Ваша поезија!

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Nokva zaspivam

Nokva razmisluvam za tebe
Nokva slusni go
placot vo srceto
gnevot vo oslzava
besot vo dusata.
Nokva pocustvuvaj gi
moite molitvi
zagubeni nadezi
sonista i kopnezi.
Nokva zvezdite se pobrojni
kako dokaza na mojata taga.
Nokva mesecinata place so mene
zasto nema koj da me tesi
Nokva pokratka e
zasto dusata patuva
kon eden nov svet
NOkva poslusaj gi
moite posledni zborovi
zasto samo uste ovaa nok
te sakam

Odmazda

Sposobnost imam za odmazda
toa e dobroto
no smelost nemam
toa e losoto
Misli imam
toa e dobroto
usta nemam
toa e losoto
Snaga imam
toa e dobroto
Dusa imam
toa e losoto
Da se boram so nepravdata?
Koga do mene e pravdata
Da placam za gresnite sfakanja?
NO kako, solzite mi pobegnale.
Da vikam
No kako, koga onemev.
Da se samoubijam?
Kako, koga oruzjeto mi go zedoa.
Ne e vazno sto vleguva vo ustata na covekot,
tuku sto izleguva od nea.
Moite usi mnogu slusale
no ustata nisto ne izgovori.
Bidejki mojata usta se sakmeni
i se pretvori vo mraz
od studot sto vleguvase vo nea
Toa bese studot na lugeto.

P.S pesnite ne se od mene napisani.Se nadevam ke vi se dopadnat
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
глава...
те боли.
ја сакаш
без неа си ништо
костур
уште еден костур
 
С

Сатори

Гостин
Секс игра

Величенствено е да и се одземе невиност на девица,
да и се допрат за прв пат нозете,
да се почувствува свежината на градите
и на кожата,
која пред тоа не припаѓала,
никој врз неа не дишел,
не бакнувал,
не оставал свои траги.
Тоа го мисли и волкот за јагнето,
бело е и наивно,
колку е вкусно тоа месо,
младо, ровко.
И ја гледаш како цвет во дивина,
како цимет меѓу стари зачини
изгледа како убавица од добра позната бајка,
и сакаш да ја соблечеш,
да ја потпреш на ѕидот,
да ја имаш.
Кутриот ти,
кога сексот нема да биде само добра игра,
а таа ќе се навикне на играње!
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
Лејди Сатори напиша:
Величенствено е да и се одземе невиност на девица,
да и се допрат за прв пат нозете,
да се почувствува свежината на градите
и на кожата,
која пред тоа не припаѓала,
никој врз неа не дишел,
не бакнувал,
не оставал свои траги.
Тоа го мисли и волкот за јагнето,
бело е и наивно,
колку е вкусно тоа месо,
младо, ровко.
И ја гледаш како цвет во дивина,
како цимет меѓу стари зачини
изгледа како убавица од добра позната бајка,
и сакаш да ја соблечеш,
да ја потпреш на ѕидот,
да ја имаш.
Кутриот ти,
кога сексот нема да биде само добра игра,
а таа ќе се навикне на играње!

...she was the britest star of them all
...a pearl that i found into the deepest oceans...a virgin girl...
she was a dream come true,a virgin girl...
she has the stars in the place of her eyes...a virgin girl
...and the more i go inside the more there's to see...
...tenderness...

I've never had it before
a sight of an Angel
and i felt i was floating downstream...
all i felt was a pure delight.
 
С

Сатори

Гостин
Ќе те чекам

Можат да ми земат се што имам,
да продадат се што е мое,
слободно,
се им давам
се ќе им потпишам, љубов,
ама тоа што до крајот на времето ќе те чекам,
тоа и да сакаат не можат да си го присвојат.
Колку и да се трудат,
колку и планини и долини да ми ветуваат,
и ѕвездите да ми ги донесат за трампа,
се, се е илузија,
ако тоа не е од тебе.
Па годините ќе ги бројам
и секоја година плус,
ќе бидам посреќна,
затоа што те чекам толку долго,
затоа што сум само твоја
и ничија.
Ќе те чекам,
ќе те чекам дури и крајот да биде само мој и осамен.
 
С

Сатори

Гостин
Никој не знае

Јас не постојам,
јас не живеам, не дишам,
ако ти не постоиш,
ако ти не живееш, не дишеш.
Зошто никој не знае,
најмалку ти,
зошто постојам,
зошто живеам,
зошто дишам.
Никој не знае
дека без тебе умирам.
 
С

Сатори

Гостин
Ти се предавам-твоја сум!

На судниот ден,
пред олтар и со златен крст во левата рака,
шепот,
молитва.
Плач,
тивок, како на срна,
потиснат,
чуван со години,месеци,денови.
Долг и црн,
фустан,
биран со тешко срце,
кое веќе и не е срце,
преполно со дупки,
со удари од камшик,
камшикот на судбината,
горчлива и туѓа.
Црн вел,
ги крие очите,
не,
дупките од кои синилото истече,
сега има само бело,
тие очи
сега слушаат, а не гледаат.
Уште една пролет,
без маж,
без допир,
без топлина во себе.
Црква,
и свеќи,
ти и јас,
да,
но не и нас.
До крај,
само твоја!

За единствениот кој сум го сакала, го сакам и ќе го сакам!
За Д!
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Твојата убавина


Твоето лице чисто како утринска роса
само допир од твоето ангелско лице
и сите болки во срцево ми отидоа
далеку во безвременскиот и таинствен простор
кадешто нашата љубов царува
Твоите очи убави и ретки како длабоките небесни океани
што гледаат подлабоко од нив
се протнаа под дното на океанот
и мојат душа таму ја најде и ја погали
ја крена на површината да плови
за да го најде патот до твојата звезда
Твојата коса мека како свила
кога ја галам со моите нежни раце
низ неа се испуштаа таа убава музика на харфа
и таа музика стана дел од мојот ритам во срцево
се вплови во моите вени
и таму остана
врежана до крајот на мојот живот
Твоите усни слатки како шекер што не се топи
тоа диво маче во мене го скроти
го натера да пишува поезија
да те импресионира ко рајска птица
со неговата поезија и рајски танц
да остане таму во небесата
и кога ке се најдат
тие две ретки звезди најсветло ке сјајат
во бесконелниот простор
кадешто се кријат сите тајни и мистерии
а една од нив е најглемата тајна
нашата љубов

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Eagle's question

Those misty mountain peaks
are home now for me
but my home is the deserts sand
or where my restlessness takes me next.

Is the snowcaped mountain tops
or is the arid waterless sand
the place for my final rest
for my troubled, weary soul?

I ponder, yet I almost knew,
I wonder, will I never know?
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Pinning butterflies to the ground
by their wings,
all the pretty once
Feeling her nails dig at the back of my neck.
Too wild for chains
…So she escapes…
Into the forest she runs
in my dreams,
in my dreams she disappears

Faceless person - come back to me
Illusion, illusion.
The wild.
The crazy.
The beautiful.

So near a second ago…
Running at the speed of light
a wild flower caged.
Starving for a breath of the past

разорблејд ај хоуп ју лајк ит
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Пијанистот

Класика во саботната вечер...
уште една ноќ со тебе
љубов моја,
повторно магичниот допир
продира во ова тело.
Многу измешани звукови...
но само ти знаеш
како да го смириш
ова разбранувано срце
кое копнее
да возвратиш со истата страст-
денот кога ќе ги свириш моите ноти.
Знаеш дека сакам кога
доминирам над твојата фигура,
твојата музика,
твојот темперамент.
Безвременоста ја вбризга
во моите вени,
затоа сега му го свирам
Шопен на ѓаволот,
кој од мене купува
еликсир за вечност.
Ти благодарам за
прекрасната вечер...
се надевам,
ќе дојдеш
на состанок со чаша
вино и тажни ноти
како муза
за оваа долга,долга вечер.
 
С

Сатори

Гостин
Razorblade Kiss напиша:
Класика во саботната вечер...
уште една ноќ со тебе
љубов моја,
повторно магичниот допир
продира во ова тело.
Многу измешани звукови...
но само ти знаеш
како да го смириш
ова разбранувано срце
кое копнее
да возвратиш со истата страст-
денот кога ќе ги свириш моите ноти.
Знаеш дека сакам кога
доминирам над твојата фигура,
твојата музика,
твојот темперамент.
Безвременоста ја вбризга
во моите вени,
затоа сега му го свирам
Шопен на ѓаволот,
кој од мене купува
еликсир за вечност.
Ти благодарам за
прекрасната вечер...
се надевам,
ќе дојдеш
на состанок со чаша
вино и тажни ноти
како муза
за оваа долга,долга вечер.
Додека душата ти талка низ трња,
остри како нежност на розови ружи,
тогаш драга,
само тогаш ќе свирам твоја музика,
и на твои ноти ќе заспивам.
Зошто ти си талкач,
кој со себе ја зема и мојата среќа,
игривоста на оганот,
зеленилото на животот.
И повторно плачам
врз моето пијано,
кога доаѓаш со чаша вино во рака,
но без љубов,
само страст...
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Tvojata ubavina

Angelot vo tebe

Angelot sto gulab mi prati taka sramezlivo dojde vo moite race
nezno go pogaliv i baknezi mu prativ
toj poleta so svilenite krila
da mi najde odgovor
na site tajni na mojata pasija kon ljubovta i romantikata
skrieni dlaboko vo korenite na edno prekrasno drvo
koe ti go zasadi za nasata ljubov da raste
besprekorno i nekogas da stigne
daleku do sinoto beskonecno nebo
barajki po besprekornoto nebo
doleta po toa tainstveno devojce
i mirno go prifati i pogali
toa sramezlivo se skri
i koga poleta taa porasna vo fenixot na nasata ljubov
koja kako nego isto
od dnoto sekogas iskaca ljubovta nasa
koja nikogas ne se gasi i plemnee za vecnosta
toj ogan vo tvoite usni gi cekaat moite da se stopaat
taa tvoja ubavina sto sekoj covek kopnee da ja oseti
da ja pocustvuva i od cel svoj sjaj
da pocustvuva deka bil vo pregratkite na nekoj angel
i vo momentot pocuvstuval deka bil vo raj
da ti bese bozicata sto vo mi go pokaza patot do rajot
taa sto na pidejestalot najvisoko stoese
i samo za mojata ljubov misticno gorese
i togas ti na moeto uvce sepotna slatko so nezen glas
sakajki da mi kazes tajnata na ljubovta
i togas site cvekinja i bogovi se svrtea kon nas
da doznaat sto e toa sto mi sepotis
za da otkrijat sto e tajnata na ljubovta
zasto tie se bozestva i ne pocustuvala ljubov
tie se sovrseni i ne pocustuvale ljubov kako nas
gledaat i ne razbiraat zasto nasata ljubov e tolku silna
neunistliva koga se ljubime taa e sila sto ne dvizi nas
i ne tera da se zamislime
deka sme blizu do rajot i do bezvremenskiot prostor
kadesto nasata ljubov caruva
i site zla pred nas gi unistuva
tolku e silna sto
cela ljubov na cel svet
se prefrla vo nasiot pasionen baknez
taa sila sto nov zivot raga
ljubi me nezno i taa nikogas vo voda nema da paga
vo nasiot tanc se krie nasata tajna
poubav od site tanci na prirodata
jas te sarmiram kako rajska ptica
so negoviot rajski tanc
samo kazi go toj zbor
te sakam i cel svet i cel raj
ke znae deka jas i ti se sakame
i na toa mesto kadesto sme se poljubile
od nasata ljubov tolku tainstvena i romanticna
ke izrasnat najubavite cvekinja sto jas i ti sme gi kreirale​
 
С

Сатори

Гостин
Молчаливиот од

Секогаш кога има во позадина добра музика,
тој плаче,
но тоа се солзи кои светот не ги гледа,
зошто тој со нив си ја лечи раната
на левата страна од градите.
И сите мислат дека е чуден,
тој плаче,
така велат зад неговиот грб,
иако никој не гледа,
знак на слабост,
било каква болка.
Но сите знаат,
дека таа го напушти,
си замина,
го остави креветот празен,
за некој помлад,
помлад, помлад, помлад...
И сите знаат,
дека му признала,
дека никогаш не го сакала
и затоа сега сите велат,
тој плаче.
А тој само оди,
оди по својот молчалив пат,
и плаче лековити солзи,
солзите на својата старост.
 

Slatka_Mala

devoid of concept
Член од
15 февруари 2006
Мислења
477
Поени од реакции
11
Spider web

Те создадов јас,
од конци свилени, позлатени...
Те исплетов од морали, правила и топлини,
те створив за од тебе да живеам
и во тебе да тонам,
како мувата фатена во тебе да го барам излезот,
слатко умирајќи во комотноста
а потајно копнеејќи за ТОА,
чие име веќе и не така потајно
го опседнува и бранува моето тврдоглаво срце,
за утре будејќи се во стариот добар круг
со очи изморени и навлажнети
од нечие заминато постоење
да сфатам дека всушност
се е само во мојата глава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom