Лага, лага која долго го држи својот ефект. Лага која како и во сите лаги, во почетокот сме наведени да веруваме дека е тоа вистинското, правото. Лага која ни ги заслепува очите, наведувајќи не да навлеземе подлабоко во неа. Лага во која откако влеземе сме маѓепсани толку многу од нејзината невистинитост што ни се чини дека сме семоќни. Лага која длабоко во својата злобна душа го крие вистинското лице. Лага која кога ќе ја добие нашата доверба, владее со нас. Лага, која безмилосно потоа манипулира со нас. Лага, која на манипулацијата и дава нов смисол, поголем, помоќен. Лага, која откако целосно ќе не освои, започнува со реализација на својот злобен план. Лага, која почнува полека но сигурно да го уништува секое парче од твојата душа. Лага, која откако сфаќаш дека е невистина, веќе уништила значаен дел од тебе. Лага, на која си и ја дал целата твоја доверба, за најнакрај да те забоде во грбот со сечило остро како на Екскалибур. Лага, која ја цица целата надеж во тебе, дури и онаа која последна умира. Лага, која откако ќе те доврши, те напушта сам со својот ум, доволно милослива да го остави да размислува и да сфати: "Јас веќе не ја правам истата грешка".