Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ти ветувам утре ќе се потпишам на твоето лице и тело за сите нервни ганглии што ги изгубив вечерва. Ти ветувам.
 
V

Viktoranius

Гостин
Колку само бедно се осеќам во моментов. Кога веќе нема човечко битие да ми одговори на прашањето, барем некоја виша сила нека ми каже зошто секојпат се вљубувам во mission imposible особa? На кој сум му згрешил толку па така да ме казнува? Не барав ништо од животот, само малце љубов што му е потребна на секој човек, али кога веќе нема за мене љубов ми преостанува само талкање во таа цела ебена празна темнина. Без надеж. Не ти посакувам никојпат да го осетиш тоа што моментално го осеќам, ни на тебе ни на најголемите непријатели. Ти само биди океј и биди среќна, барем тоа ќе ми биде некоја утеха.

Иначе ... Nazdravljam nocas svima, tvoju srecu i jas slavim.

 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Те сакам! и ќе ти повторувам милион пати и секогаш и секаде...
не си свесен колку празно се чувствувам оти вечерва не се видовме...Ок е..Ќе си легнам кај и да е па така побрзо ќе дојде 11 и ќе дотрчам да те видам и гушнам најсилно на свет!
Знаеш колку сакам кога ме гушкаш? :) хммм :pipi:...Може си приметил колку неосетно ти се наметнувам секогаш да ме гушнеш.И онака најсилно како само ти што знаеш,се до моментот кога веќе нема да можам да дишам...Се прашувам...ќе биде ли секогаш вака убаво,зарем јас и ти сме способни да се караме меѓусебно?
Неможам да го замислам тоа. Ова е нешто најубаво што некогаш во животот ми се случило.Ова е врска за каква секогаш сум сонувала.Врска полна со нежност,прегратки,бакнежи...Обожавам кога ќе се пикнам во тебе така мило и неосетно...И кога ќе ми речеш Те сакам злато најмногу...
Да да да...И јас те сакам тебе злато мое!!! Најмногу на цел свет! Ти си тоа нешто што ми треба секогаш да биде до мене.Ти си тој дел што секогаш ми бил потребен да бидам јас таа што сум.Да бидам среќна... ТЕ САКАМ!!! :back::back::back:
 
?

..........

Гостин
"I'm gonna love you till the heavens stop the rain. I'm gonna love you till the stars fall from the sky for you and I"
 
Член од
18 ноември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
0
Љубовта како појава сеуште не е докажана, секој ја сфака индивидуално.Некои сметаат дека тоа е потреба, други опсесија, трети како навика...а не кои сметаат дека вистински се заљубуваат се до момент додека не најдат и се стокмат во други раце.Само едно е сигурно дека љубовта е пронаоѓање на нешто кое не го поседуваш, во друго тело кое те опива и се чувствуваш исполнето,како две тела во едно.Зашто секој не е совршен, бареме барем дел од совршенство да е до нас,но не секогаш го добиваме очекуваното.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Шоубаво ми е сеа. Абе не знам шо чоек си...:) Од шминки и штикли,преку лингвистика, па се до јануарски преоден рок во Италија. Ама ако, сакам вака коа можеме да си напраиме муабет секогаш кога имаме потреба. Некад ќе се фолирам у стилот" хелоууууу....ЏИ-БИ-ТИ хајскул" (штета не запишав драмски факултет) за да те насмеам и да биде интересен моментот, се разбира не пред поголем круг луѓе да не си помислат нешо шо не треба, ама веќе во следниот ќе си во прегратката моја. Па да не зборам за Roadtrip with my girlfriend vol.2. Кои будали сме. Па добро Орце и Електо и не се разликуваат многу:kesa:. Требаше да фатиме уште накај Ѓорче ако не. :tv: Но тогаш летна времето, па назад после од Електро до К.вода:pipi:. Ееее колку ги сакам тие неделни прошетки по Партизанска. И тебе не те заборавам, така и нека остане :back:
 
M

marsovka

Гостин
uf треба да пишам некоја лигава фраза од типот до вечноста и назад ...

ама не можам...

Олади океј , нема да се земаме и биди поспотан мислам дека сторив доволно за да не те пукаат паранои. Мислам уште со колку другари и браќата на другарите и мајките на другарите треба да те запознаам?

Знам не добиваш од мене се ... али тоа е :nesum:
Уф ако заглавиш у бардовци знам дека јас ќе бидам крива за тоа, али either you gonna fail either you gonna be the man which is it boy?
Патем дали кажав дека те сакам?:pipi:

П.С. не ми мрчи за моето лудило за него те предупреди пола форум сосе јас знаеше со што си имаш работа прифати го како што јас ја голтам твојата креативна некреативност и ригидност :)
П.П.С. дали на вас серковци ви кажав дека знам дека устите ви паѓаат од серење еве ви нов материјал ... за серење ...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хаос сум јас, како и обично.

А ти... ти... така... супер. Ми се пикна под кожа и во мозок. И на тебе ќе ти кажам дека сум будалетинка. Само на мене може да ми се случи да се затрескам и заборавам за толку кратко време. 900 километри оддалечени, јас се уште мислам на тебе, твојот пристап, начинот на кој се постави спрема мене, начинот на кој се осеќав сигурно со тебе....wub:
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Жити све не го тупи поќе.
Бакни ме.
Обострано е.
That`s it!
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Љубовта е како тетрапак...коа ќе пројде рокот...се отрул некој...
 
H

HITCH

Гостин
Од каде да почнам... животов ми стана како јапонски љубовен роман! Знам, се знам... и мене не ми се верува. Функционирам само со тебе в глава, и не можам поинаку, не дека не сакам да биде поинаку, туку во моментов едноставно не може да се промени нешто.
Деновиве размислував како влезе толку лесно кај мене в глава, но сфатив нешто уште полошо, нешто што ме збуни многу повеќе. Ти го имаш моето срце! За многу кусо време многу се променив, но какво фајде од тоа. Се’ е џабе! СЕ’!!!! Се сеќавам на себе пред една година, кога се беше супер! Насмеана, среќна, задоволна, благодарна на се што имав тогаш, а имав многу. Една година подоцна........ Се’ се промени! Животот тргна удолу! Сите убави работи, станаа не убави. И конечно после една година почна да се гледа светлината на крајот на тунелот, почна да се наѕирнува светла точка, си помислив, добро е конечно се помина. Одеднаш ја снема светлината! Повторно се врати мракот! Тоа не било светлина на крајот на тунелот. Тоа било само обична сијалица која на крај прегоре!! Знам дека нема ништо да биде како порано, но барем ќе се обидам брзо да станам. Дедо ми викаше, кога ќе дојде проблем сврти му го грбот за да го крепиш, не бегај!!!
Мислев дека ти си светлината на крајот на тунелот, мојата светлина. Погрешив! За прв пат погрешив! Ужасно е! Погрешив во врска со тебе, погрешив и со мене. Се опуштив, заборавив на реалноста се препуштив на мечтата, на сонот и тоа скапо ме чинеше. Знаеш.... си замислував многу работи, летав со паметот, сонував, многу, многу, многу, многу сонував, но никогаш не помислив на реалноста, иако добро ја знам. Понекогаш посакувам воопшто да не го започневме ова. Посакувам се’ да беше како порано кога не те познавав. Сакам да знаеш дека не се каам за ништо, туку само сакам да се заштитам себе од оваа болка. Ова не е себично. Не ми требаше сето ова, не сега!!! Сега не е време за да тагувам уште и по тебе! Многу малку знам за тебе, но чувствувам како да те знам цел живот!
Откако се појави во мојот живот повторно се’ се промени. Мислев на подобро, мислев без болка. Се надевав на многу! По не знам кој пат синоќа повторно те сонував, хах беше совршено! Беше лето, бевме на планина! Не ми се веруваше колку беше прекрасно, ти беше прекрасен, а јас бев пресреќна! Чудно во сонот те чувствував толку блиску! Но пукна петарда надвор и се разбудив. Кога станав се чувствував прекрасно, и среќа што не продолжив да сонувам кој знае до каде ќе отидев во сонот.
Најлошо е што не ги знам твоите чувстав. Не знам ништо! Цело време ми објаснуваш со гатанки, со асоцијации. Епа мене не ми тенуваат одговорите. Повели кажи ми отворено! Па после можеби ќе успеам да го средам хаосот кој настана заради тебе! И ако можеш да ми кажеш КАКО ЛИ СЕ ЗАЉУБИВ ВО ТЕБЕ??
Што ли да правам сега????? Ми го зеде умот... Те молам направи нешто за да изчезнеш од мојот ум и од моето срце ако не сакаш да имаш ништо со мене!!!

Where do I begin to tell the story
Of how great a love can be
The sweet love story that is older than the sea
The simple truth about the love he brings to me

Where do I start?
With his first hello
He gave new meaning to this empty world of mine
They'll never be another love another time
He came into my life and made the living fine

He fills my heart
He fills my soul with very special things
With angel songs and wild imaginings
He fills my soul with so much love
That any where I go I'm never lonely
With him around who could be lonely
I reach for his hand
He's always there

How long does it last?
Can love be measured by the hours in a day?
I have no answers now
But this much I can say
I know I'll need him until the stars all burn away
And he'll be there
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Ѓубре едно, ни душман не го заслужва то.
Едно поштовање покажи бе, како не ти е срам и како не ти е жал да го збораш то.
Имај малку милост.

А, и утре јас ќе бидам премногу изнервирана. Можи и цела недела.
 
N

NeMiRnA

Гостин
Поминуваш,Јано мори,заминуваш,нит ми збориш,Јано мори,нит се смееш...

Ееех ... од љубов и за љубов ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom