Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Appliances have gone berserk
I cannot keep up
Treading on people's toes
Snot-nosed little punk

And I can't face the evening straight
And you can't offer me escape
Houses move and houses speak
If you take me there you'll get relief
Believe, believe, believe, believe...

And if I'm gonna talk
I just wanna talk
Please don't interrupt
Just sit back and listen

It's too much
Too bright
Too powerful
---------
Последен пат е ова..Но до кога бе..
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
43
Заминување, тоа е тоа што знаеш да го направиш најдобро. Да избегаш тогаш кога треба да останеш, да ги оставиш работите недоискажани. Што би можела друго да ти кажам? Браво за тебе, се надевам дека понатаму нема да продолжиш така.
Иако секогаш се враќаш, веќе никогаш нема да бидам иста. Повторно ќе заминеш. Го знам тоа, а сепак те чекам.
Да, збунета сум, хаотична и мислите ми се несредени...
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
" Можеме да ги прифатиме најтешките сознанија , но никогаш не ја губиме бесконечната надеж – токму заради ова сме слаби на одредени работи" Не знам кој го кажал ова ама бил во право....Не не ми требаше сево ова,и не не би требало да се чуствувам вака како што се чуствувам.Не сум била ваква, сум знаела да се прилагодам на секоја ситуација,а сега и по толку време не можам да се навикнам.. :/ Колку време помина? Знаеш, фалиш и тоа многу... И не е се толку едноставно како што мислев дека ќе биде.
Ахх :icon_conf
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.915
Поени од реакции
73.247
Година и пол и плус еден ден.... машала колку брзо поминаа :back:
Сите се сеќаваме на детството со доза на носталгичност и посакувања да бидеме барем уште една недела безгрижни клинци :) Тогаш времето лета брзо, т.е. времето лета брзо кога ти е убаво. Безгрижноста е таа која ни го прави детството убаво, но сега веќе таа безгрижност ја нема (додуша кој како си ја наредил:)) а времето сеуште брзо ми лета и ми е преубаво :back: Роден како шегаџија, никогаш омразен кај другите, ми фалеше некоја која ќе ме направи целосен. Талкав низ годините и конечно се скрасив кај тебе :back:
Уште од мали мечтаеме за вистинската љубов. Голем е ризикот кога до 20 години не влегуваш во пресериозни води, и потоа тешко дека ќе најдеш нешто кое навиостина ќе те топли и кога надвор е минус 20 :) За кого како, мене знаеш дека се ми успева :pos: После толку време во врска сватив дека границата помеѓу врската и разделбата тенка, особено после подолго време поминато во врска. Големината на љубовта е во монеот на надминување на разликите. И сама знаеш дека и двајцата си имаме свои мани и мило ми е што ги пребродивме сите несакани нешта и се надевам дека повторно застанавме на цврсти нозе, не дека и бевме на премногу порцелански до сега :back:
Срцето ми се исполни кога те глесдав со која радост го шуткаше камчето вчера, низ жена парк. Затоа те сакам, дека си различна од другите. Во времево кога девојчињава во градов чмаат во дискотеки само сликајќи се за да потоа бидат главни фраерки на местото каде што за жал живее денешната младина (ФБ) мило ми е што најдов некој кој ќе ме поднесува подолго време, некој кој нема само од почеток да ме сака пошто правам најразни глупости туку некој што и после посериозно поминато време нема да ме гледа како будала па откако ќе раскине ќе се кае долго време :) Камчето е сега кај мене дома, и ќе остане затворено во кутија заедно со лижавчето од дента кога излеговме на посериозен состанок :wub: Можеби некогаш нема да бидеме заедно, не викам не, но знај дека овој дел од животот ми е еден од поубавите и дека секогаш ќе бидеш дел од мене:back:
Летото е пред нас, можност да се зближиме уште повеќе. Партнерот неможеш да го запознаеш за бразо време. Со секој ден учиш по нешто, со секој ден учиш како он дише.
Учиш дур си жив, а јас се надевам дека за тебе ќе учам додека не ме закопаат во дресот на Вардар :)
Те сакам највеќе и нека ни се множи времето поминато заедно :back::wub:
 

Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Те сакам повеќе од се,твоето присуство во мојот секојдневен живот како шлагот на торта = )
 
Член од
16 март 2010
Мислења
330
Поени од реакции
204
И тогаш,ти ме погали по лицето
Ми се насмевна.
Ми кажа дека сум преубава, дека имам ангелско лице, дека јас сум твоето ангелче.
Ме прегрна. Онака силно, како што само ти знаеш. Си велам, ох боже, колку ми беше потребна неговата прегратка.
Се препуштив на тебе.
Се навалив на твоите гради.
Ти ме галеше по косичката, и ми велеше...Те сакам...толку милно и нежно што чувствував топлина во моите гради како никогаш дотогаш.
Се оттргнав.
Те погледнав во очите. Ах, тие твои очи кои што се огледало на една заљубена душа...
Ти се насмевнав. Ти кажав дека и јас те сакам тебе.
Повторно насмевка на твоето лице. Среќна, задоволна и вљубена насмевка која ме исполнува секојпат кога ќе ја видам.
Ги доближи твоите усни до моите.
Беа толку блиску, а недостижни.
Стоиме молкум, не се придвижуваме.
Нашите усни стојат премногу блиску, но не се осудуваат да се доближат уште малку...
Ги затворив очите.
Оставив да ме води моментот.
Нешто волшебно се случуваше тогаш.
И токму кога се доближи сосема до моите усни, ги отворив очите.
Се освестив.
Погледнав наоколу со недоверба.
Бев во мојата соба.
Лежев на креветот и ја прегрнував перницата.
Тебе те немаше.
Никогаш и не те имало.
Зошто фантазијата е подобра од реалноста?
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Точно е тоа дека кога некој ќе те напушти или замине почнуваш да сфаќаш колку ти значел во животот.Сфатив колку ми значиш од кога замина и ме остави да талкам насекаде без тебе во овие празни денови едноставно не сум при себе.Едноставно не правам ништо секојдневно те мислам и само се прашувам каде си,со кој си, и дали си ме заборавила...?
После овој пораз што ми го нанесе наеднаш мислам дека нема повеќе да сакам во животов веќе.Само да ти кажам дека секогаш избрзуваш,секогаш ја правиш истата грешка,секогаш тој одбранбен механизам го уклучуваш и ме оставаш на сред пат кој штотуку сме почнале да го одиме.

Те сакам!
 

Mike_Cor

Истражувач
Член од
8 мај 2011
Мислења
10
Поени од реакции
2
...кога би го прочитала ова нешто, никогаш нема ни да помислиш дека јас сум го напишал токму за тебе. Ама ете... :)
Сакав да ти кажам дека те обожавам, дека сум среќен кога сум со тебе, дека ме исполнуваш целосно... Неможам ни да помислам како би ми било без тебе, ужасно ми е дури и кога го пишувам тоа. Веројатно, сум те засакал премногу штом ни една друга работа не ми се мота толку често низ глава како што е твојот лик. Баш би сакал да знаев кои искрени зборови би ги искористила ти, за да опишеш што чувствуваш... :/
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
I`d lie to you if I say I don`t miss you. Yet in another perculiar way. Not like a lover, more like a friend. But I know that turning back would be such a waste. Cause I know myself just like you knew me a long time ago. I respect your choice. Now, left with some choices that I made these days, stronger, I walk out of this world of leftovers. Yet memories will haunt me down. But I`ll do it. For the both of our sake.

[Back in square 1]
First line, first page.
You mean a lot to me. When I`m with you..
...
Damn memories.
[erasing...]
 

Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Што и да ми направиш,колку и да ме повредиш,нема да се срамам од солзите што ги леам за тебе,зошто ти си највредното нешто во мојот живот,знај никогаш нема да те оставам,и на верност ти се колнам по којзнае кој пат.ТЕ САКАМ !
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
Колку и да ми ги тенчиш нервите , пак ке те сакаМ!
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Ај ќе почнам наназад...од пред 4 дена ми приреди убаво иззненадување, а особено со говорот од 2 и пол минути, кој знам дека беше искрен и позитивен :). Иако сеа си затворена и стануваш бубалица :секриви: лека полека ќе пројде и тоа и пак ќе си нормалната девојка што ја знам која кисне со мене надвор независно у кое време. Добро е, радијаторот пак ти работи а тоа се осеќа особено во селска идила покрај автопат во 4 сабајле, кога петли пеат, крави мукаат а мене рацете ми се мраз :).
Завршувај со полагање ајде, и коа ќе доеш дома одма да го прочиташ ова, не за џабе седам пред компјутер :) :back: срцки, гушки, бацки...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Инспириран од концертот вечерва:

1. Со тебе имам се’ и доволно ми е...
2. Тогаш кога ќе е предоцна за нас...
3. Кој ми го сокри патот?
4. Далечна желбо моја...

И уште други милиони песни кои се примеса и на среќа и на тага, и на двоумење и на одлучност... За сето она кое го нарекуваме љубов а кое во последно време личи на присилена комуникација од која никој од нас нема корист. Знам дека можеби се трескам од земја за тотална глупост, односно знам дека можеби целиот наш однос воопшто и не вреди, ама едноставно убаво е кога имаш со што да се замараш, на кого да мислиш и некој толку да ти значи.
Да се најде барем уште една личност во животов што така ќе ме разбира, поддржува, советува и поткрепува - но за разлика од тебе, и многу повеќе ќе внимава на она јас што го чувствувам.
Знаеш, и ние машките знаеме да покажуваме емоции.
И можеби сум премногу црно - бел за твојот неизмерно шарен свет и начин на живеење, но it takes two to tango. Не те избрав само јас тебе - ме избра и ти мене.
Веќе се чувствувам премногу ниско што дозволувам вака да влијаеш на мене. Не сакам уште толку да паднам и да бидам јас оној кој иако бил свесен за крајот, секогаш го одоговлекувал. Не ми треба личност која ќе биде тука за мене само кога таа ќе мисли дека ми е потребна. Ми треба некоја која секогаш ќе има на ум дека животот не ми е розев, иако можеби така изгледа.
Преку глава од сите препреки, од сите кочници и од сите пропратни срања кои ја успоруваат целава работа и кои стварно мноооогу ми го матат умот (ако веќе има нешто останато од него).
И ако порано 1 ден на страна беше многу, тогаш како дозволивме 1 недела да не биде ништо?! Изгледа навистина времето покажува што вреди а што не.
Го осеќам ножот како се остри, и знам дека наскоро ќе ми се забие в грб. Ама ќе чекам до крај и ќе трпам до крај, од проста причина што верувам и знам дека те сакам.
Воедно и те мразам поради сите овие компликации кои ме тераат да се замислам со кои мои постапки ја заслужувам тортурава.

Peace out!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Те сакам мори сливо скоро колку кучето и приближно колку колата, ама ќе ми помине знам....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom