Не сатив ни тогаш, ни сега, а ни никогаш нема да сватам... Зошто, зошто избрза до тој степен, зошто не се сврте кај мене кога немаше кај кој друг, и за тоа бев тука, не само за добро... Ја испуштивме врската од раце и двајцата, знам дека не бев ни јас перфектен, но знам дека секогаш пробував да ја извлечам маката што те мачеше баш во тој клучен период кога врската се нишаше. Но никако не можев да добијам одговор. Не се кршеше оревот, а тоа придонесе јас да се чувствував разочарано, тажно, што не можев да допрам до тебе, до таа болка што беше скријена во тебе.
Во сета таа разнишана ситуација, кога разговаравме, кога искрено ти кажав дека те сакам, ти ми рече дека не знаеш што осеќаш за мене. И тоа болеше, најпрвин го протолкував како не, но после ти дадов шанса да размислиш, ти дадов неодреден период да размислиш што навистина чувствуваш за мене, ијако умот и срцето не треба да се мешаат, сепак, решив да ти дадам време да размислиш, со оглед на моите чувства тогаш, и со оглед на тоа што делуваше многу збунето...
По некој ден, ми рече не. Рече дека чим до тука стигнавме, никогаш нема да биде како порано, рече дека подобро ќе биде секој да си тргне по свој пат. До тогаш, се надевав дека можеме да ја средиме ситуацијата, но ова беше крајот. Тука ме закопа. Тука го достигнавме дното.
Те снема еден период, се помирував со фактот дека не ме сакаш... и добро ми одеше, за сега да ми го кажеш сево ова. Сето тоа време, размислував дали беше во право кога рече дека нема да биде како порано. На почетокот, бев сигурен дека може да се среди, но со тек на време, се смени се’. Сега јас не гледам иднина во нас... сега јас мислам дека нема да биде како порано. Жалам што така се сврти тркалото, но тоа е тоа, тоа е сега во мојата глава.
Ќе биде се ок, знам дека ќе пројде. Ми значиш, меѓутоа не знам дали некогаш ќе се осеќам како порано... се смени нешто во мене, после сите тие кажани работи од твоја страна. Жалам, но така е...