Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
1.954
Поени од реакции
3.040
Интересна е употребата на жени и деца за борба, во однос на жените, предничеле СССР а за деца, наци-немачка е без конкуренција. Јапан кај Окинава употребувал осмооделенци. Се смета дека најмладиот член на Дојче Јунгфолк кој учествувал во борба имал цели девет години :eek:

При крајот, "обуката" се состоела во собирање шесто-седмооделенци во училница каде "постар" југендаш од 16-17 години им кажувал како се ракува со репетирка и како се употребува Панцерфауст, сето тоа не повеќе од една недела максимум.
На сликава гледам првото дете има Маузер М.71 еднометна репетирка :eek:
Никад краја на наци-лудостите.
Автоматски споено мислење:

Кога сме кај германски мотори од Втора Светска.
Дедо ми имаше голема фарма. На неа имаше останат од војната еден ваков Циндап, во полураспадната состојба:
Мои роџаци имаа Циндап, типот бил механичар и од неколу руини создал еден хибриден Циндап во возна состојба, за време на Југа често им бил позајмуван на филмски куќи, Вардар филм, Авала и шо ти ја знам за филмови со скромна надокнада.

Комшии имаат мотор со приколка зделано в СССР кој го набавиле во луди 90-ти како отпад, но до денес не успеаа да го доведат до возна состојба, мислам дека не можеле да најдат делови ниту на нет, а тоа што наоѓале било прескапо за нивни џеб па сеа така седи покриен со церада.
 
Последно уредено:

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.264
Поени од реакции
52.050
Интересна е употребата на жени и деца за борба, во однос на жените, предничеле СССР а за деца, наци-немачка е без конкуренција. Јапан кај Окинава употребувал осмооделенци. Се смета дека најмладиот член на Дојче Јунгфолк кој учествувал во борба имал цели девет години :eek:

При крајот, "обуката" се состоела во собирање шесто-седмооделенци во училница каде "постар" југендаш од 16-17 години им кажувал како се ракува со репетирка и како се употребува Панцерфауст, сето тоа не повеќе од една недела максимум.
На сликава гледам првото дете има Маузер М.71 еднометна репетирка :eek:
Никад краја на наци-лудостите.
Чисти ариевци се они, не би требало проблем да им биде тоа.

(отприлика тоа е логиката)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.557
Поени од реакции
17.484
@Beric Dondarrion еве тоа што го дискутиравме околу нацизмот/фашизмот на Бугарија, објаснето од историчар. Фактите се точни и лесно проверливи

Подемот на нацизмот во Бугарија

Со доаѓањето на новата власт во Бугарија во 1935 година, кога царот Борис III и во пракса го претвори парламентот и владата во орудија за свои цели, во Бугарија почнува копирањето на германската нацистичка политика. Првите чекори се прават преку генералот Христо Луков, бугарскиот министер за војна од 1935 до 1939 година. Христо Луков истовремено беше водач на нацистичката организација Сојуз на бугарските национални легии. Организацијата имаше 75.000 члена. Луков беше личен пријател со Херман Геринг и одликуван, како и Борис III, со германскиот орден Железен крст.

Во 1936 година во Бугарија беше основана нацистичката партија Ратник која воспостави тесни врски со хитлерова Германија. На 20 септември 1939 година Ратник, по примерот на Германија, ја организираше бугарската Кристална ноќ кога низ Софија беа уништени низа дуќани и имоти на Евреи. Водачот на Ратник, Петар Габровски, во 1940 година во владата на премиерот Богдан Филов е назначен за министер за внатрешни работи. Габровски од своја страна го испрати својот сопартиец Александар Белев во Германија да ги студира Нирнбершките закони. Бугарската варијанта на тие закони е наречена Закон за заштита на нацијата. Законот е изгласан во бугарскиот Парламент на 24 јануари 1941 година. Покасно Александар Белев е назначен за шеф на Секретаријатот за еврејски прашања. Задачата на секретаријатот беше спроведување на антиеврејските закони односно крајно решение на еврејското прашање. Со законите им беа одземени скоро сите граѓански права како на бугарските Евреи, така и на Евреите во „ослободените земји“ односно Вардарска Македонија, Тракија и Јужна Србија. Истиот Белев на 22 февруари 1943 година потпиша договор со претставникот на Адолф Ајхман за Бугарија, Теодор Данекер, договор за депортирање во логорите Треблинка и Мајданпек на 8.000 Евреи од Бугарија и 12.000 од „ослободените земји“.

Од горе наведеното можеме да дојдеме само до една констатација. Бугарскиот режим за време на Втората светска војна беше копија на германскиот нацистички режим и затоа не може да се нарече поинаку освен нацистички. Тука би требало да се согласиме со актуелниот премиер на Република Македонија дека текстовите на спомениците каде што пишува „бугарски фашистички окупатор“ треба да се избришат. За да нема некој што погрешно ќе сфати дека сите Бугари беа фашисти. Се разбира дека тоа не беше така. Во Бугарија несомнено постоеше движење кое се бореше против нацистичкиот режим и против договорот на Белев со Данекер. Движење кое успеа во март 1943 година да ја спречи депортацијата на 8.000 бугарски Евреи за Треблинка, а исто и на останатите 40.000 кои подоцна требаше да се депортираат. Меѓу тие што покажаа храброст да се спротивстават на нацистичкиот режим треба да се споменат политичарот од Ќустендил, Димитар Пешев, владиката од Пловдив, четириесетте парламентарци кои гласаа против депортацијата како и многубројните бугарски граѓани кои се побунија и со тоа ја спречија депортацијата.

Но, ако одиме по тоа кои личности беа на власт во Бугарија во тие години текстовите на спомениците низ Македонија, во името на коректноста, треба да се заменат со текстот „бугарски нацистички режим“. Од тие причини што баш тој режим беше крив за тоа што им се случи на битолските Монастирлиј, како што Евреите во Битола се нарекуваа самите себе. По доаѓањето на бугарската „администрација“ во Битола, како што денешните бугарски политичари сакаат да го нарекуваат периодот помеѓу 1941 до 1944 година, на Монастирлиите им беа одземени сите права, им беа одземени имотите и тие беа принудени да се приберат во битолското гето. Синагогата Арагон беше претворена во кланица за свињи. Во март 1943 година сите 3.351 Евреи од Битола беа депортирани за Треблинка. Само неколку десетици преживееја, но доволен број за да посведочат што зло им се случи.

Неодамна премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, изјави дека спасувањето на бугарските Евреи беше заслуга на целиот бугарски народ. Со тоа тој тврди дека бугарскиот народ се состоеше од само добронамерни Валенберговци. Да потсетиме дека Раул Валенберг беше шведскиот дипломат кој доделувајќи шведски пасоши на Евреите во Будимпешта спаси од сигурна смрт повеќе од десетина илјади души. Зошто тоа не се случи и со битолските Монстирлиј? Зошто ако веќе бугарскиот народ нагло тргна да ги спасува Евреите во Бугарија, кои беа бугарски државјани и имаа бугарски пасоши, не им подели пасоши и на Монастирлиите? Затоа што бугарските власти со законот за државјанство од 10 јуни 1942 година одлучи да им додели државјанство на сите граѓани во „ослободените земји“, но не и на Евреите, односно на тие кои Борис III пред Синодот на Бугарската црква ги нарече ”опасност за цивилизацијата”. Со тој закон судбината на 7.215 македонски Евреи беше запечатена.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.264
Поени од реакции
52.050
Божиќни празници. Ништо нема попригодно за Божиќ, од муабети за тенковските класи во Втора Светска Војна.
Околу тоа, неодамна видов интересна информација.

Знаеме, мање више, дека класификацијата на тенковите (тешки, средни, лесни) била различна, кај различни земји. Така на пример, јапонски тежок тенк е како германски среден, и тн.
Но, малку се знае за разликите во класифицирањето, кај самите земји, во различни периоди.

Така на пример, на никој ни на крај памет не му текнува Тигар (Panzerkampfwagen VI Ausf E) да го стави во некоја друга графа, освен графата - тежок тенк. Википедија и скоро сите други извори, така го класифицираат.

Но, малкумина знаат дека тоа е лабава територија.
Според официјалната германска воена литература:

BArch, RH 8/6442: D 76: Panzerangriff im Rahmen einer Infanteriedivision. Vom 23. Juni 1936. Reichsdruckerei: Berlin, 1936
и
Hildebrand, Dietrich: Reibert. Der Dienstunterricht im Heere. Ausgabe für Panzerschützen. Allgemeine Grundausbildung. Verlag von E. S. Mittler & Sohn: Berlin, 1939.

Тежок тенк е оној кој има над 10.5 cm калибар. Што би значело дека Тигар (со своите 8.8 cm) спаѓа во средни тенкови (7.5-10.5 cm).

Прв пат во ноември 42-ра дури, се појавува во официјална германска литература* класификацијата која ние ја држиме - спред тонажа/маса на тенкот, во која Тигар спаѓа во тешки.

*H. Dv. 469/2b: Panzerabwehr aller Waffen. Heft: 2b. Panzer-Erkennungdienst England-Amerika vom 8. 11. 42.
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.925
Поени од реакции
14.973
pa mi se dopaga koga ke procitam nesto za tenkovite,zatoa sto bev vo JNA,vozac tenka,T-55 i bogami mu se iznavozev zatoa sto me fati i toa manevrite kako li se vikaa na 4 godini odea a ovaa mojava bese Golija 1976 g,potocno tamu vozev samohotka 57mm na sasija na T-55.Vo kasarna pak gi imavme i Serman,rashodovani,ama i onie golemine paton vo upotreba samo mal broj.
 
Колку што талијански и јапански тенкови од 12-15т. се средни толку и чудово од 57 тони dry weight е "среден" тенк, wet weight му е околу 60 тони, за споредба, ти текнува на советското чудовиште Т-35 од 50 тона кое требало да пробива одбрамбени линии со 5 куполи на него? Тоа било сметано за тежок тенк а има добри 10 тони помалку од Тигар.
Ова со калибрите е слично како поморските конвенции каде 203мм плус биле тешки крстосувачи а испод тоа лесни, без разлика на тонажа.
Подоцна во студена војна се појавува најдобриот опис Main battle tank кој се употребува и ден денес...

pa mi se dopaga koga ke procitam nesto za tenkovite,zatoa sto bev vo JNA,vozac tenka,T-55 i bogami mu se iznavozev zatoa sto me fati i toa manevrite kako li se vikaa na 4 godini odea a ovaa mojava bese Golija 1976 g,potocno tamu vozev samohotka 57mm na sasija na T-55.Vo kasarna pak gi imavme i Serman,rashodovani,ama i onie golemine paton vo upotreba samo mal broj.
Тоа биле М-47 Патон-2 кој се појавува тек после војната како одговор баш на Т-55, Југославија во 50-ти имала 320+ Патони и 600+ Шермани заедно со 400 Џексони и 250 Хелкети настрана М-8, М-3, М-9 транспортери и окл.автомобили окосница на оклопните сили била 90% америчка опрема, мислам дека некаде средина 60-ти правеле модернизација со Т-55 откако се враќаат добри односи со СССР а освен нив купиле и нешто као 1000 Т-34 од советски вишоци. Шерманите како што кажуваш биле извадени од употреба пошто не планирале да ги моденизираат и биле употребувани како мети за вежбање, а М-47 Патон и М-36 Џексон во резерва остануваат до крај, па се бореле низ Славонија, Крајина и Босна 1991-95.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.247
Поени од реакции
7.363
Пред почетокот на ВСВ германците, британците и французите имаат комплетно различни класификации и концепции за примена на оклопната техника, према ова класификацијата на оклопот воглавно тенковите варира доста, посебно во периодот на ВСВ а и кратко после тоа, самата дефиницаја за тоа што е тенк варира тек па останатото.
Во зачетокот на Студената војна кога се стабилизираат борбените ефективи преку масовната стандардизација, НАТО и Варшавски пакт кои се присутни и денес, класификацијата по тонажа губи својственост, додека пак со масовната појава на против тенковски рачни орудија/фрлачи, се изема потреба за ловци на тенкови и останати варијации на она што е денес главен борбен тенк.

Класификацијата по тонажа стана неприменлива поради техничко технолошкиот напредок на воената техника, еве пластичен пример, Т72 е главен борбен тенк со просек тежина од 45т, додека истата функција ја имаат и Леопард 2 и М1 Абрамс чија просек тежина е околу 65т и припаѓаат по сите карактеристики во иста категорија како Т72 освен масата, разликата е што во борбеното трио на тенкот (подвижност, огнена моќ, оклоп) маса отприлика оди од 8-16т по борбена станица т.е член на екипаж, примената на автоматски полнач кај Т72 анулира една борбена станица (полнач) и со тоа по маса оди една категорија подолу, што би значело дека е среден борбен тенк за разлика од останатите два, а во суштина не е.
Згора на ова е што стандардизираната сообраќајна инфраструктура низ светот, посебно мостовите имаат свои ограничувања, па еве и да има IS7 тежок тенк оперативен, би имал строго ограничено движење од овој аспект. И да не би било така, модерните ПТ системи лесно елиминараат хомоген оклоп со таа дебелина, причина плус за комплетна промена на пристапот.

ВСВ е настан сам по себе во развојот на оклопно механизираните средства, има огормен напредок, се развиваат такви системи, концепти за кои шо ни на крај памет некој не би трошел средства во мирнодопски услови, еве германците имаа оперативен Маус, чисто поради фиксацијата на фирерот со масивни оклопни средства, иако им било јасно дека дебелината на хомоген оклоп веќе се истиснува поради појавата на кумулативни полнења, настрана што не постоел мост кој може да го искрепи итн.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
1.954
Поени од реакции
3.040
Во однос на оклопот и начините на борба против истиот, за прв пат на сцена се појавува наведувана ПТ ракета, и каде инаку туку во Рајхот, Рурштал Икс-7 како намалена по размер верзија на првата наведувана ракета воздух-воздух Икс-4.
Оваа ракета со тежина од 10кг од кои 2,5кг shaped charge (бакарен конус обложен со експлозив) на тестирање се покажала дека може да пробие било кој сојузнички тенк од напред. Начинот на наведување бил жица која се одмотувала при летот преку која пилотот или војникот визуелно, со помош на џојстик, трејсер и телескоп ја воделе ракетата кон однапред избраната цел. Дометот не е познат иако се шпекулира со 1300-1400м.
Ракети кои работат на тој начин се во употреба до ден денес, 75 години после војната што е показател дека т.н. Виндервафе биле сериозна ствар.
Не знам дали ова нешто било употребено во борба, има некои гласини дека околу 1000 парчиња биле поделени на ексадрили кои летале на ФВ-190 и нешто на пешадија.

Igorcemk

Само Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
11.104
Поени од реакции
14.257
Интересна е употребата на жени и деца за борба, во однос на жените, предничеле СССР а за деца, наци-немачка е без конкуренција. Јапан кај Окинава употребувал осмооделенци. Се смета дека најмладиот член на Дојче Јунгфолк кој учествувал во борба имал цели девет години :eek:

При крајот, "обуката" се состоела во собирање шесто-седмооделенци во училница каде "постар" југендаш од 16-17 години им кажувал како се ракува со репетирка и како се употребува Панцерфауст, сето тоа не повеќе од една недела максимум.
На сликава гледам првото дете има Маузер М.71 еднометна репетирка :eek:
Никад краја на наци-лудостите.
Автоматски споено мислење:

Мои роџаци имаа Циндап, типот бил механичар и од неколу руини создал еден хибриден Циндап во возна состојба, за време на Југа често им бил позајмуван на филмски куќи, Вардар филм, Авала и шо ти ја знам за филмови со скромна надокнада.

Комшии имаат мотор со приколка зделано в СССР кој го набавиле во луди 90-ти како отпад, но до денес не успеаа да го доведат до возна состојба, мислам дека не можеле да најдат делови ниту на нет, а тоа што наоѓале било прескапо за нивни џеб па сеа така седи покриен со церада.
Toa bese od nedostig na dovolno mazi za vojuvanje i mislam deka decata na kraj na vojnata, posebno za odbrana na Berlin, bea koristeni. So ogled na toa deka tie se rasteni vo Hitlerova Germanija i se so isprani mozoci se posebno fanaticni i spremni da vojuvaat. Zenite bea potrebni kako rabotnici vo vreme na vojnata isto poradi nedostig na dovolno rabotosposobni mazi. Posebno toa sto nacistite i Hitler do posleden den prakjaa nevini deca svesno vo nivna smrt go pokazuva necoveckoto lice na seta taa ideologija.

Член од
26 февруари 2016
Мислења
3.374
Поени од реакции
7.116
Иако темава не е за филмови за ВСВ а и се работи за црна комедија, добар приказ на задојувањето на децата со нацистичката идеологија и употребата на деца за војување кон крајот на војната има во филмот Jojo Rabbit кој лани беше номиниран за Оскар. Препорака за сите што не го гледале, еден од подобрите филмови последните години.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.264
Поени од реакции
52.050
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.264
Поени од реакции
52.050
Автоматски споено мислење:

Oва е се што носел со себе, секој американски падобранец кој учествувал во Маркет/Гарден.
A oва британските падобранци, при истата операција:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom