Денес онака рутински кога станав, ми текна дека на денешен ден, започнав 2 врски, едната на 16-тина, другата на 19 години кои траеа вкупно речиси 10 години. И место вообичаените клише работи кои сум ги правел низ годините, да одам до чаршија, да одберам некое вино или да купам некој поклон, поручав, сварив кафе, го пијав кроз The National и Editors, па се симнав кај песот, му ги исчистив гомната без некои романтични мисли.
После ми се јавија другарчиња за да пијаме по некој рум, па тркнав до чаршија и таман реков ќе уживам лабаво во пиењето дури гледам растрчани женски со цвеќиња/мечиња, другарчињава побараа помош при избор на поклони. Ама е полесно за друг да се дава совет нели. Кур те боли за импресијата и фацијалната експресија кај нивните, нека му ја мислат тие.
Потоа ме викаа да одиме на некоја поетска вечер каде дечки од Гимназија ќе читале нешто љубовна поезија. Го почитувам пишаниот збор, но ги мразам тие масовни глупирања. Приватност бара такво нешто. Едино што може да ме инспирира настан од таков вид, е да ја сакам повеќе самотијава во која уживам максимално во последно. Плус да се пишува за љубовта, треба искуство, багаж што се вели, по некој секавичен бокс, емотивен нокаут и тајмер кој одбројува и те тера да се исправиш на нозе. Што кур разбираат дечки од 16 години што е љубов? Што кур на таа возраст разбирав и јас? Што кур разбирам и сега?
Честам 2 песни.
Сонет бр.134 - Франческо Петрарка
Не, нема мир, ни војна ниту враг!
Се плашам в надеж, стинеам и горам
се влечам в прав, со небото се борам,
без прегратка го гушкам светов пак!
Во затвор сум, затворен од згора!
Без јако јаже, а ме држат в мрак!
Амор не убива, ама оковот е јак ни жив ме сака, ни да умрам мора!
Без очи гледам; нем- за болки зборам
Јас барам спас- а загинам со жед!
Се мразам сам, го сакам сиот свет.
Ме храни бол. Од плачот насмев творам!
Ти, Смрт!...Ти, Живот!...Иста беда си!
За ова Жено, виновна си ти!
Закана-Борхес
Тоа е љубов. Ќе се обидам да се сокријам или избегам.
Растат ѕидовите на нејзиниот затвор, како во страшен сон.
Убавата маска се променила, но, како и секогаш, посебна е.
Чуму моите талисмани: занимавањето со книжевност, несигурната ерудиција, учењето зборови што ги користел остриот Север за да ги опее своите мориња и своите мечови, ведрината на пријателството, библиотекарските галерии, обичните нешта, навиките, младата љубов на мајка ми, воинските сенки на предците, безвремената ноќ, вкусот на сонот?
Да се биде со тебе или да не се биде со тебе е мерата на моето време.
Веќе стомната се скршила на изворот, веќе човекот станува со црцорот на птицата, потемнеле оние што гледаат од прозорецот, но темнината не донесе спокој.
Тоа е, веќе знам, љубов: немирот и олеснувањето кога го слушам твојот глас, чекањето и сеќавањето, ужасот на живеењето во иднина.
Тоа е љубовта со своите митологии, со своите непотребни мали маѓии.
Има еден уличен агол низ кој не се осмелувам да поминам.
Војски веќе ме опколуваат, орди.
(Собава е нестварна; таа не ја видела.)
Името на една жена ме издава.
Ме боли една жена насекаде по телото.