Ритамот,стиховите,виолината...преубава песна а предоцна напишана.Ми изнуди насмевка кога за прв пат ја слушнав пред неколку дена,затоа што сега освен овде,не можам да ти ја посветам и да ти докажам дека понекогаш и судбината се поместува само за да не ги опфати душите кои не се судени една за друга иако се необични затоа што не знаат дека не бараат ниту љубов,ниту среќа туку да го гледаат светот со еден пар очи што ќе го делат.А јас мило,штета што ќе бидам премногу стара пред да дознаеш дека отсекогаш сум те љубела само тебе.Штета што ќе дознаеш дека повеќе не ти посветувам стихови ни свои,ни на Браунинг,ни на Петрарка,ниту на Блејк,па и од Лорка,не ти посветувам повеќе ниту една соната од Шопен туку ноти кои оддекнуваат низ широките сокаци на Стара Чаршија и низ радијата во Скопје,стари и нови.Затоа што ти ја познавам душата,затоа што ти го познавам ритамот на срцето и која мелодија го возбудува.А ти нема никогаш да дознаеш дека те познавам како што се познавам себе си.Затоа ќе се сретнуваме секогаш меѓу странци или секвенци од туѓи животи.