Мх... Те сакам претерано. Знајш? Како би знаел, ко немам како да ти покажам. Те сакам таков. Обичен, сакаблен и грижлив.
На многу чуден начин те сакам и не знам како да ти го опишам то. Језиво дури. Никој не сакам така. Не ни другарски ни... Многу чудно.
Сакам ко ќе ми зборвиш и сè сакам поврзано со тебе.
Ама... не е како шо беше и време е да се сфатит то некако. Или јас или ти битно некој морат пошо вака веќе не мојт. Навикнати сме да зборвиме дур не нè разденит, навикнати сме сè да си кажвиме ама до тука била среќата (Бену мај лав). Едноставно од тоаш ко да ми се смени нешо многу и поинаку глеам на нештата. Истиот си ти, а и јас богами ама... не е то то.
Немам желба да ти ги кажам истите нешта за кои сме трубеле и по 5 сати.
Се осеќам ко да те знам премногу долго а премалку време имам то да го искористам и споделам со тебе. Ко учебник по историја ми си. Факти факти и факти. Толку.
Немаме заеднички случување, немаме нишо за шо веќе би зборвеле. Толку време муабет... мислам дека и отпојќе е кажано за сите настани, чувства и се то шо ни се случвело пред да почниме со муабет.
И да, сакам да знајш дека уживав во секој збор од тој муабет.
Ама ко ќе е готово нештото, готово е. Секој следен муабет е само обид за копија на некој претходен.
Уште колку пати да ме прашаш ти дали сум арна денес или не знам кај сум била викендов или како нашколо истиот одговор ќе ти го дам. Како никогаш ништо да не сме споделиле.
Ко те видов прв пат, знаев дека згрешив шо воопшто опцујав тој ден, па ти да мораше да ме караш па и да моравме да ја довршиме почнатата партија билјард.
Знаев дека ќе те засакам толку. Кој не би? Такво мило и добричко суштество. Стварно... кој не би?
И да, следниот пат ко те видов. Е тек тоаш не знаев шо прам. Значи врска немав шо прам. Она баш...
Начинот на кој сум научена да споделвам љубов, не беше доволен.
Ти си нешто поинакво.
Коа би можела бар на секунда да ти покажам колку само те почитувам и колку многу ми значиш.
Можда наредната година ова време, ќе пијаме топло чајче ваму негде и ќе се потрудам бар малку да ти доловам пошо знам дека и тогаш истото ќе го чувствувам.
То е нешто постојано.
Вака-така до крајов на животов морат да сфатиш дек не се заебавам и дек не ми е досадно па ај ќе си играме курташак. Можам и со други љуѓе да го прам то, не е до то.
Океј, енивеј, сеа нишо не можам да прам, само да продолжиме со истите муабети како и до сеа во стилот шо прајш, арна сум, па пак ти шо прајш, за колку да се најш во муабет и така цел ден и на крај да ме прашаш зш сум тажна и кј е та Елена од порано.
Си ветвам еве сеа дека ќе сфатиш. Морат да сфатиш.
И да, реши го проблемот со то, се нервирам ко ќе не ти е убо.
Те сакам! :back: