Ме остави на среде раскрсница, како накиснато маче се осеќам, тажно и осамено. Без твојата љубов не можам да живеам, да опстанам и нормално да функционирам во секојдневието. Откако си починал, моите денови се толку црни и мрачни, облак темен над мене бдее цело време. Многу те сакав (сакам) и си ме сакал, зошто замина?
Се трудам на секој можен начин да си ја кренам главата горе, да си кажам дека сум силна и да чекорам напред со крената глава, ама не можам. Повторно се впушта и гледа надолу.
Солзите пресушиа, животот мој згасна. Живеам за да умрам. Будна сонувам и навраќам на нашите сонови и спомени, на оние денови кога си го креиравме животот. Те сакам.
И ќе те сакам засекогаш. Се надевам дека некогаш ќе се видиме повторно, ќе продолжиме таму каде што сме застанале...