Децата се инвестиција.. И како и секоја друга, ако не се исплати човек нема да биде задоволен.
Кога ќе наполнат 16 ќе се откажам од нив, т.е. ќе ги сместам во спратовите од куќата над мене.
3 спрата и доградба. имам од сега место за 3 деца и мене
Би било убаво да сме заедно, освен ако на некое не му текне да си игра со мојата желба и замине некаде.
Инаку децата мислам дека од мали треба да се стимулираат да заработуваат пари.
Од накај 10-12 години, треба веќе да размислуваат за работа некоја, макар и скромна и со родителска подршка, сепак да размислуваат околу тоа.
Од сега си замислувам за некој заеднички бизнис, каде ќе поаргатат некоја година да ми ги вратат парите дадени за пелени, играчки, алати и што се не друго .
Зошто би ангажирал непознати луѓе за соработка, кога може сето тоа да се среди заеднички со помош на фамилијата.
значи за на крај.. од децата не би се откажал се додека не ми ги вратат парите кои сум ги вложил во нив. А тогаш тие ќе разберат дека ни е поубаво заедно и цементирајќи ја заедничката финансиска иднина, ќе се сакаме и понатаму..нема потреба од откажување ако успеете правилно да го истренирате вашето дете..