E
`EsCaPe`
Гостин
Пуштам Placebo за дополнителна инспирација, затоа што сега ме потсеќаат на тебе, како да не ми е доволно се` што се случува...
Само сакав да ти кажам дека.. Не не, само се прашувам зошто, ЗОШТО некоја сила упорно е против нас? Зошто кога сакам нешто да стигне до тебе, наоѓам начин, но наидувам на милион пречки. Буквално се чудам и не ми е јасно како може толку очигледно да се испречуваат некои ситници, ама баш ситници..
А зошто пак од друга страна кога ќе ми дојдат таквите работи преку глава и кога решавам веќе да не мислам на тебе, ЕТЕ ја судбината нашла начин пак да те донесе до мене.. Колку и да се трудам за мое добро да те тргнам од мислите и да се изолирам, џабе, излегува нешто што пак ќе не спои... Океј не буквално спојување, си знам ја на што мислам..
Истото па истото, го чувствувам веќе.. скоро цела е*ана година.
Како беше тоа, сите патишта водат кон Рим.. Така мојот пат води кон тебе, упорно, упорно, упорно.. Ама добро. Издржав едно лето кое беше и пеколно и убаво, се истрошив на тебе, секој последен нерв ми замина во неповрат и за што? Каде? На претпоставки и недоразбирања.
Знаеш што? Тогаш, првиот пат кога те видов не мислев дека ќе се стигне до ова. Ама покрај се` , покрај сите тие пречки и заговорот од судбината кој требаше да е завршен, еве сум до овде. И ќе одам уште, нема веќе што да се изгуби.
Најважното што сакав да го кажам е дека.. you're perfect. Во мојве очи.
Несекојдневно е ова што го чувствувам за тебе, и да напишам уште цели реферати, ништо не може да ја долови ниту ситуацијата, ниту пак тоа што го чувствувам јас.
И .. тоа е тоа.