Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
За тебее јас ќе запливам, на морско дно ќе допливам и ајкула ќе победам и бисер ќе ти донесааам...
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Skoro Edna godina te nemam videno..sto li pravis? Srekna li si?
Kojznae da me vides nekade dali ke me pozdraves?
A so e najloso od se, jas uste te sakam.

<3
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.161
Поени од реакции
6.024
Пред 5 години прекинав контакт со тебе зашто морав да продолжам со животот. Твоето присуство и чувствата кои сеуште ги имав кон тебе ме следеа како сенка од минатото и не ми дозволуваа да почнам да градам нормална иднина. Сега, после 5 години и пропадната долга врска позади мене, решив повторно да стапам во контакт со тебе. Веќе одамна ги немам тие чувства за тебе, причината за тоа што ти пишав беше чиста љубопитност. Ме интересираше каква си сега, какви промени ти се случиле во последниве години.

Искрено пријатно се изненадив. Не си сменета многу, а сепак доволно за да бидеш една стабилна личност која знае што сака во животот. Сега си баш таква каква што требаше да бидеш тогаш. Знам дека сега и јас сум таков каков што требаше да бидам тогаш. Можеби да не требаше за 2-3 недели да си одам од државава, ќе можевме да пробаме повторно. Знам дека си подготвена за такво нешто. Штета што во моментов не можам да ти го понудам тоа.
 
Член од
23 април 2014
Мислења
99
Поени од реакции
178
Знам дека ме избриша од себе.. Се сеќаваш како ти викав секогаш дека чувствувам дека сме со конец невидлив во срцата поврзани, нешто Владо Јаневски стил демек. Еве тој конец стана толку тенок, скоро и да го нема. Кога и да ме извараше порано, знаев дека не е тоа тоа, дека секогаш во срцето ќе ти бидам јас. Сега не го мислам тоа повеќе. Ти станав само спомен, сеќавање што ќе го спомнеш некогаш, а ти мене ми остана тоа што секогаш ми беше и ќе бидеш, смислата на се. Јас досега успеав магично да си го заебам животот, да утнам многу работи. Ама за ништо не ми е жал толку, колку за тоа што се изгубивме ние. Некогаш мислам само дека постоевме ние само во мојата фантазија, ама не сакам да верувам во тоа. И што сега.. Знаеш, би ти простил уште сто пати да ме изневереше да останевме заедно, знам дека би било така, колку да се убедувам дека не. Уште илјада пати ќе се искарав со тебе, ќе ти набивав се на нос, ама немаше да се откажам од нас. Знам, со цела моја логика и рационалност, ова е надвор од умот. Ама што имам фајде сега кога не се чувствувам жив. Ме почитуваат, ме заслужуваат, ама џабе. Џабе кога сум мртов во себе со години. Смеата не е смеа, излегувањето не е излегување ако не заврши со солзи кај што никој не гледа. Ти беше единственото нешто што ми даваше смисла да станам наутро. Не сакаш да знаеш како е со години да се будиш и да заспиваш со некого во мислите и да се правиш дека се ти е океј. Никогаш нема да знаеш што беше(сеуште си) ти за мене. Како што и ти кажав ако се сеќаваш, не постои работа што ти можеш да ја направиш за да можам да те мразам или да не те сакам. Тоа е многу лошо, знаеш, кога некој ти е се или ништо. Сакав и јас да ти бидам тебе така, ама не се работите секогаш такви какви што ги посакуваме да бидат. Знам дека не можам да се излечам од тебе, осуден сум вечно да си ми во крвта. Што можам и што ми преостанува друго освен да ти посакам да бидеш среќна, еве со тој моментално, не е лош вака, терајте. Биди среќна секој ден, колку што сум јас несреќен. Само те молам едно, не ја дели "Fade to Black" со никого. Не го гледај "I Origins" со никој, никогаш повеќе. Отвори ја Игра во ржта, и потсети се на мене некогаш, прочитај ги детските стихови што ти ги имам напишано, знаеш со колку љубов се напишани. Кога и да ти треба љубов, отвори ја книгата само и прочитај ги стиховите, ќе ти биде подобро. Не знам веќе ни се што зборам дали има некаква смисла, го изгубив осетот низ времето.. Само ти остана непроменета во мене. Те сакам.

Извини, морав да го едитирам "збогум". Знам дека никогаш нема да го мислам тоа колку и пати да го кажам. Оти и кај оние на кои им се изброени деновите постои атом надеж, јас и ти повторно, во некој друг универзум со заборавени лоши случки, со нова шанса колку и да е бесмислена истата..
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.387
Поени од реакции
38.834
Океј знаеме дека си заболекарка. Немора секој ден да објавуваш расипани заби со црви внатре, се ти ебам глупо. :kuracc::kuracc:
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Незнам за тебе, ама јас цело време ти го слушам гласот, ти го гледам ликот. Во сонот те галкам, а твојот топол здив ми ја омекнува душичката.
Не ја поднесувам разделбава.
Сакам да се вратиш!
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.161
Поени од реакции
6.024
Вечерва ќе се видиме за последен пат пред да заминам. А искрено морам да признаам дека размислував да останам тука и една од причините беше ти. Сепак, тоа што го добивав од твоја страна не беше доволно како гаранција дека вреди да останам заради тебе. Ако се вратам за 6 месеци и двајцата немаме никого тогаш, можеби пак ќе има нешто меѓу нас. Или пак ако не се вратам, а случајно те донесе патот накај мене. А дали може да биде нешто од нас во иднина зависи од тоа што ќе се случи вечер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom