Во која ситуација би се откажале од вашето дете?

Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
-Имате долгогодишна врска, но вашиот дечко не сака да слушне за дете. Вие не сакате да абортирате, па го раѓате и го давате на присвојување дека не сте спремни да бидете самохрана мајка?
Ако имам долгогодишна врска,значи постои љубов,рабирање,почит и се што е потребно за една врска нели...па последователно би било мојот дечко да не биде толкава стока и да се откаже од нешто што е ЕДНО од нас двајца,создадено несакајќи,но сепак со љубов.

-Имате врска од соништата која не планирате да ја прекинете никогаш, се сложувате и двајцата да го имате тоа дете, но не сте спремни да се соочите и се плашите од реакцијата на вашите родители, па планирате како да го износите детето за да го дадете на посвојување?
Моите родители ме родиле мене без никој да им се меша во тоа.Значи ТИЕ решиле да имаат дете,па зашто да не ја почитуваат мојата желба да оформам семејство?
Секако,дете планирам да имам откако ќе знам дека сум подготвена да бидам мајка и сама да одлучувам(со маж ми секако) и нема зашто да ни забрани некој...

-Имате врска која неможете да ја крунисате со брак поради недостиг на финансии и случајно останувате трудна. Бидејќи не помислувате да ризикувате со абортус го раѓате и го давате на посвојување, дека сигурно некој друг пар подобро би го израснал тоа дете?
"Крунисувањето" не значи ништо.Размената на прстени,матично...ништо не значи тоа што ќе се регистрираме дека сме венчани.Колку и да не сме финансиски спремни да го чуваме,постои љубов...Ако во моментот немаме доволно финансии,не значи дека нема да имаме подоцна.
Парите доаѓаат и си одат,а ако се откажеме од детето,нема враќање назад.

-Имате непријатно искуство, сте биле силувани при што сте затрудниле, но и во тој случај не помислувате на абортус туку раѓате и го давате своето дете, дека не би сакале да имате нешто негово кое вечно да ве потсеќа на таа ситуација, а и не сакате да сте самохрана мајка?
Ќе го сакам детето зашто е дел од мене.Само кога би ме прашало кој му е татко и зашто всушност не си го знае татко му,ќе ми биде жал зашто ја нема таа шанса да има вистински татко и нема да имам образ да му објаснам зашто знам дека тоа би го повредило.

-Имате веќе сопруг и деца колку што можете да си дозволите (од финансиска гледна точка), но ете се случува повторно непланирано да останете трудна. И во овој случај како и во сите, вие сте против абортус па го раѓате и давате?
После толку време сигурно знам како правилно да се заштитам,но доколку ете се случи да останам трудна,ќе го задржам и тоа дете,ќе знам како да го одгледам,можеби нема да бидам во состојба да му пружам огромен луксуз,но тоа не би ми била препрека.
Не знам зашто,последниот пример некако ми се виде смешен и ме потсети на циганине што се прави "фабрики за деца",а јас сакам да имам 2 дечиња,па не гледам зашто едно повеќе би правело проблем.


Ова е мое размислување сега,не знам како би реагирала и што би направила ако стварно се најдам во некој од овие моменти...но не би се откажала од нешто што е дел од мене.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Од мојот син би се откажал во истиот момент кога ќе крене рака на жена.
А од ќерката, кога ќе го извалка името на фамилијата во било кој поглед.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
-Имате непријатно искуство, сте биле силувани при што сте затрудниле, но и во тој случај не помислувате на абортус туку раѓате и го давате своето дете, дека не би сакале да имате нешто негово кое вечно да ве потсеќа на таа ситуација, а и не сакате да сте самохрана мајка?

Можеби само поради ова, но и можеби и не, попрво би абортирала отколку да го родам, во секоја ситуација би си го задржала детето, тоа си е мое, мој плод.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
-Имате непријатно искуство, сте биле силувани при што сте затрудниле, но и во тој случај не помислувате на абортус туку раѓате и го давате своето дете, дека не би сакале да имате нешто негово кое вечно да ве потсеќа на таа ситуација, а и не сакате да сте самохрана мајка?
Поради самиот чин на силување би абортирала. Детето нема да биде виновно за ништо но сепак ќе ме потсетува како настанало.

Во ниеден друг случај не би прифатила да се откажам од нешто што е дел од мене. Таков е живот, постојано ни поставува некои препреки само за да ни покаже дека сме похрабри и посилни од што си мислиме.
 

Бејко

unregistered user
Член од
14 ноември 2005
Мислења
222
Поени од реакции
1
Може некој да си ја смени крвта? - Никако!
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Нека станат хомосексуалец,лезбејка,наркоман,проститутка,жиголо,убиец,криминалец што сакаат нека станат и како сакаат нека ме повредат,нека го извалкаат името на фамилијата ама Никогаш не би се октажал од моето дете!
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Буквално во никоја. Крвта не е вода. И да е хомосексуалец, и да е наркоман, курва, жиголо, се што наброја Скај Дог.. Нема шанси да се откажам. Мое е. Детето е такво какво што ние ке го напрајме, Како ке го воспитаме такво ке биде, Колку ќе се грижиме за него, толку ќе знае и тоа да се грижи за другите, а и за себе. Затоа освен хормоналните, сите други пореметувања се престап на родителот, не на детето.
 

Smasher

Професионален молер
Член од
27 јуни 2007
Мислења
811
Поени од реакции
9
Во никоја ситуација. Би го дал животот за моите деца.
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Нека станат хомосексуалец,лезбејка,наркоман,проститутка,жиголо,убиец,криминалец што сакаат нека станат и како сакаат нека ме повредат,нека го извалкаат името на фамилијата ама Никогаш не би се октажал од моето дете!
Буквално во никоја. Крвта не е вода. И да е хомосексуалец, и да е наркоман, курва, жиголо, се што наброја Скај Дог.. Нема шанси да се откажам. Мое е. Детето е такво какво што ние ке го напрајме, Како ке го воспитаме такво ке биде, Колку ќе се грижиме за него, толку ќе знае и тоа да се грижи за другите, а и за себе. Затоа освен хормоналните, сите други пореметувања се престап на родителот, не на детето.
Мислам дека темата се однесува на тоа да се откажеш од дете одма од кога ќе го родиш(мајката),и во некоја ситуација со согланост или поради таткото
Јас не би се откажал од детето на мојата девојка/жена у никој случај. Па дури и да е силувана,не знам за неа,ама јас ќе го израснам како мое дете,без никој да дознае дека е копиле,нормално можда еден ден ќе мора да ја дознае вистината...ама ќе му пружам се како да е мој сопствен син.
Кога станува збор за откажување откога ќе порасне,и да биде пореметено,и да биде без една нога,рака,и да биде педер,лезбејка,проститутка.... не би се откажал од мое дете. Но ако подобро размислам,би се откажал од мое дете доколку стане криминалец,полошо убиец,понатака убиец на семејство,уште понатака по пораснување педофил/ка(педофилка :pos: ),некрофил/ка...сепак постојат работи поради кои би се откажал од дете откако ќе потпорасне...
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Edino bi se otkazala i ne bi go rodila ako iam sida i znam deka ima sansi i odkako ke se rodi deteto. Od raganje da bide HIV pozitiv. Pu pu da se pomrdnam od mesto. Ama edinstveno e ova zasto bi se otkazala od SVOJA KRV. Zatoa sto nejkam da strada.
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Ин мај опињн, многу подобро би било да АБОРТИРАМ, него да го родам и да го дадам на посвојување... Така би било по не болно за тебе, кога го раѓаш се јавува оној "мајчин инстинкт" И може да си направиш да ти е многу,многу полошо, кога ке го земеш детето в прегратки, а абортусот е ништо, фетус, не е ни суштество, ни лик кој ќе ти остане во твоето сеќавање, ништо!!! Добро сега не е толку едноставно од медицинска гледна точка, ама од двете зла, ова е помалото - бар според мене!
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
125
Поени од реакции
0
НИКОГАШ не би се откажала од моето дете. Не постои нешто што толку би ме испровоцирало!
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Децата се инвестиција.. И како и секоја друга, ако не се исплати човек нема да биде задоволен.
Кога ќе наполнат 16 ќе се откажам од нив, т.е. ќе ги сместам во спратовите од куќата над мене.
3 спрата и доградба. имам од сега место за 3 деца и мене
Би било убаво да сме заедно, освен ако на некое не му текне да си игра со мојата желба и замине некаде.
Инаку децата мислам дека од мали треба да се стимулираат да заработуваат пари.
Од накај 10-12 години, треба веќе да размислуваат за работа некоја, макар и скромна и со родителска подршка, сепак да размислуваат околу тоа.
Од сега си замислувам за некој заеднички бизнис, каде ќе поаргатат некоја година да ми ги вратат парите дадени за пелени, играчки, алати и што се не друго .
Зошто би ангажирал непознати луѓе за соработка, кога може сето тоа да се среди заеднички со помош на фамилијата.

значи за на крај.. од децата не би се откажал се додека не ми ги вратат парите кои сум ги вложил во нив. А тогаш тие ќе разберат дека ни е поубаво заедно и цементирајќи ја заедничката финансиска иднина, ќе се сакаме и понатаму..нема потреба од откажување ако успеете правилно да го истренирате вашето дете..

Децата се неповратна инвестиција Никола....Инвестиранјето твое во пелени и се друго ке ти се врати со љубов, разбирање и гордост....
Вратените пари преку нив не се знак за твој успех...Зборуваш како човекот да е робот...

Во ниеден случај не би се откажала од моето дете, неговите пропусти се и мои пропусти, некогите успеси, неуспеси.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom