Само ова..
Навистина не знам.Дури сега дознавам за модерната љубов.
А, не сум виновна. Нека кажат барем на вести, да се информирам.
Вака се срамам, излезе дека само јас не знам да љубам.
Старомодно сум го правела тоа.
како неука да прашам има ли нови правила во сакањето? Следејќи го мојот романтичен ген во себе, правам само како срцето ми налага. Искрено ги кажувам своите чувства. Но, спротивно ми се враќа. И, не знам поинаку да сакам.
Старомодна сум. Сакам кога нештата течат спонтано, сакам кога постојат само пристојни момци и девојки, без етикети на себе и кога не ти е страв во кого ќе се заљубиш. Сакам кога никој од никого не ја презема љубовта и кога сакаш само еден до крајот на животот. Сакам кога една прегратка и еден бакнеж значат нешто.
Бидејќи не сме животни.
Не н
е води само инстинктот.
Старомодно кажувам дека сите ѕезди би ги ветила кога искрено љубам.
.
Зошто не им е доволен само еден за да им биде с
е
Зошто во постанокот на светот не ги ставиле само Адам и Ева без змијата, бидејќи денес тие влечуги се накотија во секаков облик.
Зошто на љубовта
ѝ се даваат нови правила, кога се сака само со едно - со она од срцето.
И зошто само мене ми е убаво вака.
Вака, кога старомодно љубам.
Не сум веќе интересна кога на глас ја набројувам иднината што ја замислувам со него. Тој веќе испланирал повеќе да не биде со мене, си нашол поинтересна.
Глупаво и старовремски звучам кога ја кажувам вистината.
Модерно било да лажеш дека сите те сакаат и по тебе трчаат.
Не како мене - кажувам дека сакам само еден.
Ама пријателе со среќа нека ти е можеби ќе те сака повеќе од мене