Додека ти ги бројам вдишувањата и не трепнувам да не пропуштам некое, сфаќам дека мојот живот без тебе би бил многу празен. Имам пријатели, имам најдобри другарки, шака роднини, колешки и соработници, куп луѓе околу себе, ама без тебе немам ништо! Додека не знаев дали ќе го дочекаш утрото и плачев од немоќ, сфатив дека ние сме целосни ако сме заедно, сите ние, без тебе би биле изгубени. Оздрави побргу љубов, имаме 3 срца кои чукаат во мене, 3 ангелчиња кои треба за 4 месеци да дојдат на свет, имаме и една пеперутка која знае дека тато е болен и секој ден прашува кога може да си дојде дома. Ми требаш мене, но им требаш и на нашите деца, дури и овие 3 во мојата утроба иако сеуште мали, се повеќе мрдаат кога ќе се приближам да те прегрнам овие 2 дена. Тато ќе биде добро малечки, тато е силен, тато е вашиот херој! Ах љубов, се надевам дека нема повеќе да спијам без тебе покрај мене, дека празнициве ќе ги поминеме еден покрај друг, не сакам никогаш повеќе да се разделиме. Спиј среќо моја, спиј спокојно, јас ќе бидам твојот чувар!