Има ли поубаво од тоа да прославиш роденден меѓу лозови насади, на зајдисонце, со саканиот... Ништо не е толку магично како нашата љубов во тој миг
Те сакам љубов, ништо друго не е важно! Ме имаш, те имам, заедно сме дури и пред законот сега. Помина убаво, помина се, сега сум твоја сопруга и можеш цел свет да го известиш, зошто ти е важно. Се прашувам само среќо моја, дали сме сега повеќе вредни во очите на оние кои не веруваа во нас. Што ќе не направи повеќе среќни, нашата љубов или туѓото одобрување?! Те сакам будалче едно, те сакам неизмерно, заборави дали госпоѓа кралица мајка сака да верува или не! Денес ќе ги спакувам нашите куфери, утре ќе отидеме на краток одмор и ќе се вратиме со повеќе енергија,повеќе љубов и без стресови! За мене сме важни ние двајца, никој друг, знам, тоа е мама, тоа е твојата принцеза, ама за мене ние двајца ако не сме среќни, нема да им покажеме и на другите како треба. Ми недостигаш секој проклет дел од денот кога не си покрај мене, љубов моја!