Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Навечер најчесто, периодот откако ќе легнам па се додека заспијам го користам за мене. За да ги преслушам моите мисли, да направам некои кратки анализи на она што поминало и на она кое треба да дојде. Во тие моменти скоро совршено се изолирам од светот и не реагирам на ништо. Важно ми е да го слушам она кое го носам во себе, а во текот на денот е потиснато некаде длабоко во мислите.
Секако, овие моменти ми се и еден дел од утринската рутина. Оние 10 минути кои ги поминувам во тегнење во кревет наутро ми се доволни за да делумно го зацртам текот на денот.
Сепак, највеќе успевам да се посветам на себе во моменти кога немам никој дома, кога се околу мене е тивко, и кога сè што можам да слушнам е само моето второ јас. Она кое секогаш ме тера да размислувам за нештата кои поминале, кои во моментот траат и кои иднината ќе ми ги донесе.
Сè на сè, доста често наоѓам време за себе, и скоро секогаш го користам максимално.