Ти реков дена на крај се ќе биде совршено, ти реков, ти реков, ти реков.... Зошто ли мислиш дека нема да успееме, мислам дека 2022 ќе биде наша, чувствувам. Денес ќе направам пуканки, ќе го гушнеме лепотичето твое и ќе гледаме филм, ќе видиш дека ќе биде убаво. Кога ги видов денес стаклестите очи и солзите во нив нешто во мене пукна, го собра и го состави со своите зборови во лифтот, се ќе биде добро љубов моја! Имаме најмалку 1 година да ја размазиме лепотицата уште толку, да уживаме во статусот на млад брачен пар, а потоа да се потсетиш како беше да не спиеш цела ноќ и да те буди детски плач. И тогаш се ќе биде совршено.