Знам, нема да дојде...
Изминатата ноќ паѓаше снег. Мислејќи дека ќе има натрупано многу утрово решив да станам порано и да го дочекам со насмевка на лицето. Надвор беше се бело, си направив чај и седнав покрај прозорецот во топлата соба за да уживам во прекрасната глетка што ми ја нуди моево мало и убаво гратче.
Опиена од магијата на снегот така гледајќи навлегов длабоко во неговата белина и се замислив...
...Паѓа снег. Него го нема. Го чекам да дојде, да биде покрај мене.
Знам, нема да дојде...
Залудно се надевам и сонувам како шетам со него по снегов. Во мислите го слушам крцкањето на снегот, додека јас и тој полека чекориме насмеани и среќни. Се чувствувам како да летам во облаци, како да сум во рајот. Легнав на снегот. Се сврти тој, ме погледна во очи, се насмевна и ми рече "Ти си најпрекрасното суштество што сум го видел...ТЕ САКАМ..."
И вака замислена ги слушам зборовите како ми одѕвонуваат во глава. Легна тој до мене на снегот. Снегулките непрестано паѓаа врз нас. Замижавме за да не ни паѓаат во очи и тогаш се освестив. Со натажен лик сфатив дека само замислувам и дека не е до мене таму некаде на белата покривка. Го барам, но него го нема...
Знам, нема да дојде...
Со нетрпение ја чекам повторната средба за да му покажам што ми значи и колку само тој вреди во мојот живот.
Станав допивајќи ја последната голтка од веќе изладениот чај и заминав таму некаде каде ќе бидам поблиску до него...виртуелно...
Оти знам, нема да дојде токму сега кога сакам да го видам...
и да, ова го правам секогаш кога ќе посакам да сум до тебе
I just close my eyes and I'm with you
Те сакам мило мое...