Ова е доволно денот да се заборави! Твоето пеперутче легнато на моите нозе а јас потпрена врз тебе, по стоти пат го гледаме Кралот лав, плачеме и се смееме. Забележувам дека си стегнат да не ме повредиш, се трудиш и на неа да и дадеш до знаење да внимава, а од друга страна страст и љубов ти излегуваат очи. Сакам да ме допреш како што ме допираше пред да заминеш, да се изгубиме во љубовта и да заборавиме на се, не сакам да се плашиш од мојата реакција. Ќе помине и ова љубов моја, пак ќе биде се по старо, ќе се изгубиме заедно во љубовта и ќе надохнадиме за овие мигови. Ти само биди тука до мене и се ќе биде во ред. Ти благодарам за се ❤️!