува на терен имал некои си налудничави идеи, кои ги тресел уште пред да почне војната и во рамките на статистичка грешка испаѓале генијални, но скоро сите биле на штета на Вермахтот. На тој план па Сталин бил зачудувачки флексибилен, на генералите им давал општи насоки, а тие сами ги изработувале деталите. Веројатно единствена ситуација во неговото деспотско владеење каде што ја поттикнувал креативноста и самоиницијативноста на подредените, па дури има и некои сведочења каде што ген.Жуков треснал со песницата на масата при некое неслагање со него.
Друго интересно за Сталин и колабораторите е што чечените и уште некое соседно племе сите до еден ги пратил на Сибир, а толку бил напизден на украинците што некој од високите партиски функционери рекол, среќа имаат украинците што се многу иначе и тие ќе поминеа како кавкаските племиња. :pos:
Инаку лудакот сите советси граѓани што се враќале од работни логори после завршетокот на војната ги сметал за колаборатори и затворал или дури и стрелал(мал процент). Поствоените години се дефинитивно врвот на деспотизмот, иако истиот е континуиран.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
ваљда сте чуле за оваа приказна (а може и ја имам нешто пишано порано)...

Американците бомбардираа со напалм во Јапан, заради градбите таму и мноооогу поголемата штета што таму ја предизвикува напалмот, во споредба со конвенционалниот експлозив, како полнење.

На еден забар по име Lytle S. Adams, му текнало дека запаливото полнење поефикасно ќе дејствува, ако се врзе во многу посебни пакетчиња, за телото на многубројни лилјаци кои би се ослободиле од авионот наместо бомби. Секој лилјак би носел одредена маса од запалива материја и така би се распрснала на многу поголема плоштина, отколку само во бомба да се стави и да има дејство во радиус, кај што ќе падне. Запалливата материја би се активирала на тајмер, исто така закачен тука. Овие лилјаци би го разнеле на сите страни запалливото и би предизвикале мали, но многу, пожарчиња, кои лесно ќе прераснат во еден голем. Пожарникарите не би знаеле каде да се концентрираат и ред други работи. Значи, лета бомбардер и испушта јато од лилјаци, кои како во вампирски филм во јато се стрмоглавуваат кон населбата (и ја горат).

Tипот бил познаник со жена му на ФДР и бркал врски да го протне проектот. Месец дена после Перл Харбур, пратил писмо до Белата Куќа каде ја објаснил својата идеја и во кое, меѓу другото, стоело дека "лилјаците се најниска форма на живот кај животните, чија причина за создавање, до сега, останала непозната за нас луѓето." Него (кај Рузвелт) го подржал и некој зоолог, на кој му се видело дека идејава и не е така налудничава. Потоа, Рузвелт проектов/идејава ја препратил кај генералите од воздушните сили, со писмо кое почнувало со зборовите (отприлика) - Овој не е ненормален - сослушајте го!
Највише работа тука завршила жена му на Рузвелт. Генералите виделе, не виделе, му го одобриле проектот. Му дале база во Ново Мексико, каде ќе ја тестира идејата и му одобриле средства (средствата вложени во овој проект, на крајот, достигнале вредност од $2 милиони, т.е. денешни $19 милиони).
Базата била испразнета од вообичаениот персонал и била ставена под ставка "Строго доверливо".

Aдамс собрал свој тим составен од бивш гангстер, глумец, бивш менаџер на хотел и слични. Најверојатно си ги собрал другарчињата. После им се приклучил и зоолог за цицачи. И сега пошто стапиле во армиска служба, требало да бидат хиерархиски и другачие поставени во рамки на војската, па требало да имаат чинови и служба. Им рекле да си изберат. И едниот избрал да го пишат како маринец, друг како нетијазнам авијатичар, трет се пишал водник некаков и така....
Пресметале дека преку овој метод на единица површина, со исто количество запалива материја, ќе направат многу повеќе штета, отколку запалливото полнење да го ставаат во бомби, како и што правеле.
Најпогодна раса им се видел мексиканскиот лилјак, кој го имало на југ и затоа и база им дале во Ново Мексико. Нашле пештери кај што живеат овие лилјаци. Отишле до некое населено местенце у близина на пештерите и ги прашале мештаните за точна локација на пештерите. Овие им рекле барај го гомнарот во кафаната. Одете ќе го познаете. Отишле у кафаната и таму сите седат до ѕид, а само еден седи сам у средина и смрди, корне (затоа и така седи сам). Тој бил гомнарот кој се занимава со прибирање на гомна од лилјаците, во нивнитие пештерски колонии. Ги употребувале нивниот измет за гориво или ѓубриво (не ми текнува). Овој ги однел во пештерата и испофаќале доволно лилјаци.
Почнале тестирање и виделе дека лилјаците не можат да понесат ни приближно толку маса запаллива материја, колку што они си мислеле. Среќа тука улетал зоолог, кој им рекол дека собрале примероци од колонија на трудни женки и дека мажјаците ќе можат таа маса да ја понесат. Се вратиле и земале мажјаци, овој пат.
Идејата била да им се закачи бел фосфор и да го распрснат врз Токио. Тука им се приклучил и изумителот на напалм Луис Фајзер и така белиот фосфор бил заменет со напалм.
Требало да им закачат напалм, да ги бутнат у авион и да ги ослободат над непријателскиот град.
Но, лилјаците треба да бидат мирни од пакување во бомбата (имено станува збор за нешто како кафез бомба со падобран, која ја испушта авионот, а од која они треба да се разлетаат), па се до пристигнување над локацијата. Во спротивно, лесно ќе се запали целиот авион. Тоа го решиле прво со замрзнување на лилјаците (им предизвикуваат вештачки хибернација), па потоа им закачуваат напалм и ги товарат. Додека трае летот седат мирни хибернирани, при крај им качуваат температура малку и ги пуштаат.
Го пробале тоа и испаднало дека многу е тешко да го натемпираат "отхибернирањето", па често лилјаците паѓале како мразулци на земјата и се кршеле. На крајот сепак го решиле ова некако.

1,5 метри должина, собира околу 1000 лилјаци

После многу маки, дошол тој момент кај што викнале генерали и воени снимачи, да го презентираат проектот. Но, тоа морало да биде навечер и затоа ништо не се гледало. Нит генераливе нешто ќе видат нит пропагандава ќе може нешто да сними. Тоа го решиле генијално, со закачување на мали светилки на замрзнатите лилјаци, кои така у темницата ќе се гледаат, секој од нив, каде е.
Тука нормално, се дешава светилките закачени за секој од нив, предвреме да ги отхибернираат и настанува хаос. Прво се запалува и експлодира колата на некој генерал, после тоа одат во воздух неколку градби од базата. А за целото тоа време додека гори базата, надвор од базата, војска ги спречува да дојдат пожарникарите од самата база, задолжени за ваков случај, пошто е тоа Топ Сикрет и оставаат да изгори, све тоа што се запалило.

Проектов продолжил, но авијацијата го откачила и и го дала на морнарицата. Морнарицата го крстила - Project X-Ray. Mакотрпни испитувања продолжиле, со многу авантури, за на крајот сосема да го откачат проектов, заради некој си таму друг, Менхетен проект, нешто....

Сепак, после сите испитувања и евалуации, официјалните оценки и заклучоци за ефективноста на овој метод велат дека:

A reasonable number of destructive fires can be started in spite of the extremely small size of the units. The main advantage of the units would seem to be their placement within the enemy structures without the knowledge of the householder or fire watchers, thus allowing the fire to establish itself before being discovered.

и

It was concluded that X-Ray is an effective weapon." The Chief Chemist's report stated that, on a weight basis, X-Ray was more effective than the standard incendiary bombs in use at the time: "Expressed in another way, the regular bombs would give probably 167 to 400 fires per bomb load where X-Ray would give 3,625 to 4,748 fires
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Toa ти, од време на време, што гледаш нешто идиотско, тоа се некои нерационални постапки, како оваа: Зашто да го малтретира работникот, кога може да му овозможи подобри услови за живот, а со тоа и ќе придонесува повеќе, нема да забушава и сл. Сигурно боље ќе работи ако не е загрижен, гладен, тормозен и утепан. Епа, тоа е само еден од многуте примери каде што идеологијата го поклопува рационалното расудување. Тоа е една од главните причини за поразот.
- Не може тој некој унтерменш да има нормален живот како што се оние со ариевска крв, кои треба да владеат. Другите треба да служат во сврха на владеење на најспособната раса. Експендаблс се они. Таков е природниот поредок кој го создало Божјото Провидение.
- Нема сега што ние да се мучиме околу разузнавање, кога секако ќе ги згазиме Русите, тие се унтерменш, не можат они ништо. Види ги у Финска како поминаа. (озбилно, не знаеле ни кои седеле во советот на Стаљин)
- Логистика, до октомври може да подржи само до Смоленск - викаат логистичарите, а овие им одговараат, ма нема везе Ние сме у пичку матер најбољи, стварно сме над раса, нек си ебе матер, ќе ги згазиме до септември, ма до крај на август. Ќе колабираат одма.
- Наместо да ги штедиме ресурсите за одбрана, ние ќе се заебаваме со транспорт и прераспределба на логораши и ќе ангажираме единици за тоа. Тука многу јако идеологијата има збрцано прсти во рационалниот мозок. Знам за случаи кога сојузниците ги напаѓаат Германците, а овие ги напаѓаат логорашите, наместо да се бранат или повлечат. Но, ние не сфаќаме дека целта на нивната војна не е само освојување, туку воедно е и елиминација на подрасите, пред се Евреите. За нив е скроз легитимно тоа поведение, кое нас ни личи нерационално. Во контекст на нивната идеологија е сосема рационално.
Мада, тука веќе се повеќе читам како и не е дека кој знае колку единици биле отсутни заради тоа, за да има некое влијание. Па сепак, транспорт, ресурси.
- Украинциве се словени - за убивање, не може сеа ние да ги вооружуваме. Дури покасно им текна дека наместо да ги убиваат, руските воени заробеници можат и да им послужат за работа, па и за борба против Советите.
- Расната идеологија го залажувала Хитлер дека со сите може да победи, а со некои кои расно се поблиски, како Англичаните, може и да се разбере.

Има и други примери, ама во сите нив, помалку или повеќе, идеологијата влијае врз донесувањето рационални одлуки.
Одлична анализа на еден крајно занемарен дел од причините за поразот на оската, нивната идеологија придонела за поразот повеќе него некои славни битки.

Да напоменам дека цел бр.1 биле унтерменш ајнц т.е. евреј, роми, педери и сите оние кои се раѓале со проблеми (пример деца со даунов синдром) и за нив немало ништо освен смрт.
Унтеменш цвај биле словените за кои целта била. третина да се ликвидираат, третина да се иселат зад Урал и да работат како аутсорс за наци фирми а една третина која била расно компатибилна да се асимилира во ариевци (затоа киднапиале илјадници плави деца од окупирани територии :facepalm: )

Рајхот требало да трае барем 1000 години и да го дели светот со своите сојузници, возобновеното Римско царство на Мусолини и Хако Ичију (Цел свет под еден покрив, буквалната цел на јапанците :facepalm: )
Јапнците имале слични намери кон кинези и корејци во поглед на тоа дека биле нижа раса, нешто да се асимилира, нешто робува а најмногу убие со биолошко оружје кое веќе го имале 1945 и планирале да го протнат во САД и да направат епидемија)

Кај сите три е забележлива тотална ирационалност и лудило, значи овие ствари некој да ги измислува нема да може да ги измисли, реалноста е често над имагинацијата нажалост.
Германците после шокот со Т-34 започнале програма за свој тенк од таков тип но сепак лудилото ескалирало и нивниот пандан бил 47 тони наспроти 32 на Т-34, со предселекторска кутија за мењач :facepalm: ко небаре тенкот ќе се вози на Булевар а не на ратиште.
Исто и со Мустанг, Адолф Галанд, командант на ловачка авијација на Луфтвафе, и самиот екс-врвен експертен со 102 победи = барал копија на Мустанг а тоа бил Ме-309, али немало веќе време ни ресурси за такво нешто, останало на 3-4 прототипи.

Штета што не им мавнаа уште пар атомски...
Автоматски споено мислење:

ваљда сте чуле за оваа приказна (а може и ја имам нешто пишано порано)...

Американците бомбардираа со напалм во Јапан, заради градбите таму и мноооогу поголемата штета што таму ја предизвикува напалмот, во споредба со конвенционалниот експлозив, како полнење.

На еден забар по име Lytle S. Adams, му текнало дека запаливото полнење поефикасно ќе дејствува, ако се врзе во многу посебни пакетчиња, за телото на многубројни лилјаци кои би се ослободиле од авионот наместо бомби. Секој лилјак би носел одредена маса од запалива материја и така би се распрснала на многу поголема плоштина, отколку само во бомба да се стави и да има дејство во радиус, кај што ќе падне. Запалливата материја би се активирала на тајмер, исто така закачен тука. Овие лилјаци би го разнеле на сите страни запалливото и би предизвикале мали, но многу, пожарчиња, кои лесно ќе прераснат во еден голем. Пожарникарите не би знаеле каде да се концентрираат и ред други работи. Значи, лета бомбардер и испушта јато од лилјаци, кои како во вампирски филм во јато се стрмоглавуваат кон населбата (и ја горат).

Tипот бил познаник со жена му на ФДР и бркал врски да го протне проектот. Месец дена после Перл Харбур, пратил писмо до Белата Куќа каде ја објаснил својата идеја и во кое, меѓу другото, стоело дека "лилјаците се најниска форма на живот кај животните, чија причина за создавање, до сега, останала непозната за нас луѓето." Него (кај Рузвелт) го подржал и некој зоолог, на кој му се видело дека идејава и не е така налудничава. Потоа, Рузвелт проектов/идејава ја препратил кај генералите од воздушните сили, со писмо кое почнувало со зборовите (отприлика) - Овој не е ненормален - сослушајте го!
Највише работа тука завршила жена му на Рузвелт. Генералите виделе, не виделе, му го одобриле проектот. Му дале база во Ново Мексико, каде ќе ја тестира идејата и му одобриле средства (средствата вложени во овој проект, на крајот, достигнале вредност од $2 милиони, т.е. денешни $19 милиони).
Базата била испразнета од вообичаениот персонал и била ставена под ставка "Строго доверливо".

Aдамс собрал свој тим составен од бивш гангстер, глумец, бивш менаџер на хотел и слични. Најверојатно си ги собрал другарчињата. После им се приклучил и зоолог за цицачи. И сега пошто стапиле во армиска служба, требало да бидат хиерархиски и другачие поставени во рамки на војската, па требало да имаат чинови и служба. Им рекле да си изберат. И едниот избрал да го пишат како маринец, друг како нетијазнам авијатичар, трет се пишал водник некаков и така....
Пресметале дека преку овој метод на единица површина, со исто количество запалива материја, ќе направат многу повеќе штета, отколку запалливото полнење да го ставаат во бомби, како и што правеле.
Најпогодна раса им се видел мексиканскиот лилјак, кој го имало на југ и затоа и база им дале во Ново Мексико. Нашле пештери кај што живеат овие лилјаци. Отишле до некое населено местенце у близина на пештерите и ги прашале мештаните за точна локација на пештерите. Овие им рекле барај го гомнарот во кафаната. Одете ќе го познаете. Отишле у кафаната и таму сите седат до ѕид, а само еден седи сам у средина и смрди, корне (затоа и така седи сам). Тој бил гомнарот кој се занимава со прибирање на гомна од лилјаците, во нивнитие пештерски колонии. Ги употребувале нивниот измет за гориво или ѓубриво (не ми текнува). Овој ги однел во пештерата и испофаќале доволно лилјаци.
Почнале тестирање и виделе дека лилјаците не можат да понесат ни приближно толку маса запаллива материја, колку што они си мислеле. Среќа тука улетал зоолог, кој им рекол дека собрале примероци од колонија на трудни женки и дека мажјаците ќе можат таа маса да ја понесат. Се вратиле и земале мажјаци, овој пат.
Идејата била да им се закачи бел фосфор и да го распрснат врз Токио. Тука им се приклучил и изумителот на напалм Луис Фајзер и така белиот фосфор бил заменет со напалм.
Требало да им закачат напалм, да ги бутнат у авион и да ги ослободат над непријателскиот град.
Но, лилјаците треба да бидат мирни од пакување во бомбата (имено станува збор за нешто како кафез бомба со падобран, која ја испушта авионот, а од која они треба да се разлетаат), па се до пристигнување над локацијата. Во спротивно, лесно ќе се запали целиот авион. Тоа го решиле прво со замрзнување на лилјаците (им предизвикуваат вештачки хибернација), па потоа им закачуваат напалм и ги товарат. Додека трае летот седат мирни хибернирани, при крај им качуваат температура малку и ги пуштаат.
Го пробале тоа и испаднало дека многу е тешко да го натемпираат "отхибернирањето", па често лилјаците паѓале како мразулци на земјата и се кршеле. На крајот сепак го решиле ова некако.

1,5 метри должина, собира околу 1000 лилјаци

После многу маки, дошол тој момент кај што викнале генерали и воени снимачи, да го презентираат проектот. Но, тоа морало да биде навечер и затоа ништо не се гледало. Нит генераливе нешто ќе видат нит пропагандава ќе може нешто да сними. Тоа го решиле генијално, со закачување на мали светилки на замрзнатите лилјаци, кои така у темницата ќе се гледаат, секој од нив, каде е.
Тука нормално, се дешава светилките закачени за секој од нив, предвреме да ги отхибернираат и настанува хаос. Прво се запалува и експлодира колата на некој генерал, после тоа одат во воздух неколку градби од базата. А за целото тоа време додека гори базата, надвор од базата, војска ги спречува да дојдат пожарникарите од самата база, задолжени за ваков случај, пошто е тоа Топ Сикрет и оставаат да изгори, све тоа што се запалило.

Проектов продолжил, но авијацијата го откачила и и го дала на морнарицата. Морнарицата го крстила - Project X-Ray. Mакотрпни испитувања продолжиле, со многу авантури, за на крајот сосема да го откачат проектов, заради некој си таму друг, Менхетен проект, нешто....

Сепак, после сите испитувања и евалуации, официјалните оценки и заклучоци за ефективноста на овој метод велат дека:

A reasonable number of destructive fires can be started in spite of the extremely small size of the units. The main advantage of the units would seem to be their placement within the enemy structures without the knowledge of the householder or fire watchers, thus allowing the fire to establish itself before being discovered.

и

It was concluded that X-Ray is an effective weapon." The Chief Chemist's report stated that, on a weight basis, X-Ray was more effective than the standard incendiary bombs in use at the time: "Expressed in another way, the regular bombs would give probably 167 to 400 fires per bomb load where X-Ray would give 3,625 to 4,748 fires
Имам читано за ова, но не ги знаев деталиве кои ги имаш наведено :)
Барајте го гомнарот е врв :D За природно ѓубриво е тоа, исто и птичји измет (Гуано), Чиле се отепал од извоз на петрифицирани птичји гомна во ЊЊ-2 :D во вредност од милијарди денешни долари.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
запаливи требало, а не запалливи
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Малку да обрнеме внимание и на аудио делот од војната, Тамнаја Ноч на Марк Наумович Бернс :D одлична песна од 1943, подоцна разбрав дека била саундтрак од истоимен советски филм.

Од визуелните, тука е славната фотка на Б-24 Либератор кој лета буквално меѓу оџаците на рафинеријата Астра Романа :(

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Британскиот евергрин со вечната тема на чекање на војникот да преживее и да се врати од фронт, Вера Лин, 1940.

Култната фотографија на хрватскиот партизан Стјепан Филиповиќ моменти пред неговата смрт, симбол на отпорот кон фашизмот (загинале во ратот сите тројца браќа Филиповиќ) која е дел од сталната поставка на фотографии на влезот во ООН во Њу Јорк.

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Нај-нај-нај-лесно си помина Австрија, легло на илјадници фанатични нацисти, the core на германските специјални единици, посебно Еделвајс и видни членови на СС, па чак и Валтер Новотни кој ако не се лажам е 4.пилот на сите времиња со 258 воздушни победи, секакви манијаци кои направија купишта зулуми за време на војната, требаше Австрија да биде третирана како дел од Оската.

Ќе поминат најлесно поради лицемерието на западот, со цел да не ја земат под свое Сталин и СССР после војната, им простија се што правеа зулуми за војната. Плус Германи се и католици се, да беа православни, или Словени од типот на Чеси ќе ги пуштеа низ вода. Чесите крвареа од Германците, после војната ги снајде ново ропство, но тие се Словени и нив западот ги пушта низ вода.

И Шпанија со генерал Франко не се миризливо цвеќе со диктатура и тортура врз народот во Шпанија.

Но ете тоа се католички земји и за нив има попуст од страна на западот.

А пример кнез Павле е сатанизиран затоа што прифати троен пакт, и тоа го прифати од немај каде, свесен што ги очекува Србите доколку влезат во војна со Германија и Италија, и се случи катастрофа за Србите што го соборија кнез Павле. Војната беше неизбежна за Југославија, но можеше подоцна да се случи крвопролевањето, а не уште во 1941 во Југославија. Но за Британците тоа беа само небитни Срби, и ги пикна Черчил во сурова војна, подоцна и во граѓанска војна.
 
Во голема мера ова што го кажуваш е вистина, но, не сум убеден дека до толку влијаело во поделбата на колачот, тоа кој е православен или Словен, а кој не е. Можеби влијаело, но сигурно не повеќе, на пример, од географијата. На пример, Унгарците не се Словени, екстремни католици се, се дел, да кажам, од благородничката европска традиција, беа една од владеачките половини на Австро-унгарија, а останаа зад завесата.

Понашањето на Британија не е непознато. Нивното влијание во Југославија, ја внесе во војна. Но, со тоа можеби историски ја постави на вистинската страна во конфликтот. Нешто кое, за време и после војната, се покажа дека многу придонесе, прво земјата да биде единствена во Европа која сама се ослободила од окупаторот (влезот и излезот на Советите не го рачунам). Не викам никако дека сами ги победивме Германците, ама никој не не ослободи. Цела окупирана Европа беше ослободена или од советски, или од западни сили, Југославија - не. Сето тоа придонесе и за уникатен развој после војната, надвор од едниот или другиот блок, нешто кое малкумина го можеа, а и создавање на сопствен блок, не толку многу базиран на воена соработка и поврзаност, колку другите два.
Да не беше превратот, Југославија веројатно со Бугарија и Албанија ќе асистираше во Грција, против Британците.
Војната (да речеме) непланирана во Југославија и Грција, ја одложи Барбароса и според јавниот наратив, придонесе за неуспехот на Барбароса. Но, ова се повеќе се покажува како еден од митовите за оваа војна и се повеќе налетувам на инфорации дека всушност немало да има никакво поголемо влијание врз исходот. Поголемо влијание врз Војната имало врзувањето на дивизиите во Југославија и на Балканот, заради партизанските движења.

Инаку за Британците и нивните постапки, никој не е зачуден. Имаат они такви испади, кај што суровата практичност бара гушење на хуманоста (гладот у Индија, на пример). Но, треба да се види поголемата слика, околу ова нивно мешање во Југославија. Тој период, работите стојат вака:
Хитлер ги згази сите. Тие што не ги згази, прејдоа од негова или се неутрални: ама со страв (имал и план да ја освои и Швајцарија), или пак само на хартија (Шведска, Шпанија...). Најбитно, го уби у појам својот најголем противник - Франција. Значи буквално цела Европа е освоена од непријателот на Британија. Британија е единствената земја на планетата која се бори против Хитлер, кој буквално, има цел континент зад себе. Советскиот Сојуз, во заднина, го снабдува хитлеровиот воен виор, штедро, со огромни количества суровини. Парадоксално, Германците никогаш не успеаја да извадат суровини, пред се мислам на нафта, подоцна, од огромните окупирани пространства на СССР, во поголем обем, одошто добиваа од самите Совети, преку договорот, пред да ги нападнат.
Америка е бастион на изолационизмот (влегувањето во војната на земјата, тогаш, го одобрувал помал процент на Американци, отколку било која војна, од Кореа до Ирак и Афганистан). Плус, у тој момент Америка, надвор од економскиот потенцијал, има помала војска од Бугарија.
Јапан се заканува над далекуисточните поседи.

Буквално Британија е сама, со своите сегашни и бивши колонии, против, ај да речеме, скоро цел свет. И Грција.
Грција и е на Британија последниот сојузник во Европа, а може да се каже и воопшто. Павле ја носи Југославија кај Бугарија, Унгарија, Романија...
Оттука некако е разбирлив тој потег на Британците, во тие ужасно тешки моменти за нив.
Автоматски споено мислење:

Веќе не смеат никако во тој darkest hour да изгубат влијание, територија и сл. Грчевито се борат.
Автоматски споено мислење:

Оваа слика треба тука да биде. Пред да го обесат.

сликава стоела на влезот во ООН во Њу Јорк, не знам дали сеуште
Автоматски споено мислење:

На тој план па Сталин бил зачудувачки флексибилен, на генералите им давал општи насоки, а тие сами ги изработувале деталите. Веројатно единствена ситуација во неговото деспотско владеење каде што ја поттикнувал креативноста и самоиницијативноста на подредените, па дури има и некои сведочења каде што ген.Жуков треснал со песницата на масата при некое неслагање со него.
Стаљин и Хитлер и нивниот однос со генералите
Тие се движат во обратни насоки, на таа тема. Хитлер ја почнува војната со поголема доверба во генералите, па како што тече војната таа преоѓа во хронична недоверба, хранета од зголемена самодоверба и месијанска убеденост. Стаљин пак се движи низ војнава во обратна насока.

Тоа дека само Жуков смеел да не се согласува и да му пркоси, е вистина.

Има еден виц за тоа. Излегува Жуков од кај Стаљин и видно изнервиран, си мрмори у брада: - Ах тие злосторнички мустаќи!
Го слушнала секретарката Људмила, крај која поминал и веднаш откако заминал, влегла кај Стаљин и му кажала што чула. Стаљин само трепнал со око и Жуков веќе го вратиле во канцеларија назад.
- Дали ти другар Жуков си го рекол ова? - го прашал Стаљин.
- Секако.
- На кого мислеше?
- Како на кого, па на Хитлер. На кој друг злосторник би мислел?
- На Хитлер. - па и се свртил на Људмила: - А вие другарке Људмила на кого мислевте?

Инаку ептен морам да те поправам баш напротив Хитлер бил многу лош стратег и тврдоглав како магаре При донесувањето на воените планови наместо тоа што се случува на терен имал некои си налудничави идеи, кои ги тресел уште пред да почне војната и во рамките на статистичка грешка испаѓале генијални, но скоро сите биле на штета на Вермахтот.
Ова не е баш така. Ова е еден од митовите за Втора Светска Војна. Значи не е нешто што е целосно неточно туку е пренапумпано.
Ќе се обидам да ти објаснам зошто и зошто ти мислиш вака, само ќе ми треба еден поголем пост.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom