Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
те нема. сама сум. довикувам. не се огласуваш на моите очајнички обиди за спас од оваа тешка ситуација. и сега што? те немам покрај мене. го бележам денешниов датум како последен ден од мојот среќен живот. ништо веќе нема да биде исто како што беше додека бев со тебе. тогаш животот за мене значеше нешто убаво, а сега значи само темнина...затворена помеѓу четири ѕида. хм. ќе бидам ли јас среќна некогаш. хм добивам одгово. хм. по се изгледа дека не. хм. ако, не ми смета веќе отрпнав ја на тоа... и да свртам нов астраница џабе е. залудно е знам.
и затоа мило мое сега ќе ти кажам едно големо збогум, но само за кратко, знам дека повторно ќе те сретнам во моите сни...ти си и ќе останеш мојата најголема љубов...вечно...
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Се` на се` кога ќе собереш и одземеш,помножиш,поделиш ќе остане само едно големо ТЕ САКАМ и МИ ЗНАЧИШ и едно САКАМ ДА СУМ СО ТЕБЕ!:back:

п.с. Се сеќаваме ако сакаме,забораваме ако можеме...:toe:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Се` на се` кога ќе собереш и одземеш,помножиш,поделиш ќе останеш само ти,191531..
Не ме бива математика, не требаше да ме тераш да бегам 7ми секоја Среда.


Шта се мени тиче, спремен сум (мислам) на променава. Тоа е, немам многу избор, кога ќе ме гушнеш (посилното) и ти ги осеќам градите се топам. Не, озбилно. Не ми се фрла година без 18 дена за глупости. Те сакам.

Очекувај перверзна порака! (се надевам не си заебала мобилниот во дневна или слично американско_тинејџерско_wannabe-comedy_филмско сценарио)

:back: :drk::pipi::kesa::smir:
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Еј!
Случајно ко ја читав последнава порака шо ми ја прати, се појави насмевка на моево лице. Замисли, толку бев задлабочена (во последната реченица) шо после 7 секунди и 69 стотинки ја забележав. Srsly. Нека бидет благословени 100x-те минути шо ги иаме потрошено засега со вреѓање, дерење, плачење, смеење, зае*упење и изјавување silly лав, а мајке ми и непреспаните ноќи.
Не дека сум безгрешна јас, а ти уште помалку не си Св. Димитри, ама благодарна сум му на Бога шо ми пружи едно вакво лошо, дебилно, убо и мило створење ко тебе.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
bio si mi ljeto zima, sve sto srce zna da ima... bio si mi noc i dan sad bez tebe moram znam........
знам дека морам а и сум без тебе... но ништо страшно, барем не дозволувам тагата да навлезе толку многу како и претходниот пат, едноставно сега е премногу се или беше премногу се... како и да е човек на се се навикнува, како што навикнав на лошо со тебе сега се навикнувам на убаво и дури чудно мие... но полесно е човек да се навикне на убаво отколку на лошо...
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
And it feels like joy, and it feels like pain. And it feels like sunshine, feels like rain. An excuse for dying, reason to live. And if you don't know, that's what love is. It's you! And fuck carrots!
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Somebody told you how much i love you,how much i love you,how much i love you...:music2:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Уххх прекрасен ден, поминат покрај тебе. Ручек, кафе, прегратка. Не можам да најдам соодветен збор за да ти го опишам денов. Можеби "совршено", но пак е повеќе од тоа. Под слабата жолтеникава светлина евоцирање спомени и слики од детството на неколкуте мали перници, изведување и правење глупости заедно, кои многу значат. Прееска ти реков "За ова се живее" и секогаш ќе го повторувам, зашто од секогаш сум го мислел тоа. Се живее за љубовта, за допирите, за бескрајните бакнувања. Се живее за секој момент поминат со тебе. И секако, ти благодарам што и во овие тешки моменти за мене, ми даваш подршка исполнета со љубов. Те сакам :back:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Што фино си живеевме заедно.
Јас, ти и црвчињата :)
Те сакам!
Скроз.:back:
 
T

TaMчЕ

Гостин
Уште на почетокот имав напишано текст за во темава...но не се осмелив да го напишам!многу нормално пошо сум кретенка која се срами и се сомнева во сите и нивните чувства!:( Сакам да имав храброст вчера се да ти кажам и кога седеше до мене едноставно да се свртам и да признаам што осеќам...но не се осмелив,плашејќи се дека ќе бидам повредена/понижена ни сама незнам што...:(
Сакам да го знаеш она што го осеќам кон тебе па затоа мислам дека ова е најпаметниот начин да ти кажам...пошо незнам дали ќе имам друга шанса...и нормално тоа е по моја вина:tapp::(
Никогаш во животот не сум се осеќала вака...со секој збор на мсн и секоја песна правеше да се осеќам ко посебна личност на светов!Уште не знаев како изгледаш...но сепак нешто во мене ме тераше да те имам во мислите 24/7!
Незнам како се чуствуваш(или си се чуствувал порано:() и баш поради тоа уште појше се кочев во се!Се изгледа многу полесно вака и преку мсн...но во живо не е така,а поготово за некоја глуперда ко мене која коа ќе те види и запира здивот и се усрамува цела и чека да тргнеш ти!:tapp:Лелеееееееееее никад нема да ја забораам грешкава шо ја напраив...али ае викаат од грешките се учело..но сепак многу боли!сакам да можам да го вратам времето и едноставно да те гушнам најсилно и никад да не те пуштам! :place:
Али јбг :toe: само знам дека ако имам друга шанса има да ја искористам максимално и има тоа срамот у...да си го начукам и све да ти кажам(ако уопште ти осеќаш нешо )...Ете така ова е краткото шо сакам да ти го кажам пошо уше на почетокот имав реферат на кој сите се дивеа али не го постирав!:uvo:и сеа осеќам дека е правиот момент за ова! Сеа моментално седам онака депресивна ко пообичај :uvo:..ги слушам песните од Тоше и си навраќам прекрасни моменти со тебе!мило ми е шо те запознав и шо имав прилика баш од тебе да дознаам како изгледа да сакаш најискрено некого!ТЕ САКАМ ГОЛЕМКО! :cry:
 

Божана

Morning sun
Член од
17 август 2009
Мислења
226
Поени од реакции
111
Знам дека сум крива што ја донесов нашата врска во ваква состојба.Сакам да знаеш дека ми жал многу повеќе отколку што мислиш.Ми значиш премногу и не сакам да те изгубам.Ќе направам се' за се да биде како порано или слично на тоа...
Извини!!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Време е да размислиш што правиш во животот и до каде ја сведуваш нашата врска и комуникација.
И малце да се потрудиш да не ставиш нас на прво место ко за промена.

miss ya Кејт...
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
сама сум. под отворено небо. секоја ѕвезда ја покажува мојата желба да бидам со тебе. милно и тивко те барам , а те наоѓам само во моите сни.
затворам очи, го слушам само тивкото ветре, го осеќам на мојата кожа исто како што го осеќав твојот нежен допир. почнувам да ги осеќам твоите усни, ме бакнуваат. ах почнав да го осеќам и целото твое тело врз моето, ме допираш, ме бакнуваш страсно...отворив очи. силен бран од езерската шир плисна на брегот. ме врати назад во реалноста.
извикав те сакам. како ехо ми се врати назад, само мојот глас се слуша...ах каде ли си мило мое. зарем езерската длабочина те скрила?
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
не не не те сакам ја те обожавам, штом си покрај мене наудрен се правам, да да да си моја од радост ќе шизнам, не знам дал ќе можам да ти признам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom