За бившиот:
Деновиве мислам на тебе повеќе отколку што треба.
А мислев, подобро кажано убедена бев дека те заборавив. Дури и кога се обидувам да се сетам на тоа како ти звучеше гласот, веќе не се сеќавам точно.
Пред неколку дена ми дојде на сон и се разбудив со неодолива желба да те гушнам пак како некогаш.
Пробав да продолжам со животот, имам друг и на моменти дури ми е убаво со него, на моменти си викам дека е конечно готово, дека не ме боли повеќе и дека епизодата со тебе е завршена.
Имавме глупав крај, а толку желби за иднината.
Најмногу ме боли што јас не ни знаев дека тоа е нашата последна средба. Да знаев, барем ќе те гушнев подолго, поцврсто. Проклет да е тој ден, и годинава... Не знам дали некогаш и со некој друг ќе бидам толку среќна како со тебе. Но и да не се случи тоа, со тебе доживеав ЉУБОВ. Со големи букви и во вистинска смисла на зборот.